Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Па за 3 саати ми трга авионот за Виена :) После тоа може да се отиде на неколку дена до Србија и до Бугарија па и на викенд некој до Охрид.
 
Па во понеделник тргаме за Хрватска, со автомобил. Имам слушнато дека во Албанија патиштата се подобри, и затоа низ Албанија ќе идеме. После тоа во Црна Гора, таму ке останеме една вечер и од Црна Гора одиме за Хрватска. Во Дубровник ќе сме три дена најверојатно кај пријатели, и после тоа продолжуваме за Сплит, таму ќе преспиеме, после тоа Трогир ке го посетиме. Па Плитвачките езера и преку Србија се враќаме дома. Мене с езагрижува патот. Повеќето време ние ќе патуваме. Никогаш предходно не сум била во Хрватска. Има некој совет каде може да свратиме. Исто сум слушнала дека во хрватска и нема многу песочни плажи, како во Грција на пример.
 
Грција ваква, таква, онаква ... каде на одмор ? Скоро сите Грција! :toe:
...и народов после кука НЕМАМЕ ПАРИ,сиромаштија голема,НЕВРАБОТЕНОСТА е 30%,кризата маме ни е...а...........

НЕ СМЕ ЗА ЖАЛЕЊЕ истите што дебатираат за горенаведените состојби ОДАТ НА ОДМОР(и тоа повеќето надвор од МК)...........не ме гледај што правам,слушај што ќе ти кажам:pos2:
 
На ова мислиш?
http://forum.kajgana.com/showthread...ко-Уредување&p=3654784&viewfull=1#post3654784
"економистите" негодуваа :)
http://forum.kajgana.com/showthread.php?51768-Раст-на-невработеноста/page5

На темата одмор-у грчка, каде сите турци, таму и Мујо :) ако даде Господ и ако ја поправам колата. Велат ефтино било, да провериме
 
Грција најдобар избор ми стои ова лето ем најблиску ни е ем најефтино и најубаво ќе си поминеш има добри аранжмани ако одеш друшто 4-5 души 10 дена за 130-140 евра... или Крф (Кавос) од 160-200 евра
Ај сега плукајте! :)
 
што да плукаме кога вие сте исплукани од сопствениот народ,а не па таму кај што ќе идете:toe:
 
Грција најдобар избор ми стои ова лето ем најблиску ни е ем најефтино и најубаво ќе си поминеш има добри аранжмани ако одеш друшто 4-5 души 10 дена за 130-140 евра... или Крф (Кавос) од 160-200 евра
Ај сега плукајте! :)

3 евра векна леб, 3 евра кафе, 10 евра пиво ... чисто како информација ...
 
3 евра векна леб, 3 евра кафе, 10 евра пиво ... чисто како информација ...
Озбилно? Jас па веќе 10 години одам во Грција и не сум приметил види чудна работа изгледа поодбивен си им бил ти па затоа поскапо ти наплаќале :) :)

Гирото ти е 100 денара бе дечко (1.50 до 2 евра најмногу) а не леб 3 евра, а пивото зависи од кај ќе го купиш во маркетите цените се исти како кај нас, во Лидл дури и поефтино е од кај нас а во кафич нормално тоа ти е поскапо Хаинекен минатата година во Аспровалта беше 5-6 евра во кафич :)
Сега има разлика на островите е малку поскапо... така да кај ти одговара повеќе таму ќе одиш сигурно нема со 150 евра да одиш на Закинтос...
 
10 дена Египет, после можда Грција, па во Струга со друштво. А тие што ке идат во Албанија ги жалам:)

--- надополнето ---

Дали има некој одено во хотел во Турција или Бугарија на ултра ал инклузив?Или некој да има некакви информации за цената,услугата и се останато во врска со тоа?

во Турција, ултра алл инклузив. Цените се различни, т.е според стандардите на хотелот, услугата е солидна луѓето кои работат без здив трчаат по тебе да ти остават сокот или јадењето, забава десетка преку ден има разни игри на базен и на плажа, а навечер во амфитеатар има различни шоуа. Ако ти треба повеќе кажи
 
10 дена Египет, после можда Грција, па во Струга со друштво. А тие што ке идат во Албанија ги жалам:)

Како да не, моиве беа во Албанија пред некоја недела и баш убаво си поминале. И слики гледав, многу е убаво.
 
Како да не, моиве беа во Албанија пред некоја недела и баш убаво си поминале. И слики гледав, многу е убаво.
Каде биле и какви се цените, престојот и плажите?
 
Како да не, моиве беа во Албанија пред некоја недела и баш убаво си поминале. И слики гледав, многу е убаво.

јас бев минатото лето и никад повеќе. Јас бев во Саранда или како се вика. Плажата никаква, водата никаква, а патот па... А и ние патувавме околу 10 часа. Подобро во Грција ке идам него пак таму. Ама ете тоа е мое доживување, незнам за тебе
 
Со друштво во Охрид,знам дека локацијава не е којзнае што,но друштвото е најважно нели?:vozbud:
 
Mirno so divi plazi,da ne e ostrov(radi extra trosoci za ferry)-Pilion,kaj Volos...http://members.virtualtourist.com/vt/gm/418945
pi08_pil_p11_13_pili_rotsen.jpg

Pilion e nekoj grad(selo)?

Aj ako ne ti e tesko nekoj link za mestovo?

Blagodaram
 
Каде биле и какви се цените, престојот и плажите?

Они биле у Саранда, лани у Валона и од двете места се супер задоволни. За тинејџери не било интересно, нема некој ноќен живот. За Саранда ми рекоа апартман со две јадења бил 30-40 евра од вечер. Значи апартман, не соба. По продавниците не било скапо, ко овде ми се чини. Во Драч и поевтино е :)
За плажите-нив не им се погоди времето, нели ладно беше, па биле на плажа само еден ден, остатокот шетале низ Албанија. Рекоа дека плажата била добра, сега не знам колку добра. Јас видов слики од плажата и изгледаше ок, наместена, со лежалки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom