Кога врбата ќе роди грозје, тогаш Љубчо и Бранко ќе се под ист чадор, т.е. во коалиција (предизборна или постизборна). Колку и да го мразат двајцата Груевски едноставно тие се премногу спротивни и антагонистички поставени како ликови за да можат заедно да владеат.
Љубчо во Охрид гласаше за СДСМ !
СДСМ со помош на ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски постави свој човек за претседател на Советот на Општина Охрид. Кандидатот на социјал-демократите Душко Јаковчевски, на вчерашната седница, беше избран со поддршка на двајцата советници од ВМРО-НП. По победата на Александар Петрески на изборите за градоначалник, сега локалната власт во Охрид е под целосна контрола на Социјал-демократскиот сојуз.
Иако се очекуваше дека ВМРО-Народна партија ќе застане зад ВМРО ДПМНЕ која има 9 советници, тоа не се случи.
Партијата на Љубчо Георгиевски пред последните локални избори потпиша договор со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник Кирил Трендафилов-Нанче, но сега се одлучи за поддршка на кандидатот на социјал-демократите. Овие случувања во Советот на Охрид се на линија со тврдењата на премиерот Никола Груевски, кој рече дека СДСМ, ВМРО-НП и Обединети за Македонија се во неформална коалиција.
Советникот од ВМРО-Народна партија Јоле Станковски ваквиот потег го правда со образлооение дека партијата за Локалните избори дала поддршка само за кандидатот за градоначалник, а не и за изборот на советниците.
Неофицијално, независно од објаснувањата кои мооеа да се слушнат од говорницата, СДСМ на ВМРО-Народна патија и има понудено неколку атрактивни места во охридските јавни претпријатија. Од тоа зависела поддршката на народњаците".
Во Охридскиот совет СДСМ има 7 советници, ВМРО-НП 2, НСДП исто така 2, ПЕИ 1 советник и двајца се независни, додека ВМРО-ДПМНЕ учествува со 9 советници. Претседавачот на вчерашната седница беше избран со 14 гласови за и 9 воздррани.
Вечер...
Врбата почна да раѓа грозје...
Ќе има циркуси...како само во таква ситуација ќе се снајдат гласачите...