Големиот Кањон, САД
Станува збор за еден од најдлабоките кањони во светот (1600 метри).. Се наоѓа во Колорадо, Аризона. Неговата должина изнесува 446 километри, а ширината варира од 6 до 29км.
Големиот корален гребен, Австралија
Големиот корален гребен е најголемиот морски гребен во светот кој содржи околу 3000 посебни корални гребени, 1000 острови и е долг околу 2500 km. Се наоѓа на североисточниот брег на Австралија. Големиот гребен е признат и вклучен во УНЕСКО како светско природно наследство во 1981. Ова е една од најголемите туристички атракции во Австралија.
Кејптаун, Јужна Африка
Многумина го опишуваат овој град како "рајот на земјата". Кејптаун е третиот најнаселен град во Јужноафриканската Република. Поради својата географија, Кејптаун е често окарактеризиран како еден од најубавите градови во светот.
Таџ-махал, Индија
Таџ Махал се наоѓа во Агра (Утар Прадеш – Индија), на 204 км јужно од Делхи. Како надгробен исламски споменик, започнал да се гради во 1631 година, а бил завршен 22 години подоцна, во 1653 година. На неговата изградба работеле 20 илјади работници со илјада слонови. Тој целосно е изграден со бел мермер, кој бил носен од цела Индија и централна Азија.
Карпести планини, Канада
Карпестите Планини се планински масив во Северна Америка. Се протегаат во Канада и САД. Познати се уште како Северни Кордилјери. Прекрасен спој на езера, кањони, водопади, пештери... И Карпестите Планини се наоѓаат на листата на УНЕСКО како светско природно наследство.
Мачу-Пикчу, Перу
Мачу Пикчу ("стариот врв") понекогаш е нарекуван и како "изгубениот град на инките". Мачку Пикчу се наоѓа во Куско, Перу и е едно од седумте светски чуда на новиот свет. Во 1983 година од страна на УНЕСКО локацијата е прогласена за светско наследство и била опишана како „апсолутно ремек-дело на архитектурата и уникатен сведок на цивилизацијата на Инките“.
Пирамидите во Египет
Египќаните започнале да ги градат пирамидите околу 2700 г. п.н.е, како гробишта за фараоните. До ноември минатата година, откриени се вкупно 118 египетски пирамиди. Пирамидите се една од најголемите светски мистерии, затоа што никој сеуште не знае точно како се изградени.
Петра, Јордан
Петра е напуштен древен град во денешен Јордан. Се наоѓа на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон Газа на запад, Бостра и Дамаск на север, Еилат на Црвено море и Персискиот залив од другата страна на пустината. На 6 декември 1985 Петра е вклучена во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Петра е едно од новите седум светски чуда.
Големиот Кинески Ѕид, Кина
Во денешно време, Кинескиот ѕид претставува најголема туристичка атракција во Кина, па и во светот. Туристите од целиот свет ја рангираат на првото место според бројот на посетеноста. Со основањето на Народна Република Кина беа преземени мерки за заштита на ѕидот. Тој е поставен под заштита на државата во 1961 година. Во 1987 година е внесен во списокот на УНЕСКО. Кинескиот Ѕид е една од постоечките мегаструктури и најдолгата структура изградена од човекот, протегајќи се од преку 6,400 km на исток до Лоп Нур на запад. Тој е и најголемата структура конструирана од страна на човекот. На 7 јули 2007 гoдина Кинескиот ѕид е прогласен за едно од новите седум светски чуда.
Игуазу водопади, Аргентина
Водопадите на реката Игуазу ја формираат границата меѓу Аргентина и Бразил. Тие се најголемите водопади во Јужна Америка и секоја година привлекуваат околу еден милион посетители.
