Времето и условите се такви за да налагаат остварување на сите човечки права...за жал поднебјето не е такво и сите сме за во бестрага...јас мислам дека во основа народот тука е добар и луѓето не се лоши, единствено недостига храброст за да се отфрлат сите срања кои се сервираат од политичари и медиуми и да исплови на површина човечноста...Меѓутоа се плашам дека работите никогаш нема да се оправат, барем не овде...федерализација ќе доведе до закрвување, исто така и овој вештачки створен соживот не е којзнае што..ако не си ја сакаме државата и знамето подеднакво барем да ја почитуваме подеднакво..треба сите заедно да си веруваме еден на друг...незнам дали е тоа можно...
A ќе може ли едно искрено мислење од некој член Албанец на форумов?.Нема врска со темата ама има врска со нешто друго многу побитно- подготвеност за прифаќање.
Замислете си дека имате сестра и дека таа сака дечко од спротивната страна и дечкото ја сака неа(морам да ја наречам „друга страна“ зашто стварно постои голем проблем околу тоа „наши“ и „ваши“), дали вие и вашето семејство би се помириле со тој факт и ќе ја пуштите да си го сака и да биде со него, или ќе и забраните и ќе и се заканите дека ќе ја избркате од дома доколку таа ве убедува дека сака да биде со него?...
Одговорот во 99% од случаите го знам..ама сакам сепак да прочитам искрено мислење...Преовладува личниот срам и страв или преовладува срамот и стравот од околината?...кога ова нема да биде забранета тема и за двете страни, тогаш ќе нема никакви проблеми..ни политички, ни државни, ни верски...никакви