@jamajka
sekako deka ima partii na koi im odgovara gragjanska vojna i nikakva vrska nema dali tie bile na vlast ili ne,vazniot moment tuka e koja e cenata odnosno sto bi bila pricinata i uste povazniot moment koj bi poentiral najmnogu i celata takva situacija bi ja iskoristil za golema siptarija or something in that direction.golemiot problem e sto ne sme u drustvoto kade sto site si se druzat pa zatoa i site mozni varijanti se otvoreni.
Во моментов нема етаблирана партија во Македонија (па ни со Албански предзнак), на која и одговара неконтролиран конфликт, или во најмала рака хаотична состојба на безвластие. Моментот е поинаков, случувањата во последните 18 години ја полнат чашата, а смената на името ќе ја прелее. Приказните дека тоа не важи за мирниот и трпеливиот Македонски народ се приказни кои треба да донесат апатија. Што се однесува до заканите од Албанскиот блок, па и плашењето од типот „Албанофобија“, кое пред се произлегува од Македонскиот блок партии и му влева на народот страв и омраза, овој пат нема да помине. На народот му е преку глава од тие закани, и ништо не постигна со толеранцијата. Таа толеранција е злоупотребена и веќе ни се качени на глава.
Згора на тоа во структурите на членството и активистите на владеачката партија, има критична маса, која е против промена на името. Таа критична маса е всушност сржта на ДПМНЕ. На водството мора да му е јасно дека таа срж пред се во своите срца ја има Македонија, и нема туку така да помине преку продажба на нешто за кое реки крв се пролеале.
vtorata rabota za koja se lazesh e deka Grcija nema problem so imeto Makedonija,tie vprocem zaedno so prestavnicite od evropska unija si igraa majtap za pismata vo koi Grujevski se zalese za odzemenite imoti koj gi prakase po funkcionerite vo EU,pa zatoa i odgovorite koi gi dobi bea da se simne na malku ponisko i da pregovara za imeto,sto znaci problemot so imeto ne e farsa za nekoj drug skrien motiv,a za moznnata promena na imeto i nekakvi si poseriozni turbulencii... hah ako sakas da vidis koj do kade bi doturkal samo podsetise na negovoto minato ne e tolku komplicirano.
Проблемот со името е поставен врз некои други проблеми. Поставувањето на овој проблем од страна на Грција, не е ништо друго туку промена на стратегијата во даден момент (крајот на 80-тите). Значи 3 егзодуси на Македонското население од кој најпознатиот е тој од 49 и силната анти-Македонска пропаганда која е спроведувана од 1949, не помогнаа многу Грција да ја голтне таа кнедла, што ја нарекуваме Егејска Македонија. И ден денеска се присутни 2 центри на моќта во Грција (Солун и Атина). И ден денеска е присутна јасна диференцијација на народот од Југот и Северот. Тоа е најилустративно изразено преку навивачките групи од Солун и Атина кои во меѓусебните дуели се нарекуваат (Вулгарос и Цигани), секако ако ја имаш во предвид навредувачката цел, можеш лесно да заклучиш кој би се вреѓал од зборот „Вулгарос“.
Значи Грците се свесни, дека со интегрирање на Македонија во Европската унија, ќе се отворат природните рути, на географската целина Македонија. Ќе се шират идеи, а со тоа диференцијацијата меѓу југот и северот се повеќе ќе расте, а од спротива ќе се случува приближување на народот од Егејот и Вардарот. Згора на тоа тука е и проблемот со имотите, кој дополнително им ја комплицира ситуацијата на Грците. Затоа Грција тешко дека може да дозволи влегување на Македонија во Европската Унија под било кое име. А следствено на тоа,
промена на името во било која форма, нема да ни гарантира влез во ЕУ, исто како што не ни гарантираше и привремената референца (иако на хартија не е така)
Ситуацијата на Грците е на многу незавидно ниво, иако во моментов не изгледа така. Обичните луѓе сеуште неможат да видат како ние претставуваме закана за Грците, но тоа е факт.
Затоа новата стратегија (последните 20тина години) на Грција се движи во правец на обид на правење доференцијација на луѓето од Егејот и Вардарот. Под тоа се подразбира, понижување при издавање на визи и при летување и шопинг во Грција, пробување да се присвои терминот Македонија иако до пред извесно време беше забрануван. Но за среќа подршката на народот за оваа политика во Грција опаѓа. Ако во протестите од раните девеести години во Солун излегоа над 1 000 000 луѓе, на протестите пред една година излегоа едвај 10 000. Тоа ја става грција во уште понезавидна положба, дека проектираната фанатичност кај народот исчезнува.
Истовремено кај нас подршка за името има се повеќе и повеќе. Здравата мисла, колку и да се маргинализираше последните 18 години, сепак се повеќе и повеќе се шири. Народот се повеќе и повеќе се буди, а евтините прикаски се потешко и потешко проаѓаат.