Земјоделците ќе го запалат житото, ама не го даваат по 8 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Како и секоја година.....во ова време.....така и оваа започнуваат маките на земјоделците...

Земјоделците ќе го запалат житото, ама не го даваат по 8 денари

0802620017DC8E428B4D447E6A4A4B05.jpg

Мелничарите прогнозираат дека годинава пченицата ќе се откупува максимум по оваа цена

Поради богатиот род на лебно жито годинава се очекува голема понуда на пазарот на оваа култура, со што автоматски ќе се намали нејзината откупна цена. Во пресрет на новата жетва се' поголем е револтот на земјоделците, кои се закануваат дека ќе го бојкотираат откупот поради најавата на мелничарите оти годинава килограм пченица нема да се плаќа повеќе од 8 денари. Тие потенцираат дека нема да ја продаваат пченицата за помалку од 12 денари и за оваа седмица најавуваат средба со откупувачите, но и со Владата, за да ја информираат за потценувачкиот однос на преработувачите кон нивното производство.

„Подобро да го запалиме житото, отколку да го продаваме по 8 денари. Со најавата за толку ниска откупна цена откупувачите го обезвреднуваат нашиот труд и сакаат да не' уништат“, обвинува претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров.

Според него, на преработувачите полесно им е да увезат пченица од Србија или од Бугарија, отколку да ја платат домашната пченица. „Откупувачите не сакаат да ја откупуваат нашата пченица под изговор дека таа е неквалитетна, иако ние произведуваме исти сорти лебно жито како и Србија“, нагласува Тантаров.

Производителите на пченица стравуваат дека ќе завршат како млекарите. Тие тврдат дека, иако пристигнуваат новите резерви пченица, во амбарите се' уште скапуваат домашните резерви од минатата година, кои „тежат“ од 30.000 до 40.000 тони пченица.

Земјоделците стравуваат дека пченицата ќе им остане неоткупена поради увозот од соседна Србија. „Отсекогаш сме имале пченица во резерва, но никогаш во толкави количества. Се плашиме дека пченицата ќе остане дома, бидејќи постојано се увезува од странство. Државата прво треба да се грижи за домашното производство. Пченицата увезена од Србија чини повеќе од домашната, кога ќе се пресметаат сите трошоци. Нашите пресметки се дека килограм пченица од Србија чини 10 денари и дека не станува збор за добар квалитет“, велат земјоделците. Нашите земјоделци, и покрај субвенцијата од 100 евра, не можат да ги покријат трошоците и да заработат со цена под 10 денари. Субвенциите во другите земји се повеќе од 300 евра од хектар.

„Реално, пченицата не смее да биде помалку од 10 денари, цена која е доволна да се покријат само трошоците“, велат земјоделците.

Мелничарите ги негираат земјоделците. Тие тврдат дека квалитетот на пченицата од увоз строго се контролира од нашите надлежни служби при внесувањето во државата. Мелничарите стојат зад својот став дека македонската пченица е неквалитетна и мора да се меша со поквалитетна, за од неа да се прави леб. Како причина го наведуваат лошиот квалитет на семенскиот материјал, но и други околности.

Според нив, пченицата и лани била со низок квалитет и тоа им нанело големи трошоци во работењето, па затоа годинава планираат да откупат минимални количества од домашно производство, а остатокот да го набават од околните земји. Мелничарите наведуваат дека крајната цена што ја плаќаат за пченицата од увоз не е повисока од 8,5 денари. „Сега, поради помалите приноси на пченица во Србија и во Унгарија, малку е зголемена цената за килограм лебно жито, која достигнува 12 денари за килограм. Во Македонија, пак, ќе имаме повисоки приноси, но со квалитет за три класи понизок од оној во Србија. Сепак, засега не можам да дадам процена колкава би била откупната цена на домашната пченица, бидејќи таа зависи од повеќе фактори“, вели Тодор Ѓорѓиевски од „Мелница Кадино“.

Годинава се очекува богат род во целиот регион, а со тоа и ниска откупна цена на пченицата. Моментно српската пченица се продава по пет-шест денари за килограм, што јасно зборува дека мелничарите ќе можат од таму да купат евтина пченица. Увозот на пченица и на брашно од Србија не може да се забрани, затоа што Македонија го има потпишано договорот со Светска трговска организација.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADB252D27148B8478A695A0BA67BF844
 
спремни се....имаме авион за гасење фајр:kesa:
 
E кога државата ке го заштити домашното производство ке добијат 12 ден. А вака 8 ден. Ги жалам ама тоа им е. Од Србија пченица да увезеш има по 11 ден која е со неспоредливо подобар квалитет од македонската.
 
И што ако го запалат житотот ? Нема ни тие 8 ден. да ги добијат ....

Според мене малку порано се очекува од нив да мислат на тие работи (цена/ова/она) а и + како што рече некој ... Државата треба да има поголем удел во тоа ... што според мене е точно .. ама кај нас по се изгледа само пред избори има државата удел во земјоделството !
 
Како и секоја година.....во ова време.....така и оваа започнуваат маките на земјоделците...

Земјоделците ќе го запалат житото, ама не го даваат по 8 денари

0802620017DC8E428B4D447E6A4A4B05.jpg

Мелничарите прогнозираат дека годинава пченицата ќе се откупува максимум по оваа цена

Поради богатиот род на лебно жито годинава се очекува голема понуда на пазарот на оваа култура, со што автоматски ќе се намали нејзината откупна цена. Во пресрет на новата жетва се' поголем е револтот на земјоделците, кои се закануваат дека ќе го бојкотираат откупот поради најавата на мелничарите оти годинава килограм пченица нема да се плаќа повеќе од 8 денари. Тие потенцираат дека нема да ја продаваат пченицата за помалку од 12 денари и за оваа седмица најавуваат средба со откупувачите, но и со Владата, за да ја информираат за потценувачкиот однос на преработувачите кон нивното производство.

„Подобро да го запалиме житото, отколку да го продаваме по 8 денари. Со најавата за толку ниска откупна цена откупувачите го обезвреднуваат нашиот труд и сакаат да не' уништат“, обвинува претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров.

Според него, на преработувачите полесно им е да увезат пченица од Србија или од Бугарија, отколку да ја платат домашната пченица. „Откупувачите не сакаат да ја откупуваат нашата пченица под изговор дека таа е неквалитетна, иако ние произведуваме исти сорти лебно жито како и Србија“, нагласува Тантаров.

Производителите на пченица стравуваат дека ќе завршат како млекарите. Тие тврдат дека, иако пристигнуваат новите резерви пченица, во амбарите се' уште скапуваат домашните резерви од минатата година, кои „тежат“ од 30.000 до 40.000 тони пченица.

Земјоделците стравуваат дека пченицата ќе им остане неоткупена поради увозот од соседна Србија. „Отсекогаш сме имале пченица во резерва, но никогаш во толкави количества. Се плашиме дека пченицата ќе остане дома, бидејќи постојано се увезува од странство. Државата прво треба да се грижи за домашното производство. Пченицата увезена од Србија чини повеќе од домашната, кога ќе се пресметаат сите трошоци. Нашите пресметки се дека килограм пченица од Србија чини 10 денари и дека не станува збор за добар квалитет“, велат земјоделците. Нашите земјоделци, и покрај субвенцијата од 100 евра, не можат да ги покријат трошоците и да заработат со цена под 10 денари. Субвенциите во другите земји се повеќе од 300 евра од хектар.

„Реално, пченицата не смее да биде помалку од 10 денари, цена која е доволна да се покријат само трошоците“, велат земјоделците.

Мелничарите ги негираат земјоделците. Тие тврдат дека квалитетот на пченицата од увоз строго се контролира од нашите надлежни служби при внесувањето во државата. Мелничарите стојат зад својот став дека македонската пченица е неквалитетна и мора да се меша со поквалитетна, за од неа да се прави леб. Како причина го наведуваат лошиот квалитет на семенскиот материјал, но и други околности.

Според нив, пченицата и лани била со низок квалитет и тоа им нанело големи трошоци во работењето, па затоа годинава планираат да откупат минимални количества од домашно производство, а остатокот да го набават од околните земји. Мелничарите наведуваат дека крајната цена што ја плаќаат за пченицата од увоз не е повисока од 8,5 денари. „Сега, поради помалите приноси на пченица во Србија и во Унгарија, малку е зголемена цената за килограм лебно жито, која достигнува 12 денари за килограм. Во Македонија, пак, ќе имаме повисоки приноси, но со квалитет за три класи понизок од оној во Србија. Сепак, засега не можам да дадам процена колкава би била откупната цена на домашната пченица, бидејќи таа зависи од повеќе фактори“, вели Тодор Ѓорѓиевски од „Мелница Кадино“.

Годинава се очекува богат род во целиот регион, а со тоа и ниска откупна цена на пченицата. Моментно српската пченица се продава по пет-шест денари за килограм, што јасно зборува дека мелничарите ќе можат од таму да купат евтина пченица. Увозот на пченица и на брашно од Србија не може да се забрани, затоа што Македонија го има потпишано договорот со Светска трговска организација.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADB252D27148B8478A695A0BA67BF844

А да го понудат во УНИЦЕФ за децата во Африка?!?!?!?

Се вадам од памет од уништувања (па уште храна?!?!?!). СРАМОТА! Ова ми е исто како рушење на дивоградби. Градат нови болници наместо да искористат запленет имот.:toe:
 
Можда според трошоците не се исплати, но место жито (како најлесно за одгледување) имаат избор за други култури од кои ќе извадат повеќе.

А има и овде сиромашни, буричкаат корки леб по контејнери...може и на нив да им се даде.
на пример зелка
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=91277
Откупната цена од 22 до 28 денара за килограм, за разлика од ланските два денара во истиот период, им го врати оптимизмот на земјоделците кои, пак, по многу години ги вратија и аргатите во нивите.
Валандовско-гевгелискиот регион има идеални услови за одгледување на зимска зелка. Просечните приноси се движат меѓу пет и шест тона од декар.
Хектар 50-60 тони...
 
Можда според трошоците не се исплати, но место жито (како најлесно за одгледување) имаат избор за други култури од кои ќе извадат повеќе.

А има и овде сиромашни, буричкаат корки леб по контејнери...може и на нив да им се даде.

Ма добро, тоа во афект одма отидов во Африка:smir:

Ама стварно ме иритира уништување... Како што беше случајот со истурање на млекото; на што личеше тоа жити се? Многу се нервирам...
 
Ај не можат да го запалат :)
Не им стиска бе...
џабе се чаламат!
 
Хектар 50-60 тони...
A од пченица имаш 2.5-3 тони кај нас значи 20 000-24 000 денари вкупен приход по хектар....

...поголемо џабе арчење на нивите здравје....

...со закон треба да забранат сеење жито кај нас.:toe:
 
Житото е во смисол стратешка култура за сите земји. Инаку е далеку полесна за одгледување (уште ако не се наводнува), зборам за пченица, рж. Ако воопшто има нешто да се нарече лесно во земјоделството. За однос жито-градинарски и принос и исплатливост се гледа и единица на трошок по хектар за одредена култура. Секако и пласманот е битен, најбитен.
А зелката е мачна работа но исплатлива. Сега е 10 денари на кванташки, 3-годишен просек откуп е 11.2 денари. Од хектар се доста пари, а за 2-3.5 месеци (зависи од хибридот, змиска, пролетна...). Додуша лани имаше голем извоз, па со цена од 20-22 денари беше петка. Али треба и тие малце да следат што се бара па да се преориентираат. Не може вечно царевка да се произведува...и ќе нема цена. Не знам цени на репроматеријали во Србија али секоја година не јадат со цени, упола од нашиве за пченица. Алал да им е.

Кога сме кај незадоволство
Бербата на праските почна со незадоволство
Почна бербата на праските во Росоманско, а овоштарите се незадоволни од цената од 20 денари за килограм. Во најголемиот реон за производство на праски во земјава велат дека за рентабилно производство е потребна цена од 30 денари за килограм. Според прекупците, годинава цената на праските е пониска од ланската поради намалената побарувачка, односно како последица од тоа што народот нема пари. Овоштарите се пожалија дека надлежните им бараат да имаат регистрирани фирми и да поседуваат фискални каси, па затоа го повикаа премиерот Груевски да го посети Росоман. Огорчено велат дека, ако не се Србите, Косоварите и Босанците, росоманските праски ќе ги јадат рибите во Црна Река.

Но голем број од нив кога со неколку реколти ќе купат стан...е тогаш друга песна е:)
 
A од пченица имаш 2.5-3 тони кај нас значи 20 000-24 000 денари вкупен приход по хектар....

...поголемо џабе арчење на нивите здравје....

...со закон треба да забранат сеење жито кај нас.:toe:
Со закон треба да забранат увоз на пченица од околните земји... Ако продолжат вака пченица во Македонија никој нема да сее, по година-две може да немаат пченица за извоз околните држави од кои се увезува, па реално е ако никој не сее и нема од каде да се увезе, Македонија да страда од глад. Јас незнам зошто не се смисли некаква поддршка за земјоделците производители во Македонија, прво да се откупува нивното производство, па потоа да се увезува од околните држави.
 
ako go zapalat golemo takvo pa nie si znaeme i da si uvezeme od srbija ili drugi drzavi kako so si pravime do sega ,potpolno vo pravo se zemljodelcite i za toa nie ne mozeme da bideme dobra drzava oti ne si go cenime naseto a go cenime na komsijata -tugoto e poslatko.
 
Житото е во смисол стратешка култура за сите земји. Инаку е далеку полесна за одгледување (уште ако не се наводнува), зборам за пченица, рж. Ако воопшто има нешто да се нарече лесно во земјоделството. За однос жито-градинарски и принос и исплатливост се гледа и единица на трошок по хектар за одредена култура. Секако и пласманот е битен, најбитен.
А зелката е мачна работа но исплатлива. Сега е 10 денари на кванташки, 3-годишен просек откуп е 11.2 денари. Од хектар се доста пари, а за 2-3.5 месеци (зависи од хибридот, змиска, пролетна...). Додуша лани имаше голем извоз, па со цена од 20-22 денари беше петка. Али треба и тие малце да следат што се бара па да се преориентираат. Не може вечно царевка да се произведува...и ќе нема цена. Не знам цени на репроматеријали во Србија али секоја година не јадат со цени, упола од нашиве за пченица. Алал да им е.

Кога сме кај незадоволство

Но голем број од нив кога со неколку реколти ќе купат стан...е тогаш друга песна е:)

нашиве земјоделци се ептен заостанати,трчаат BMW на бугарски таблички да земат место да вложат во сопствениот бизнис,па после ке протестираат пред влада и ке им биде крив ојле-дојле.
 
Ма добро, тоа во афект одма отидов во Африка:smir:

Ама стварно ме иритира уништување... Како што беше случајот со истурање на млекото; на што личеше тоа жити се? Многу се нервирам...

Вие изглеа со сељаци сте си немале работа по се изгледа никакво млеко не се истураше а нема ни да се истура кога истураа млеко купуваа вар или брашно и стават у цистерната малку млеко и повише вода и така истураа млеко они.Со житото исто ќе биде ќе стаат слама на некој угар или некоја нива со слаб род и ќе ја запалат и ќе речат ете го запаливме житото а тие највише што врекаат дека ќе го запалат житото тие први ќе ја дадат пченицата и тоа по 7ден.
 
А да го понудат во УНИЦЕФ за децата во Африка?!?!?!?

Се вадам од памет од уништувања (па уште храна?!?!?!). СРАМОТА! Ова ми е исто како рушење на дивоградби. Градат нови болници наместо да искористат запленет имот.:toe:

брат знаеш ли ти колку е тошко житото за одгледување ...и сега некој на тебењ да ти казжува цена по која ти да го продаваш а наместо ти да казжуваш по која цена саакаш да го продадеш:nenene:

упсе грешка цитирав требаше...ова важи за деко
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom