Тука си грешка во три случаи:
1. Технологијата за карбонско влакно и ракетен мотор е направено во Македонија и тоа во соработка со Макпетрол композити - 11 Октомври - ЈНА. Да не навлегувам во детали, можеч да провериш, меѓутоа во раните 70-80ти години е добиен ракетен мотор со беспрекорна прецизност.. Ова е отидено до таму, што заинтересираност за таа технологија пројавиле (со посета) и руски генерали.. - не е шала, личен пријател ми е еден од раководниот тим на проектот. Сега друга приказна е каде отиде тој проект, да ли ЈНА го конфискуваше, или бил продаден понатаму, би било во рамките на шпекулации. Меѓутоа очигледно е дека копија или дел од сознанието Самакот си задржил за себе, како еден од TEAM Player.
2. За CNC рутерите.. јас сум (бев) во тој бизнис, ќе ти кажам најповикано.. да споредуваш рутери е како да споредуваш аутомобили и да кажеш, германските аута се ИЗГОР, а јапонските се евтини, за истите тие пари ќе можеш да добиеш два АУТА:. Без да навлезеш во суштината на квалитетот и перформансите. (како да споредуваш МЕрцедес со тојота ехо). Сакам да кажам: има огромна разлика од тоа како се направени тие рутери:
- дали се 8"x4" (2440x1220) ili 4"x4" (1220 x 1220)
- да ли користат step или servo motori
- колкав е одот на Z оската
- каков им е преносот: со linear bearings или ballscrew
- да ли е со ротациска глава или статична
- да ли има аутоматско менување на алатки (ножевеи) или е тоа мануелно
За цената: најевтини во општа смисла на зборот се во КИНА од 4000УСД - 25000УСД. ВО развиениот свет се од 30,000УСД до 150,000 за 8"x4" со аутоматско менување до 8 алати (tools)
3. многу ми е жал за твојот роднина со неговите здравствени проблеми. Не е ништо различен од многу работници почнувајќи од железара, Акумулатори - Пробиштип, Цементара, било кој Ауто Лакер.. итн
Тоа е проблем не од Самакот, туку цела држава со застарена регулатива за Здравствена заштита на работно место. Нешто што искрено се надевам веќе е надминато или е на пат да биде надминато..
НА КРАЈ.. не сакам да го бранам или подржувам Самакот, тој си знае кој гревови си ги има, и ќе си плати кога ќе дојде ред, но се осетив повикан да разјаснам неколку работи кои се во доменот на моите познавања..
НЕМА ЛУТИШ ... :smir: