Лига на Шампиони 2009-2010

SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
Што не ке видиш .:nesvest:
 
B

boki10messi

Гостин
Шо, бе сега, росоњери? Не ви е по ќејф? (И мене не ми е, ама правам камуфлажа:vozbud::vozbud:)
 
Член од
21 април 2008
Мислења
267
Поени од реакции
130
да прашам нешто за лига на шампиони..

кога ке заврши ова осмина финалето има ли пак ждреб или се знае веке кој со кој ке игра у четврт фин ???
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.767
да прашам нешто за лига на шампиони..

кога ке заврши ова осмина финалето има ли пак ждреб или се знае веке кој со кој ке игра у четврт фин ???
Пак има ждреб за 1/4 финале..и право ќе има и за 1/2 финале..

пр. Победник 1 - Победник 4
Победник 2 - Победник 3
 

Commandos

Ultras
Член од
12 декември 2009
Мислења
23
Поени од реакции
5
Боби[Мкд];3221467 напиша:
Ај и ја да ги искористам моите моќи...:icon_roll:

1/8 finals
Olympique Lyonnais-Real Madrid CF
AC Milan-Manchester United FC
FC Porto-Arsenal FC
FC Bayern München-ACF Fiorentina
VfB Stuttgart-FC Barcelona
Olympiacos FC-FC Girondins de Bordeaux
FC Internazionale Milano-Chelsea FC
PFC CSKA Moskva -Sevilla FC

1/4 finals
Manchester United FC -FC Girondins de Bordeaux
Sevilla FC-FC Bayern München
Arsenal FC -FC Internazionale Milano
FC Barcelona -Olympique Lyonnais

1/2 finals
FC Barcelona-FC Internazionale Milano
FC Bayern München-FC Girondins de Bordeaux (payback time:))

final
FC Bayern München-FC Internazionale Milano



FC Bayern München
* * * * *

:bayern:



Баерн ги отпадна Јувентус и сега директ во финале... :pos2::pos2::pos2::pos2: Да не ве стрела со ножици Alberto Gilardinho??? :vozbud:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
Ај на скоро една недела до почетокот на новите возбудувања од ЛШ да си пишам и јас коментар што мислам за сите натпревари. :)

Штутгарт - Барселона

Ова мислам дека е најлесниот натпревар за типување. Штутгарт е далеку од формата во која играше минатата сезона, лошо играат и во Лигата на шампионите, додека пак Барселона си гази и понатаму. Потоп на Штутгарт во овој натпревар, друго не знам дали може да се очекува.

Олимпиакос - Бордо

Олимпијакос стигнаа до тука само затоа што имаа прелесна група. Единствен тежок противник им беше Арсенал, другите два тима беа без никакво искуство во Лигата на шампионите, и мислам дека тоа беше пресудно. Бордо пак неочекувано ги збриша Јувентус и Баерн, и очекувам така да продожат и во овој натпревар, и лесно да стигнат до победата против Олимпијакос.

Интер - Челзи

Е ова е дефинитивно најнеизвесниот натпревар во оваа фаза. Интер доколку сака да оди понатаму, ќе мора на Џузепе Меаца да нападне уште од првата минута, а не да се брани како со Барселона. Челзи пак сигурно таму ќе отидат за да ги одбранат почетните 0:0, а на Стемфорд Бриџ ќе ја бркаат победата. Не мора да значи дека ако Челзи не биде поразен на Џузепе Меаца, тие ќе одат понатаму. Мурињо е голем стратег, и знае како да постапи во такви ситуации. Очекувам ептен неизвесни 180 минути, и пласман на Интер понатаму, не за друго, туку заради Пандев. :)

Баерн - Фиорентинa

Кога беше ждребот, искрено Фиорентина ми беше еден од посигурните тимови кој ќе поминеше во ова осминафинале. Но како измина времето, формата на Фиорентина оди во надолна линија, додека пак Баерн имаат фантастична серија во германското првенство, + за овој натпревар во целост би требало да биде спремен и Рибери, така да очекувам лесен пласман на Баерн понатаму.

Цска - Севиља

Севиља во групите прикажуваа една добра, брза и динамична игра, но во последно време во Примера прават многу киксови, а имаат повредени и неколку важни играчи. Ако успеат да се одбранат во Москва, и да не примат гол, мислам дека тие ќе бидат патниците во четврт-финалето. Доколку бидат поразени во Москва, макар и со еден гол, може да се збогуваат со ЛШ.

Лион - Реал М.

Многумина очекуваат навидум лесна победа на Реал, но јас не мислам така. Реал години наназад имал лесни противници, кој биле во никаква форма се до тој меч, па не успеале да триумфираат. Доколку Реал сака конечно да го помине осмина-финалето, ќе мора да оствари добар резултат уште во првиот натпревар. Во спротивно, ќе им биде многу тешко на Бернабе кога ќе треба да бркаат резултат. Како фан на Реал типувам дека тие ќе одат понатаму, време е да се помине осмина-финалето, а и располагаат со многу подобар играчки кадар од оној на Лион.

Порто - Арсенал

По двата порази во двата дерби натпревари, формата на Арсенал се влошува. Очекувам токму овој натпревар да биде пресвртница за нив. Порто ми се чудна екипа, не знам како воопшто стигнаа до тука, така да очекувам Арсенал уште во првиот натпревар да го реши прашањето околу патникот во четврт-финалето.

Милан - Манчестер Ј.

Манчестер ја покажа својата големина во последните натпревари, додека пак Милан направи неколку недозволливи киксови во Серија А со слаби противници. Ако ја гледаме формата на двата тима, Манчестер во предност, но лавот е најопасен кога е ранет, го видовме тоа во натпреварот со Реал Мадрид, па така очекувам изненадување од страна на Милан, и нивен пласман понатаму.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Милан - Манчестер Ј.

Манчестер ја покажа својата големина во последните натпревари, додека пак Милан направи неколку недозволливи киксови во Серија А со слаби противници. Ако ја гледаме формата на двата тима, Манчестер во предност, но лавот е најопасен кога е ранет, го видовме тоа во натпреварот со Реал Мадрид, па така очекувам изненадување од страна на Милан, и нивен пласман понатаму.
Изненадување ќе биде ако Ман Ј. оди понатаму :toe:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.767
Изненадување ќе биде ако Ман Ј. оди понатаму :toe:
:pos2::pos2::pos2:

ЛОЛ???

Според мене,кој и да иде понатаму нема да биде изненадување,пошто и двете се големи екипи,па нема некој посебен фаворит..
 
I

InF3cTeD

Гостин
Баерн ги отпадна Јувентус и сега директ во финале... :pos2::pos2::pos2::pos2: Да не ве стрела со ножици Alberto Gilardinho??? :vozbud:
Без возбудување...ќе дојде натпреварот па ќе видиме кој каде ќе стрела...нема потреба од провокации...да не плаче некој после,затоа топката на земја и ако имаш нешто друго кажи а не да се провоцира...

Поздрав
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Изненадување ќе биде ако Ман Ј. оди понатаму :toe:

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Ова е озбилна тема не е хумор.
Милан во моментов е дрво спрема Манчестер ако глеаме по форма.Исто и како претходниот пат Милан кога изгуби од Интер паднаа ептен во форма али се дигнаа во воздух по победата над Реал Мадрид.
Али ова не се групи не може да се кикснува..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom