Бранко се збогува со Рада и со Бучко

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, поранешните претседатели на СДСМ, нема да бидат дел од новиот тим најблиски соработници на Бранко Црвенковски во неговиот обид да ја консолидира партијата. Овие информации ги потврдија и високи функционери на СДСМ, иако додаваат дека, сепак, никој со сигурност не може да каже кој се е на списокот на Црвенковски. Кој ќе му помага на старо-новиот претседател за да ја спаси партија ќе се знае в недела на партискиот конгрес што ќе се одржи во Охрид.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1724&ArticleID=115224
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ај за Бучко, ама Рада?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И јас истото мислев. Знаеме со Бучко дека не се мирисаа, а за Рада мислев дека му е десна рака :toe:
станал ЛЕВАК...затоа ќе пропадне...овој пат дефинитивно...:)
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
,јаки штикој Рада и Ушло.Една ровја и еден дујач помалце.Абе цар е Бранче што ќе ни овозможи да не му ги гледаме грдите сурати на овие.Уште да ги батали Макрадули Иванов и остала багра ко него ќе нема на овом свету.А на крају шта?Па харикири разбира се.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Според извори од партијата, во новото раководство ќе се вклучат универзитетската професорка Рената Треневска-Десковска, долгогодишната шефица на кабинетот на Црвенковски, Наташа Савова,

Оваа изгледа сите 10ки ги има на орални испити :pos2:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Рада ама ич не ја мирисам, ниту карактерно, а уште помалце идеолошки. Меѓутоа објективно, повеќе им вреди отколку Бучко, Крадемарули, Дебилијан и Игор Иванов заедно.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Цитат:
Според извори од партијата, во новото раководство ќе се вклучат универзитетската професорка Рената Треневска-Десковска, долгогодишната шефица на кабинетот на Црвенковски, Наташа Савова,
Шефица на кабинетот?Да не произлезе нешто и од ова?Ушло своевремено беше махер за тие работи.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Произлегло одамна тоа :)
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
rada se izblamira za izborite 08 radi pusta nemok i kandzite na branko koi go donea sdsm na toa deredze, ama kako sto rece bratot od site tie mozebi najmnogu vredi.
popovski deka proba nesto da kaze kritizerski aut dobi....e sega ako nepismeniot petrevski gradonacalnik na ohrid e vo rakovodstvo na sdsm jasen mi e potencijalot na ``reformiranite``.
znae li branko za realen07 i powermkd od forumov tuka, jas najisreno veruvam deka tie dvajca poveke rabota ke zavrsat nego emilijan, sema i makraduli
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.171
Жално за Шеќеринска, пошто мислам дека има капацитет во СДСМ, барем зе некој функции, можеби не ја бива како лидер на партија ама сепак мислам дека добра би била за СДСМ како кадер. Е сега за Бучко ич не ме чуди дека треба да си оди но се прашувам кој ќе дојде на нивното место?
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Рада ама ич не ја мирисам, ниту карактерно, а уште помалце идеолошки. Меѓутоа објективно, повеќе им вреди отколку Бучко, Крадемарули, Дебилијан и Игор Иванов заедно.
А што вреди повеќе Рада од нив?
Беше на чело на партијата по оној катастрофален пораз на изборите и наместо некоја програма таа си се фалеше со својот фустан :)

Е сега не знам, или со ваквите промени ќе се соземе партијата и ќе видиме една силна опозиција каква што и треба во моментов на Македонија или пола ќе си заминат и ќе се приклучат во други или ќе формираат свои политички партии.
Жално за Шеќеринска, пошто мислам дека има капацитет во СДСМ, барем зе некој функции, можеби не ја бива како лидер на партија ама сепак мислам дека добра би била за СДСМ како кадер. Е сега за Бучко ич не ме чуди дека треба да си оди но се прашувам кој ќе дојде на нивното место?
Па не се избркани од партртијата. Нема да бидам во највисокото раководство. Можеби сепак ќе имаат некоја функција, но проблемот е дали ќе се согласат со тоа...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Абре убаво си знае тој, куплерај се отвара со нови тазе дами, а не со познати и излитени дами, па дај боже да му тргне работата.:eek:jea::eek:jea:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Жално е што овие СДСМ ама стварно немаат луѓе со кои ќе го привлечат електоратот да гласа за нив...

Пред некое време влегов во општинскиот штаб на СДС да дбијам пет причини поради кои на следните избори би го дал гласот за нив, најарогантно ми одговорија со „ај ти наброј ни пет причини зошто да гласаш за вмро“...Вака гласови не се привлекуваат...:nenene:

Почнувајќи од тука, па одејќи се понагоре до врвот на партијата, се сите кој од кој, а сите добри луѓе кои ги имаа се сега или непартиски определени и не ги интересира кој бил што бил, или пак се свртени кон опонентската опција.


Најубаво решение би било СДС да се расформира и на чело на опозициониот блок да дојде некоја нова партија со нови луѓе кои своите резимеа ќе им бидат бели страници, што е далеку подобро отколку да имаат полни страници со криминал, малверзации и корупција.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А што вреди повеќе Рада од нив?
Беше на чело на партијата по оној катастрофален пораз на изборите и наместо некоја програма таа си се фалеше со својот фустан :)

Е сега не знам, или со ваквите промени ќе се соземе партијата и ќе видиме една силна опозиција каква што и треба во моментов на Македонија или пола ќе си заминат и ќе се приклучат во други или ќе формираат свои политички партии.

Тоа е мојот впечаток, немора да се согласуваш.

Беше принесена како жртвеник, изборите за СДСМ одамна беа изгубени.

Веројатно Бранко намерно ги ставал на тоа место, за да остави впечаток дека никој друг неможе да ја води партијата како него и да го дочекаат ко фараон кога ќе се врати.

Доколку му се оставело на некој простор да изврши промени и да ја отргне партијата од стариот курс, ќе немаше простор за Бранко назад, особено пак ако партијата генерираше успеси.

Зошто СДСМ чекаше Бранко да се врати за да се “реорганизира“? Смешки, се е јасно.

Немам ни толку време да се распишувам ниту волја да дискутирам за нив, со враќањето на Бранко назад СДСМ си ја заслужиле пропаста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom