Искрено после натпреваров со Норвешка немам никакво возбудување за наредниот натпревар. Гледам на ТВ трескаат дека со победа против Исланд ќе сме ги врателе шансите за пласман во бараж. Ние немаме шанси за бараж и тоа треба да го прифатиме. Инаку ако ја спуштат картата на 100 ден може и да отидам на стадион, за 500 денари да гледам ваков фудбал не фала.
Инаку коментар за нашата формација, не стигнав на минатата тема да дадам.
Одбраната е добра, иако Гоце реално не е за бек зашто нема веќе ниту брзина ниту снага и со тоа десната крилна позиција ни е ослабена. Средниот ред со Величе, Деспотовски и Георгиевски ми остави многу добар впечаток, иако и Гроздановски мислам дека треба да биде во прв тим. За нападот што да се каже. Од Стојков не ни може да се очекува нешто кога нема заиграно асално 5 години фудбал, или е повреден или грее клупа. Илчо никогаш не сум го сметал за добар играч, уште па и кога ќе видам дека е ставен како крило му се чудам на памет и на Јонуз и на Катанец пред тоа. Мазнов не вреди ни коментар да се даде за него.
Гледам некои плукате по Пандев. Се сложувам дека во репрезентацијата не ја покажува играта од Лацио, премногу солира понекогаш, паѓа и глуми фаули. Но како може да кажете дека треба да оди на клупа, кога едноставно и кога ќе направи нешто како што треба другите не го следат? Колку пати имаме изгледна акција, некој треба да му даде повратен дупли пас на Пандев и ќе му ја даде 5 метри понапред него што треба. Ќе створи шанса Пандев треба да асистира, сите дремат на половина терен. Едноставно нема со кого да соработува.