И Арбелоа се сели во Мадрид:
Дефанзивецот на екипата на Ливерпул, Алваро Арбелоа ќе се врати во екипата на Реал Мадрид. Се е договорено, па Арбелоа повторно ќе го облече белиот дрес на тимот во кој ги помина своите пионерски и кадетски денови. Актуелниот член на Ливерпул својата фудбалска кариера ја почна токму од кралскиот клуб, каде следната сезона се враќа во првиот тим.
26-годишниот бек најави дека е презадоволен од тоа што повторно ќе биде во својата средина и им се заблагодари на луѓето од Ливерпул за укажаната шанса да игра во вака престижен тим. Ливерпул сакаше да го задржи и следната сезона, но Арбелоа немаше намера да остане.
„
Се обидовме да го задржиме. Му понудививме добар договор, но тој изјави дека има други планови. И неговиот агент ни соопшти дека трансферот му е договорен, па ете најдовме решение“, изјавија од таборот на „црвените“.
Чудно, ни АС ни Марка немат објавено, а македонскиве страни, веќе објавија дека е нов играч на Реал.