..Оди, оди од куќа на куќа. Од човек на човек. Од град во град. Од држава во држава. Од континент во континент. Од планета на планета. Од ѕвезда на ѕвезда. Оди...и речи им вака - Ѕидовите на срамот, веќе се урнати во некои делови на Европа. Еден ден, тие ѕидови на срамот ќе бидат урнати и во нашата распарчена и преградена земја. Ќе биде тоа ден, кога ќе бидете проколнати од името на непризнатите народи, што сте ги делеле на Берлинските конгреси, во капалиштето на Отоманската смрдеа Сан Стефано...со договорите во разни Букурешти и Версаи. Ќе биде тоа ден, кога Македонскиот бунтовен дух, ќе ги урне сите ѕидови на срамот ! Помеѓу ВАРДАР, ПИРИН И ЕГЕЈ !!! Зошто со илјадници години пламти во нас славата на Филип и Александар ! Со илјадници години немаме намера да се предаваме, ОТИ МАКЕДОНИЈА Е ПОСТАРА И ОД ГОРОЦВЕТОТ И ОД НОЖОТ !!! Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Оти во една наша црква откопан е зборот востание! Ќе ги искинеме сите бели знамиња, тие симболи на предавството. Ќе ја воскреснеме таја ДРЕВНА и СВЕТА земја, како најголем и најсветол цивилизациски Прометеј! Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Ќе ги преораме гробиштата на идеалите и со коските на нашите мртви војводи ќе се претвориме во зурли и тапани, во нашето најсилно оружје. Со голи меса ќе ги искинеме жиците од границите ! Ќе ја обединиме и ќе извикаме ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА !
дел од Така Зборува Исидор Солунски