Див запад во Струга

  • Креатор на темата oon
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Стружани негодуваат поради урбанистичкиот хаос во градот, за што некои го обвинуваат поранешниот макро Дилавер Бојку Леку, кој е сопственик на хотел во Струга, а за други, виновна е локалната власт

Летни тераси и шанкови во чаршијата и на кејот на реката Црн Дрим, но и несредените плажи деновиве ги пречекуваат малобројните туристи во Струга, пред почетокот на летната туристичка сезона. Додека посетителите се одмораат во сенките на шанковите на кејот, стружани негодуваат поради урбанистичкиот хаос што со години владее во градот на поезијата. Дел од нив за нередот го обвинуваат поранешниот макро Дилавер Бојку Леку, кој е сопственик на хотелот „Блу скај“ во центарот на Струга и на шанковите на градската плажа, а останатите го бранат и вината ја гледаат во државата и во локалната самоуправа. Додека Советот на Општина Струга во исчекување на изборот на претседател на Советот не функционира, струшките угостители и бизнисмени меѓусебните проблеми почнаа да ги расчистуваат со пиштоли.


Летните тераси жежок проблем

Екипа на „Дневник“ беше во Струга по инцидентот во понеделникот, кога полицијата го приведе Леку, откако пукал со пиштол за да го реши имотниот спор со Меџит Цома, сопственик на ТЦ „Цома“.

- Лека избрка десет трговци од кејот и стана газда, а ја узурпира и плажата. Постави секаде маси, а потоа неговиот пример го следеа и останатите угостители. Нареди околу 100 квадратни метри маси со кои навлегува во локацијата на „Цома“, како и на скалите од кејот. Масите и столовите го попречуваат пристапот на граѓаните, но и на возилата за дотур на стока. Во Центарот има 40 дуќани на кои им е попречено работењето. Затоа пред две години, заедно со сопствениците на дуќаните, поднесовме петиција и барање до градоначалникот, до МВР и до Министерството за локална самоуправа да го решат проблемот и дивопоставените маси да бидат отстранети. До сега немаме одговор - вели Цома.Според него, пред да се случи инцидентот Леку му се заканувал нему и на неговото семејството. Барал од него да го тргне градежниот материјал оставен пред Центарот, наменет за реновирање. Вели дека е среќа што никој не бил повреден, иако куршумот завршил во патиката на неговиот син.

- Знам само дека полицијата му поднела кривична пријава за предизвикување општа опасност. Сепак, страв ми е дека ќе се забошоти случајот. Намерата на Леку е да ме избрка одовде, ама јас пред десет години се вратив од Америка за да останам тука. Инвестирав чесно и нема никој да ме избрка. Ако тој се преселил од Велешта во Струга за да води бизнис, нека работи, ама нека не ги плаши сите - вели Цома.По разговорот со Цома, го побаравме и Леку, но тој не беше во градот. Не' пречека неговиот син Ербен, кој ги негираше обвинувањата.

Државата и Општината во спор

- Татко ми реагираше со право бидејќи градежниот материјал од ТЦ „Цома“ беше поставен пред влезот на хотелот. Ако сака некој да влезе во хотелот, ќе мора да скока преку него. Не држат ниту обвинувањата за масите, бидејќи ние имаме поставено маси и столови на кејот пред хотелот и на дел од скалите. За нив уредно си ја плаќаме киријата во Општината. Тие што се пред „Цома“ не се наши - вели Ербен.Тој смета дека на дел од стружани им пречи што неговиот татко работи во градот поради што прават проблем и таму кај што ги нема. Јас сум сопственик и на шанкот и на тобоганот на дел од плажата. Имам договор за купопродажба со двајца стружани, кои беа претходни сопственици на објектите на тој дел од плажата - вели Ербен. Според неговиот адвокат, Гоце Ибушевски, Ербен за плажата ги има сите документи.

- Мојот клиент беше тужен од државата, но откако видоа дека ја имаме целокупната документација, се повлекоа. Земјиштето од 700 квадратни метри сопственост на државата е доделено со корисничко право на Ербен до 2010 година. Тој дел од струшката плажа беше ѓубриште. Многу пари се инвестирани во плажата и поради тоа аплициравме за добивање на предвидените концесии за плажите, со што би го добиле на долгорочно користење - вели Ибушевски. Одговор за состојбата побаравме и во Општината. Оттаму велат дека Советот не работи и поради тоа се во мат-позиција.

- По изборот на претседател ќе има седница на која на дневен ред ќе биде програмата со која ќе се утврдуваат локациите на привремените објекти. До тогаш ќе биде статус кво. Проблемот со дивите шанкови на плажите постои и покрај забраната за секакви градежни зафати додека не се реши судскиот спор меѓу државата и локалната власт за надлежноста на градските плажи. Иако немаме овластување да раководиме со плажите, можеме да правиме инспекција. Сите плажи од детското одморалиште „25 мај“ до хотелот „Евротел“ подлежат на инспекција. Ќе се проверуваат и плажите што имаат дозвола од транспорт и врски и ќе се отстранат сите привремени објекти поставени на нелегален и незаконски начин - вели Зоран Гулицовски, секретар во Општината.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A2A112EF49027948B1A3413BF1007723
 
K

KomitaMKD

Гостин
Добро е да се има тераси ама да се барем малце со осет направени.Кој стигна постави маси на кејот.И не се криви тие што поставуваат, тие можеби имаат дозволи за поставување на шанкови,грешката е кај општината и државата која е максимално неодговорна.Не е проблемот само во Струга.И во Скопје кејот е окупиран од кафулињата а згора на тоа се вршат и градежни работи.
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Џабе е све ова никој ништо не им мојт ќе си градет наредниве 4 години уште појќе ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ова се вика „баравте гледајте„...
Тажно е да се гледа како се уништува Струга...
Во градот во кој може да цвета туризмот владеат локалните мафијаши , секако со аманет од градоначалникот...
Незнам само зошто оваа ситуација немо се прати од државните институции...
Па тоа треба да се апси, а во градот треба да завладее редот и мирот , ако Стружани сакаат да им се вратат туристите...
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ова се вика „баравте гледајте„...
Тажно е да се гледа како се уништува Струга...
Во градот во кој може да цвета туризмот владеат локалните мафијаши , секако со аманет од градоначалникот...
Незнам само зошто оваа ситуација немо се прати од државните институции...
Па тоа треба да се апси, а во градот треба да завладее редот и мирот , ако Стружани сакаат да им се вратат туристите...
Ova vsusnost ti se vika "isti kurac druga dimenzija"..... a vo Struga, a vo Skopje, a vo Ohrid..... :toe:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ova vsusnost ti se vika "isti kurac druga dimenzija"..... a vo Struga, a vo Skopje, a vo Ohrid..... :toe:

Не би рекол...
Како и да е коментарот е истиот, СТОП за УРБАНАТА МАФИЈА, ако сакаме нешто , некогаш да функционира во оваа држава...
Ако има ред во Струмица тогаш треба да има ред и во Струга...
Инаку разликата помегу тоа што се случува во Скопје и Охрид за разлика од Струга и Тетово е тоа што во вториот случај средство за комуникација се ПИШТОЛИТЕ...
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Не би рекол...
Како и да е коментарот е истиот, СТОП за УРБАНАТА МАФИЈА, ако сакаме нешто , некогаш да функционира во оваа држава...
Ако има ред во Струмица тогаш треба да има ред и во Струга...
Инаку разликата помегу тоа што се случува во Скопје и Охрид за разлика од Струга и Тетово е тоа што во вториот случај средство за комуникација се ПИШТОЛИТЕ...
Za prvo boldiranoto: jas bi rekol.

Za vtoro boldiranoto: apsolutno, so tri race potpisuvam.:toe:

Za treto boldiranoto: abe ajde, stvarno? :)
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Овој проблем треба Стружани да си го решат.
Јас не гледам како некој друг освен Стружани и локалната власт во Струга може да има некакво влијание.
Ако ништо друго Струга како општина треба да интервенира. Ако пак Струга како општина не го „гледа“ проблемот, тогаш Стружани треба да реагираат. Ако пак Стружани мислат дека некој во општината е поткупен или присилен да не гледа, тогаш треба да го информираат МВР, каде што МВР би покренало соодветни мерки. Дали казна за рекет и присилно влијание или корупција... ќе се види.

Се друго е вон наши раце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom