А како можеш да го знаеш ова?
Тоа е работа на секоја влада, ако веќе споредуваш со Америка, народот гладува ама затоа Холивудската продукција не прекинува да пласира филмови каде задолжително барем еднаш мора да биде во кадар Американското знаме и статуата на Слобода и сл. американски мотиви.
И сепак, покрај сета големина и моќ, Америка падна економски и тоа не е резултат на нивниот зголемен - непатриотизам.
Сепак, една работа никој неможе да ти ја одземе, можат куќата, колата, шпоретот, среќата, здравјето, но неможат да ти го одземат правото да бидеш син на татко ти, внук на дедо ти и така по ред, кои ја пишувале историјата за ти да можеш денеска да бидеш - Македонец.
Доколку тие не се бореле за своите права, ти денеска немаше да бидеш Македонец.
Тоа важи и за тебе, мене во сооднос со нашите потомци.
Добро е што сепак покрај сите тешки услови, сеуште постојат достоинствени Македонци, кои покрај тоа што се деморализирани и разочарани поради социјалните прилики, стојат на своето право што никој неможе да им го одземе - да бидат истото што и нивните предци - Македонци.
Мало потсетување до сите вас:
СОНЦЕ за нашите браќа!