Mozilla ја издаде првата јавна „алфа“ тест верзија на следното издание на својот интернет прегледник Firefox. Во верзијата 3.6 Firefox, чие кодно име е Namoroka треба да бидат вклучени подобрувањата врзани со побрзото читање на JavaScript и побрзо прикажување на страниците, како и неколку нови можности поврзани со CSS (Cascading Style Sheets) и новите функции како што е Compositor која треба да обезбеди подобро управување со комплицирано поставените страници.
Од Mozilla истакнуваат дека за разлика од претходните верзии Firefox 3.6 ќе биде издаден релативно брзо после верзијата 3.5, односно дека нема да помине една година, туку само неколку месеци.
Сите заинтересирани за првата алфа Firefox 3.6 верзија можат да ја симнат на страницата Mozilla Developer Center.
Ако не те мрзи подоцна сподели импресииБаш сега ќе ја симнам алфа да проверам што ќе е
Хмм.... Се ти е внесено од мозилата ( историја, букмаркс...) Иконката е без лисицата, многу е бавен а цица беспотребно рам. Јас би чекал додека не излезе финална верзија , бидејки е тапа.Ако не те мрзи подоцна сподели импресии
Мозилата за виндоус е крш...а и спора е...најбрз пребарувач за виндоус е Опера, втор е Авантот, трет Хромот...ама нема операта убава заштита од фишинг и срања...така да пази кај сурфаш....Кренав раце од Мозила јас. Отидов на Опера. Премногу багови кои нервираат, на сред читање на страница ќе прекине, треба рефреш да одиш. Ако напраат во иднина асална верзија ќе се вратам, сега за сега останувам на Опера.
Аха да. така е. И виста е 100 пати подобра од XP. Научно докажано. Единстевно има малку поголеми хардверски побарувања, ама ете сите на тоа се нафрлија. Туку настрана виста.Како да го следи патот на Vista.
Ај сеа сите што не користите Firefox - никогаш не сте го ни пробале, или сте се откажале од 3.5кава поради некои причини, трк утре на Фајрфокс промоцијата.bibil напиша:ОК вака беше порано во времето на фајфокс 1.x
Дури го пишував ова си реков дај да ѕирнам што има на интернет за користењето на меморијата. Што најдов, засташувчки работи.
Најкритикуваниот фајфокс досега, (и најдобар досега според мене), 3.5 користи НАЈМАЛКУ меморија. Видете:
http://www.favbrowser.com/browser-memory-ram-usage-firefox-35-rc-safari-4-opera-10-beta-google-chrome-30-dev/
http://avencius.nl/content/firefox-3-vs-opera-950-memory-usage
Готово, батилив и опери и хромој. А мислев да ја снимам операва некој ден.
HijackHacker напиша:Едно кратко потсетување околу промоцијата. 5ти Септември, градски плоштад Скопје, 16:00 часот. Истото и на градскиот плоштад во Куманово и плоштадот Магнолија во Битола. Од Четврток ќе ја видите и најавата на билборди низ центарот на Скопје Се надеваме дека сите ќе дојдете да се забавувате и да научите нешто повеќе околу новата Mozilla Firefox!