Чаби , ВДВ и најмногу мотивираниот Игуаин за неговиот 100-ти настап :smir: ... и секако цела компанија после нив :tv:
Во последните 2-3 натпревари овие тројца не ми делуваа дека се способни за такво нешто. Се надевам ќе биде по твое. :smir:
НЕВЕРОЈАТНА ЕФИКАСНОСТ НА МЛАДИОТ НАПАЃАЧ НА РЕАЛ НА 22 ГОДИНИИгуаин подобар од Роналдо, Руни и Виља
Далеку подобра ефикасност на 22-годишна возраст бележи фудбалерот на Реал Мадрид Гонзало Игуаин од останатите ѕвезди како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Давид Виља, пишува шпанската Марка.
Статистички податоци говорат дека Роналдо на 22-години постигнал 17 погодоци во 34 одиграни меча во Премиер-лигата, додека пак Руни пред две години (сега има 24) дал 12 гола во 25 меча во дресот на "црвените ѓаволи", додека пак Виља во 2003 година како член на Сарагоса одиграл 38 натпревари и ја затресол противничката мрежа 16 пати. Игуаин оваа сезона оствари 20 погодоци во 1504 одиграни минути односно 21 натпревар од почетокот на сезоната во Примера, а на 17 од нив стартуваше. Игуаин упатил вкупно 58 шутеви кон противничкиот гол, а од 20 погодоци сезонава, 10 ги постигнал со десната нога, девет со левата, а еден со глава.
Интересен е фактот кој говори дека Аргентинецот ниту еднаш не шутирал пенал за разлика од останатите конкуренти. Најдобриот светски фудбалер Лео Меси кој во јуни наполни 22 години, од почетокот на сезоната во Примера па до сега има дадено 25 погодоци во 24 одиграни натпревари (21 како стартер) меѓутоа во 115 удари кон голот, речиси двојно повеќе од Игуаин.
ЕФЕКТОТ НА ИГУАИН ВО ПРИМЕРА ОВАА СЕЗОНА
Одиграни натпревари 21
Стартер 17
Резерва 4
Постигнати голови 20
Со десна нога 10
Со лева нога 9
Со глава 1
Друго 0
Успешност 34%
Удари кон голот 58
Со десна нога 33
Со лева нога 20
Со глава 5
Друго 1
Офсајди 30
Асистенции 3
Жолти картони 2
Црвени 0