Формирање на македонска политичка нација. Реалност или сон?

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Би сакал да продискутираме околу можноста за формирање на македонска политичка нација која би се засновала на еднаков (или процентуален) удел на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и да се изгради македонски модел на американската нација, која би делела иста култура, вредности, јазик и чувство за припадност. Македонскиот модел по примерот на американскиот (или швајцарскиот) би понудил решение на националистичките и сепаратистичките пројави кај дел од албанското население кое поради одредено незадоволство од правата и положбата во РМ повеќе се идентификува со Албанците во Албанија и Косово (како и самите држави). Македонската политичка нација составена од Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати етнички заедници (делови од народ) во РМ би била силен одговор на злите јазици кои се обидуваат да ја раскинат и раздробат територијалната целовитост на Република Македонија.

Е сега би упатил неколку прашања:

1. Дали сметате дека македонското општество моментално или во некои идни (подобри) денови е (или би било) зрело за ваков процес на здружување (кој се разбира би бил постепен, но долгорочен)?

2. Дали Македонците повеќе ќе изгубат отколку што ќе добијат од формирањето на македонската политичка нација (составена од горенаведените етноси)? Со други зборови, дали Македонецот ќе го изгуби идентитетот во таа мешавина од етникуми, вери и различни култури?

3. Дали формирањето на македонска политичка нација ќе доведе до долгорочна стабилност и безбедност на територијата на Република Македонија и ќе стави крај на меѓуетничките конфликти во нашата држава?


Мое мислење е дека овој концепт (доколку реално би се остварил) е подобро решение, односно замена за широките апетити на албанското население кои одат до бинационална држава, менување на устав, знаме, грб, химна, федерализација, па и можност за сепаратизам, односно отцепување на пределите населени со мнозинско албанско население. Преку влегувањето во македонската нација, "етничкиот Албанец би станал политички Македонец." (позајмено од Денко Малевски)
Културниот плурализам во Македонија во изминативе години, покрај можноста за слободно политичко (верско, културно и сл.) изразување донесе и зголемен раст на национализмот и меѓуетничките тензии. Можеби културното зближување на етносите ќе доведе до поголема толеранција и разбирање, но и сплотеност во однос на клучните прашања за Македонија.

За крај, дали мислите дека формирањето на политичка нација е (нај)добра алтернатива за спречување на евентуалната радикализација на меѓуетничките конфликти во иднина, посебно меѓу македонскиот и албанскиот фактор?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
самоубиствена идеја :toe:
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Spasuvacka i progresivna ideja. :toe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Вракjaне назад во времето во почетокот на 20 век,но това ке стабилизира државата и региона.Само един минус може да има-РМ е мала држава,а този принцип е наjдобар за поголеми држави.
Радвам се дека некоj достигна до таква идеja.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
A бинационалната држава или федерацијата е подобро од тоа? Сегрегацијата и паралелните светови се подобри?
која бинационална која федерација не бладај ти се молам ....
 
F

FilipMacedon

Гостин
Чисто се сомневам дека Албанците би се согласиле на ова
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Би се согласиле доколку им се понуди добар економски пакетет, кој ќе им биде од интерес.

И нормално, да се вложи во образованието, за да не бидат манипулативна маса за радикалните политичари.

Меѓутоа Косоварите кои дојдоа за време на војната во Косово, треба безприговорно да ја напуштат земјава и да им се одземе државјанството.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
250
Поени од реакции
19
nekoj izmesal poimi

drzavjanstvo se vikat to , i vekje postojt, kako ke izmislis ili naprajs neshto sho vekje go imat? :toe:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
која бинационална која федерација не бладај ти се молам ....
exlexmk, прочитај јас зборувам за формирање политичка нација како противтежа на заложбите на албанските политичари кои отворено зборуваат за бинационална држава или федерација. Последен пример беше Руфи Османи. Јас ти кажувам дека политичката нација би можела да биде добра алтернатива на се пожестоките и поекстремни барања од албанска страна.

П.С. Зошто никој не се потруди да даде свој став (одговор) на трите болдирани прашања?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Секоја помисла за формирање политичка нација е рамно на самоубиство.Ни една политика не смее да има премногу допирни точки со нацијата зошто на тој начин се влегува во фашизам и едноумие од кој потоа тешко се излегува.:toe:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Секоја помисла за формирање политичка нација е рамно на самоубиство.Ни една политика не смее да има премногу допирни точки со нацијата зошто на тој начин се влегува во фашизам и едноумие од кој потоа тешко се излегува.:toe:
Дури и по американски или швајцарски терк?
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
И таму нациите не се со политички предзнак,егзистираат токму врз политички разлики.:toe:
Да, меѓутоа и тие се создадени по принципот на котел на мешање, каде во доминантната американска култура се слеани сите култури и вредности на најразлични групи луѓе со најразлично верско, културно, етничко, расно потекло. Сите се различни, а сепак сите се пред се' Американци. Нивната цел е да го живеат американскиот сон, секој на свој начин.
Е сега, Македонија е мала држава, релативно млада и многу кревка демократија. Прашање е дали овој експеримент моментално би успеал. Но според мене, кога САД успеваат да создадат национално единство на 200 народи, зошто ние со голем труд и напор не би создале национално единство преточено во нација на 10тина народи/етнички заедници?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom