Навистина , дали некој приметува колку се бомбардира со еуфорични изјави за тој 1 Јануари 2010?
Дека навистина на некои ќе им се олесни работата (транспортери и сл.) тоа е факт, ама дека ќе потече мед и млеко, дека ќе нема невработени, дека ќе се шинеме од шетање, тоа се само прикаски за мали деца....
Оваа „кампања“ на власта ме потсеќа на СДСМ - „ На 15 Септември...“ и ја оправија.
Мене ме загрижува позадината на „кампањата“ - визна либерализација.
Премногу се дава значење, премногу се користи во обраќање до народот, све ми се чини дека целта е да се замае народот со убава бајка, да патиме секојдневно по судбоносниот 1 Јануари 2010, па што и да ни се сервира во меѓувреме да го ла ко циганче мрсулче. Се со цел да не ни се растури сонот за субоносното ни просветление.
Само мрсулчето да не не задави во грло , да ни се одмили просветлението...