jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.449
- Поени од реакции
- 27.249
Ок подоле има еден посто на Ying Yang, кој објаснува каде е популизмот на СДСМ и перењето од одговорноста.А не ти текнало до сега дека ситуацијата може да биде и обратна ?
На пример, ДПМНЕ знае дека ќе мора да направи компромис, но сета ова ситуација сака до последен момент популистички да ја искористи во полза на својот рејтинг.
Која е логиката на твоето тврдење дека СДСМ популистички игра ?
Имам чувство дека кај ДПМНЕ не е прашањето дали треба да се направи компромис...туку зошто токму тие треба да направат компромис.
Но точно и е опозитното мислење, доколку ДПМНЕ се реши сепак да го смени името. Значи ми текнало и тоа.
Ок, се сложувам дека визија нема, но нема во сите политички партии. „Визијата“ на тие што заговараат промена на име е да не дува ветерот. Што и не е некоја визија, туку дневно политичко размислување.Но истиот тој за да биде награден од народот, треба да понуди јасна визија за тоа каде ја гледа Македонија после 5 или 10 години. Истото важи и за оние со спротиставено мислење од првите.
Ниеден сојуз во светот не опстојувал повеќе од 100 години било воен било економски. Така и ЕУ и НАТО се вариабли, додека Македонија е константа. Тие пробуваат да ни кажат поинаку. „Визијата“ нивна е додека трае ЕУ и НАТО, значи се водат од туѓи агенди, не од своја лична.
И јас сум за ЕУ и НАТО, но не по цена да се смени името.
Значи точно е дека никој не размислува подалеку од носот.
Не коментирав за страните на другите, коментирав за страната што јас ја застапувам. Не викам дека ти ако си за промена на името, си против Македонија, иако хипотетички е тоа така. Пошто неможеш да бидеш за Македонија кога сакаш Македонија да се смени. Но еве да речеме дека гледаш за доброто на народот и дека сметаш дека е важен економскиот просперитет.Зошто мислиш дека останатите не се на страната на Македонија ?
Но ај да гледаме од друга страна на нештата. Според мене на СДСМ им е јасно дека промената на името не значи по автоматизам влез во ЕУ и НАТО, доказ за тоа е привремената спогодба, која на хартија ни гарантираше влез. Според мене, тоа беше единствената причина поради која СДСМ го немаше решено спорот во нејзиниот мандат. Имаше некој обид во Букурешт(заеднички на Претседателот и на Премиерот), да се протурка некое решение за време на самитот, но наидоа на ѕид од Грчка страна. Грците тогаш не беа спремни на „компромис“, а прашање е дали некогаш и биле. Тоа се Грчките заткулисни игри.
СДСМ знаејќи дека „компромисот“, не носи гаранции за НАТО и ЕУ, несакајќи да ја повтори грешката со референцата и знамето, ги притиска ДПМНЕ да донесат одлука, само колку грешката да не биде нивна, значи во најмала рака игра ситни игри за политички поени. Само да се разбереме со ова не ги перам ДПМНЕ од одговорност за грешките кои може да ги направи во однос на ова прашање.
Кој може да е успех на една партија? Јас незнам како гледаш ти на работите, но сметам дека успех за една партија се смета број на гласови добиени на избори, ако тие гласови во тек на 3 избори кои се случиле за време од 3 години расте, тоа го сметам за значителен успех.Кој успех на ДПМНЕ ?
Во сета оваа работа, како позитивна работа ги гледам гласовите на Љубе кои се дојдени од незадоволниците (активисти) на ДПМНЕ, кои треба на водството да му служат како предупредување за некои нивни активности, поготово на тематиката „преговори за името“.
Успех на една партија исто гледам и во независноста на таа партија од еден човек. Мораш да се сложиш дека реформите во партијата, по заминувањето на Љубчо, многу бргу ја вратија партијата на власт, додека реформата во СДСМ не успеа, па со враќањето на Бранко, се враќаме на старо. СДСМ реално се соочува со претварање во човек партија, слично како СПМ.