5 граматички грешки кои ги правите најмалку еднаш неделно (и не сте свесни за тоа)

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една многу честа грешка.
Така да . Таков израз не постои во македонскиот јазик, туку потекнува од српскиот. На македонски е така што.
 
Грешкиве се правописни а не граматички. Инаку, имаше ваква тема, ама ја срозавте вкорен од препукувања и не и` ја запазивте поентата. Отворена беше од Марко МЗТ.
 
Интересно. Се пронајдов во 2-3:kesa:
Инаку, сврзникот „али“ исто така не е македонски збор. :)
 
Eве неколку од мене :)
Којшто, којашто, коишто СЕ ПИШУВААТ ЗАЕДНО
Се уште - Ова до пред неколку месеци немав поим дека се пишува вака искрено
А и уште една честа грешка којашто ја гледам често по интернетов НАЈ ЈАК, НАЈ ДОБАР итн. Е не можам кога ќе видам дека одделено ги пишуваат!!!

На други не се сеќавам моментално... :)
 
Ај да прашам дали е правилно Отценување или Оценување, Отценка или Оценка.
Порано беше оценка, сега се повеќе (дури и новинари) користат оТценка. Дали е сменето нешто?
 
Ај да прашам дали е правилно Отценување или Оценување, Отценка или Оценка.
Порано беше оценка, сега се повеќе (дури и новинари) користат оТценка. Дали е сменето нешто?

Оценка , без т ...

Пола новинари се неписмени, слушај ги само вести како читаат, ко вторачиња да се, секако со чесни исклучоци ама повеќето од нив немаат завршено новинарство а тоа им е професија ...
А новинарство е еден од потешките факултети, искача дека некој за џабе го учи кога пред него е вработен некој со шумарски ...
 
Оценка е. Оценување.

аха... и дефинитивно е поддршка, а не подршка.

И веќе одомаќен е зборот еВалвација, а не евАЛУација. (проценка не е синоним)

А што прави наставникот? Подучува или поучува?! а?

Eве неколку од мене :)
Којшто, којашто, коишто СЕ ПИШУВААТ ЗАЕДНО
Се уште - Ова до пред неколку месеци немав поим дека се пишува вака искрено
А и уште една честа грешка којашто ја гледам често по интернетов НАЈ ЈАК, НАЈ ДОБАР итн. Е не можам кога ќе видам дека одделено ги пишуваат!!!

На други не се сеќавам моментално... :)

зарем навистина е се уште?!?
 
Оценка е. Оценување.

аха... и дефинитивно е поддршка, а не подршка.

И веќе одомаќен е зборот еВалвација, а не евАЛУација. (проценка не е синоним)

А што прави наставникот? Подучува или поучува?! а?



зарем навистина е се уште?!?

Подучува ....:wink:

Се уште, со цртичка над '' се '' ...
 
Фала дечки, многу го користат ова па мислев да не испаднало ново правило, сега сум на сигурно дека е се по старо :)
 
Дефинитивно треба да се вработат лектори по телевизиите.
Читам атмосвера :uvo:, безкрајно , свати,прецедател и низа други грешки
 
Е за таа работа Бранка Станковска и еден спикер (му го заборавив името) беа навистина нешто, да ги слушаш како акцентираат, како намалуваат и зголемуваат брзина, боја на глас...навистина за уживање и почит. Имаше уште неколкумина од поновите генерации, но овие беа за паметење.
 
Многу често "Го прашав на Трајан" или "Ја прашав на Трајанка"

Му го прашал на Трајан или...и ја прашал на Трајанка? :wink:

Честа грешка која остана неискоренета.
 
Е за таа работа Бранка Станковска и еден спикер (му го заборавив името) беа навистина нешто, да ги слушаш како акцентираат, како намалуваат и зголемуваат брзина, боја на глас...навистина за уживање и почит. Имаше уште неколкумина од поновите генерации, но овие беа за паметење.
Toj so cvikerite neli?
So merak da go slusas...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom