БУГАРИТЕ СЕ БОРЕЛЕ ЗА БУГАРИЈА ПОД СЛОГАН “БОЖЕ ЧУВАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА”

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
"Јужните краишта" - ветена земја за врањанците и пироќанците

Никола Жежов, магистер по историски науки. Текстот е дел од магистерска дисертација на авторот "Режимот на Кралството на СХС и отпорот на македонскиот народ во брегалничкиот округ - 1918-24"

Како еден од начините за воспоставувањето на својата власт во Вардарска Македонија, била и колонизацијата на овие краишта, која режимот на Кралството на СХС интензивно ја спроведувала во првите години меѓу двете светски војни, со различен успех. Колонизацијата во Македонија всушност започнала со основањето на Аграрна Дирекција во Скопје, согласно Уредбата за устројство на Министерството за аграрна реформа од 12 февруари 1920 година и со воспоставувањето на окружни аграрни повереници во сите поголеми колонизациони центри во Вардарска Македонија.
Населувањето добило одредена форма со Уредбата за населување на т.н. ,,јужни краишта" од 24 септември 1920 година. Со таа Уредба биле одредени земјиштата за населување: 1) слободните државни земјишта, 2) општинските и селските земјишта и утрини и 3) пустите земјишта и оние кои се трајно напуштени од нивните сопственици. При населувањето колонистите имале право на бесплатен превоз на сите членови на семејството, стока и покуќнина. Со ова право се искористиле голем број колонисти од Босанска Краина и од Лика. Колонистите имале право на бесплатно користење на државните и општинските шуми за подигнување на куќа, слободна испаша по селските и општинските утрини и други привилегии.
Со цел да се разбие етничката компактност на македонскиот народ во Брегалничкиот округ (област) и пошироко во цела Вардарска Македонија, режимот на Кралството сакал со законски мерки што нуделе олеснителни околности, да привлече што повеќе колонисти-Срби во Македонија, со што на неа и би се дал српски етнички белег. Според законот за колонизација на ,,јужните краишта", како колонисти се предвидувале: сиромашни државјани на Кралството на СХС , занаетчии, доброволци во војните (тука спаѓаат и четници), пониски државни чиновници кои вршеле служба во погранични реони, понатаму луѓе кои купиле земја според услови на Министерството за земјоделие, разни аграрни задруги, бегалци и други слоеви.
Ѓорѓе Крстиќ, кој од мај 1927 година бил главен аграрен повереник во Скопје, истакнал дека најпогодни за асимилација на македонскиот народ биле населениците од Врањскиот и Пиротскиот округ, бидејќи по менталитет биле слични со Македонците. Истиот како непогодни за асимилаторска политика врз македонскиот народ ги посочил Црногорците-колонисти, поради различниот менталитет. Првенство при колонизирањето во Македонија добивале доброволците од Солунскиот фронт во Првата светска војна, четниците, а потоа оптантите и бегалците. При колонизацијата најчесто земја добивале оние кои што воопшто не се занимавале со земјоделство. Овие лица не ја обработувале добиената земја туку ја давале под наем на месното население, а самите живееле во градовите занимавајќи се со друга професија. На тој начин колонистите се богателе за сметка на месното македонско население.
Големосрпската власт на Кралството на СХС, тргнувајќи од интересот за асимилација на македонскиот народ, им давала безброј привилегии на српските колонисти во Македонија: бесплатен градежен материјал, користење на селските и државните утрини за пасишта, ослободување од царина, ослободување од плаќање данок до 10 години и друго. Од друга страна колонистите биле должни сами да ја обработуваат земјата, да се зачленат во аграрните задруги, да не ја отуѓат земјата дури не станат сопственици (за 10 години), да ја обработуваат земјата, да sидаат куќи за себе и да одговараат на сите обврски од Уредбата (член 24). Колонистот го губел правото врз земјата, ако одржувал врски со антидржавни елементи.
При колонизацијата, односно населувањето на луѓе од другите краишта на Кралството во Вардарска Македонија, домородниот македонски народ не останувал рамнодушен на тој чин, туку активно се спротивставувал, поради фактот што плодното земјиште им било давано на колонистичките семејства. Со колонизацијата се стеснувале и селските утрини, а слободните ливади им биле отстапувани на колонисти. Како пример за отпор кон колонизацијата бил случајот со селаните од селото Арѓулица, Штипско, кои во расправија за ливадите го претепале Петар Вукчевиќ, бивш црногорски мајор, затоа што им ги гонел говедата од ливадите.
Владеачкиот режим на Кралството на СХС при колонизацијата главно внимание обрнал на Брегалничкиот округ (област), како важна геостратегиска точка, пред се поради близината со Бугарија и опасноста од комитските напади на четите на Тодоралександровата ВМРО. Во Брегалничката област предноат при колонизирањето им се дало на реонот на Овчеполието, Штипско и Радовишко, додека во другите делови од тогашниот Брегалнички округ, колонизацијата била со помал обем. Министерството за аграрна реформа образувало комисија под водство на професорите Александар Стебут и д-р Доброслав Тодоровиќ, која имала задача да изврши испитувања на земјиштето во Овче Поле. Според нивните истражувања, земјиштето каде била основана колонистичката населба Нова Батања, било неквалитетно за било каква култура и во услови кога би се наводнувало. За комплексот во село Мустафино комисијата поволно се изразила, а за село Ерџелија, комисијата изјавила дека земјата била со одличен квалитет и доколку соодветно би се наводнувала таа би се претворила во ,,градина” на Овче Поле.
Колонизацијата во Брегалничкиот округ (област), поорганизирана форма добила во текот на 1920 година. Во октомври 1920 година во Скопје требало да пристигнат 16 семејства од Лика, кои требало да бидат населени во селото Долани, Штипско. Повереништвото на Министерството за аграрна реформа во споменатото село успеало да насели 105 колонистички семејства и покрај отпорот на домашното население. Повереништвото барало од воените власти да им помогнат на овие колонистички семејства, кои требало да стигнат во Скопје, со тоа што ќе им обезбедат превоз на нив и на материјалните средства што ги носеле за изградба на колонистичката населба.
Во однос на населувањето на овие колонистички семејства во селото Долани, Александар Апостолов истакнал дека во селото во 1920 година биле населени 121 семејство колонисти, иако немало земја и за месното македонско население. Селото Долани имало голема стратегиска важност, што се гледа од фактот што биле мобилизирани луѓе од селото за да пренесат 16 колонистички семејства од Велес до Долани, заедно со покуќнината и земјоделскиот инвентар што бил натоварен на 30 вагони.
Забрзаната колонизација во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничкиот округ, се гледала и од фактот што владеачките структури на Кралството во текот на 1920 и 1921 година, одвоиле големи финансиски средства за таа цел. Во 1921 година државата отпуштила 6 милиони динари за колонизација, а во 1922/23 година 23 295 000 динари и тоа најголем дел за Вардарска Македонија. Во овој период во Брегалничкиот округ, како што административно се нарекувал до 1921 година, биле колонизирани 532 семејства.
За широките размери на колонизацијата во Вардарска Македонија , а со тоа и во Брегалничкиот округ, податоци изнесувале и различните весници и списанија на македонската емиграција во Бугарија, коишто најчесто се повикувале на весници од Кралството што биле блиски до владеачкиот режим. Весникот ,,Македонија” повикувајќи се на ,,Епоха” изнесол податоци дека од 1 септември 1919 година до 20 август 1921 година во Вардарска Македонија се имале населено 6861 семејство со земја во размер од 57 530,01 хектари. Во 1919 година се населени 1302 семејства со 11 926 хектари. Во 1920 година се колонизирани 3484 семејства со 29 004 хектари земја од кои 279 семејства во Брегалничкиот округ со 2402 хектари земја. Според истиот весник во 1921 година биле колонизирани 2075 семејства со 16 600 хектари земја од кои 311 семејства во Брегалничкиот округ со 2115 хектари земја. Весникот ,,Македонија”соопштила и дека во селото Ерџелија, Св.Николско, требало во септември 1921 година да бидат населени 320 семејства, кои требало да претставуваат основа за формирање на ново колонистичко село со помош на државата.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Отштета доколко имам спомен е била присудена, ама Тито jа е опростил като дел од кампаниjата за дружене за коjа зборувахме по-рано, дел од коjа е нареждането лугето од Пиринско да се пишат македонци.

А инако има и друг дел од историjата които вие го пропуштате - за отношението на Богдан Филов кум евреите се знае, но има и едно друго име Димитар Пешев, коjто спасjава 50 илjaди блгарски евреи, за което се случват такива нешта. Понекога монетата има две страни.

не и жртвите и нивните фамилии...кој бе спасил 50000 бг евреи:pos2::pos2:

и они биле пракани по фабриките и логорите!!!!!!!

не бегај од историјата пред фактите и боговите молчат....од балканските до втора светска војна влевате само за ова парче библиска земја....немате претензии а САН СТЕФАНСКИОТ документ ви е библија и празник:pos2:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Колонизацијата инструмент за Македонците да се претопат во "Јужносрбијанци"

Најсилен замав и најорганизирана форма, колонизацијата во Брегалничката област добила во текот на 1922 и 1923 година. Во 1922 година, оптанти (селани што биле заинтересирани за населување) од село Батања од Унгарија, Срби по националност, поднеле молба до конзулатот на Кралството на СХС во Будимпешта за населување и добивање земја на територијата на Кралството. Министерот за аграрна реформа на Кралството на СХС му наредил на Врховното аграрно поверенство во Скопје да им најде земја на овие луѓе. Врховниот аграрен повереник определил свој службеник кој требало да ги придружува колонистите во изборот на земја во Овче поле. Колонистите ја одбрале најплодната земја околу селото Горни Балван, Штипско, село Пишица, земја во близина на селото Карбинци, Штипско, дел од шумата на планината Плачковица и земја во близина на Злетовска река. На колонистите им требало површина од 6-7000 хектари за 700 семејства. Тогашниот министер за аграрна реформа на Кралството на СХС, Милетиќ, наредил да се дозволи 4000-5000 хектари земја за изградба на село за овие колонисти.
Во селото Горни Балван 1130 хектари земја била прогласена за напуштена и била предвидена за колонизирање. Од окружното поверенство за аграрна реформа во Штип биле одбиени сите жалби од селаните, а на 31 мај 1923 година биле издвоени 453 хектари земја од селските утрини, како замена за 590,5 хектари плодна земја одземени од тие селани и тие 453 хектари земја им биле отстапени на македонските селани, за да се види дека и Македонците добивале земја со аграрната реформа.
Ваквиот начин на распределба на земјата помеѓу новодојдените колонистички семејства и домашното македонско население имал за цел протерување на македонскиот селанец од неговата обработлива земја, нејзино присвојување од дојденските, претежно српски семејства, со што преку променетиот етнички состав на населението режимот од Белград би можел послободно да се повикува на своето ,,историско право” врз Македонија. Од друга страна режимот на Кралството сметал дека српскиот колонистички елемент во Македонија, посебно во Брегалничката област, поволно би дејствувал врз претопувањето на македонскиот народ и неговото претворање во "јужносрбијанци", што било и стратегиска цел на белградските владеачки кругови.
Во текот на 1922 година колонизација, иако не со голем обем, се вршела и во крајните источни делови на Брегалничката област што се граничеле со Бугарија. Во Малешевско биле создадени 6 колонистички населби со 131 семејство. Во Делчевската околија (тогаш Царевоселска) биле создадени 6 колонии со 24 семејства, а во Пехчево биле населени т.н. Срби-Галиполци на број, заедно со другите колонисти, 74 семејства со 320 члена. Карактеристичен е примерот со колонистичката населба на Србите-Галиполци во Пехчево. Колонистите биле од Галиполе и во српската држава дошле 1914 година со посредство на рускиот конзул во Цариград. За време на Првата светска војна Бугарите ги интернирале во Алексинац и околината, во Србија, каде останале до 1918 година. Кога разбрале дека Грците го зазеле Галиполе, 1921 година, се вратиле таму, но кога Турците повторно завладеале со нивниот крај, тие се вратиле во Пехчево. Според Ѓорѓе Крстиќ тие луѓе биле со благ карактер, биле многу работливи и зборувале српски јазик употребувајќи грчки акцент.
Колонизацијата на Брегалничката област, уште во текот на 1922 година, кога таа била во својот зенит, започнала да наидува на тешкотии. Ваквите проблеми биле забележани од многубројните списанија на македонската емиграција во Бугарија, кои иако повеќето блиски со ВМРО на Тодор Александров, која пак од своја страна била непријателски настроена кон Кралството на СХС, давале одредена слика на колонизацијата во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничката област. Така според оценката на органот на Илинденската организација, "Илинден", српската политика за колонизирање на Македонија претрпела фијаско. Колонистите под притисок на комитските чети исплашено почнале да ги напуштаат своите поседи. Во Штипско, во селата Таринци и Долани, повеќето од колонистите според весникот, почнале да ги напуштаат своите населби. Според истиот весник, Министерството за аграрна реформа било растревожено од вестите што доаѓале од Македонија. Аграрните чиновници соопштиле дека големата суша лошо се одразила врз жетвата, поради што се јавила депримираност кај српските колонисти. Тој страв од глад, според ,,Илинден” се заканувал да ги уништи успешните резултати од колонизацијата во Овче поле и Тиквеш. Тука колонистите биле претежно од Далмација. Состојбата се влошила и од разни агитатори, кои пропагирале дека на колонистите им е дадена лоша земја. Поради тоа веднаш од Белград била испратена делегација под претседателство на Чедо Јанковиќ, која требало да им вети на колонистите државна помош.
Во почетокот на 1923 година, колонистичката политика на Кралството во Брегалничката област претрпела сериозен удар. Со нападот и убиството на повеќе српски колонисти во селото Кадрифаково, во јануари 1923 година, од страна на четите на ВМРО, била загрозена колонизацијата во Овчеполието. Меѓутоа властите на Кралството на СХС ја продолжиле колонизацијата во другите делови од Брегалничката област. Така за колонизацијата во Радовишко биле ограничени 837 хектари обработлива површина. По општини распределбата на земјата била следна: Ињевската општина 225 ха, Кончанската 231 ха, Подарешка 159 ха и Радовишка 222 хектари. Во Радовишката околија биле формирани 11 колонии создадени меѓу 1923 и 1937 година со вкупно 59 семејства и 239 членови на семејствата. Сите 59 колонистички семејства по националност биле Срби(за Срби биле сметани и Црногорците), а по вероисповест православни. Обични колонисти биле 55 семејства со 271 член, а четници 4 семејства со 22 члена.
И покрај настаните во Кадрифаково, големосрпскиот режим не се откажувал од своите зацртани цели што сакал да ги оствари преку колонизирањето на Брегалничката област. Весникот на македонската емиграција во Бугарија, ,,Независна Македонија”, пишувал за засилената српска колонизација во Овчеполско и намерата на тамошните власти за протерување на Македонците од нивните огништа. Според истиот Белград требало да даде заповед за запирање на злосторствата во Брегалничката област и да ја прекине колонизацијата со што би се создале услови за легална борба и тогаш од само по себе ќе се ставело крај на четничкото движење. Истиот весник, повикувајќи се на белградскиот весник ,,Време" соопштил дека во април 1923 година во Скопје пристигнале два транспорта колонисти од Унгарија, кои требало да се населат во Штип и во Овче Поле, но поради лошото време се задржале во Велес. Со нивното населување тие веднаш наишле на проблем поради недостатокот од земја и храна за нив и за добитокот. Своето останување колонистите го условиле со обезбедување доволно храна и обработлива земја, како и подобро место за градење на нивното ново село.
Органот на Извршниот комитет на македонските братства ,,Независна Македонија", во јуни 1923 година известила дека во Овче поле се населувале српски семејства од Унгарија, од областа Барања, со што се менувал првобитниот изглед на Овче поле, никнувале живеалишта и тие колонистички семејства почнале да ги произведуваат првите килограми жито. Весникот известувал за секојдневното никнување на нови куќи, но истакнал дека ,, само една пречка има, што безбедноста во тој крај е застрашена од кај бугарската граница."

Болестите на новата земја ги враќаат колонистите дома

Неприспособеноста на српските колонистички семејства кон условите за живот во Брегалничката област ја констатирале и средствата за информирање на Кралството на СХС и тоа оние што биле блиски до владеачките партии. Според "Политика", колонистичката населба Нова Батања, Штипско, во почетокот на нејзиното формирање добро се развивала и станала центар на Овче поле. Првите проблеми биле во тоа што куќите и нивните кровови почнале да распукнуваат, а причината за тие несреќи лежела во тоа што материјалот со кој sидале бил направен од проста набиена земја и гранки, која кога се сушела се распаѓала. Затоа колонистите во Нова Батања побарале од Министерството за аграрна реформа да им направи куќи од камен и цигла.
Во 1924 година како карактеристичен тип на колонистичка населба во Брагалничката област се издигнала Нова Батања, на 9 км. северно од Штип. Населбата Нова Батања била сместена помеѓу Овче Поле на северозапад и Ежово поле на југозапад. Блиската околина на Нова Батања била доста сува, без шуми и без површински теченија. Во летниот период деновите овде биле многу топли, а ноќе не се чувствувала никаква свежина. Атмосферските врнежи се движеле од 400-500 мм. годишно и била една од најсушните области на Балканот. Нова Батања била изградена на утрините на околните села: Долно Трогирци, Горни и Долни Балван, а била подигната во периодот од мај до ноември 1924 година. Спрема видот селото спаѓало во типот на панонско-војводински села од плански карактер. Куќите во форма на правоаголник спаѓале во војводинскиот тип и имале по две соби и кујна.
Првата поголема група колонисти пристигнала во Нова Батања во текот на летото 1924 година, а други групи пристигнале кон крајот на летото и есента. До почетокот на наредната година во Нова Батања биле населени 163 колонистички домаќинства со околу 800 жители. Од доселените најповеќе имало Срби-оптанти од Унгарија, од околината на Сегедин, а имало колонисти и од околината на Сомбор и Кикинда. Колонистите од оваа населба добивале земјиште во просек од 10-12 хектари, а поради неплодноста на земјата, тие добивале земјишта и во атарот на селата Мустафино, Сарчиево, Уларци, Крупиште и други села. Водата била најголем проблем, бидејќи и покрај бушењето на бунари при подигањето на населбата водата од нив не избивала на површината, така што колонистите вода морале да полнат од околните села. Поради новиот начин на обработка на земјата и немањето доволно земјоделски алати за обработка, голем дел од земјата колонистите ја издавале под закуп на македонски селани. Покрај земјоделство, колонистичките семејства во Батања делумно се занимавале и со сточарство, при што одгледувале коњи, свињи и гуски.
Со цел да ги надоместат загубите од земјоделието, жителите на Нова Батања со интервенција на локалните власти отвориле 6 кафеани во населбата и трговски и занаетчиски работилници, а било установено и седиште на општина и училиште.
Лошиот квалитет на водата за пиење, зимските студови, летните горештини, слабата исхрана и други фактори придонеле колонистите масовно да заболуваат од заразни болести: маларија, цревни заболувања и друго. Тоа било причина во текот на 1926 година да започнат поединечни раселувања во Војводина и Србија, така што кон крајот на 1928 година во населбата останале само 18 колонистички семејства. Во 1931 година започнала нова фаза во колонизирањето на Нова Батања.
Колонизацијата во Брегалничката област во 1924 година западнала во длабока криза. Постоечката колонизациона криза не ја криеле ниту белградските средства за јавно информирање, кои со своите статии го критикувале режимот за неуспехот на колонизацијата. Така според весникот "Време" колонизацијата на Брегалничката област била неуспешна. Овчеполието било нерационално експлоатирано и живеело како во првобитно општество. Весникот истакнувал дека тоа било мочурлива земја, така што селото Ерџелија претставувало вистинска гробница, бидејќи повеќето од колонистите изумреле од маларија. Белградската влада била критикувана затоа што за населбата Нова Батања потрошила 5 милиони динари, а сепак нејзините жители не успеале да се снајдат во земјоделието. "Време" го потенцирал и фактот дека овие колонисти немале српско национално чувство и се декларирале за Унгарци или Германци и затоа се барало нивно иселување и населување на Брегалничката област со "вистински” Срби".
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Еве малце по малце да си ја спознаеш историјата на името:



Закиев М. 3., Кузьмин-јуманади ја. Ф.
Волжские булгары и их потомки.— М.: ИНСАН, Россијскиј фонд культуры, 1993.—160 с.
Чуваши или татары — кто јавлјаетсја наследником јазыка, духовној и материальној культуры волжских булгар, кого следует считать их потомками — на этот актуальныј вопрос этногенеза этих народов пытајутсја дать ответ авторы книги. В неј критически анализируетсја бул-rapo-чувашскаја теорија, отождествлјајуштаја волжских булгар с чувашами, распространеннаја в русској и зарубежној тјуркологии. Поскольку даннаја теорија основываетсја только на некоторых лингвистических данных (другими историческими фактами не подтверждаетсја), авторы обраштајут особое внимание на раскрытие характера јазыка волжских булгар, которыј, как доказываетсја авторами, характеризуетсја не чувашскими, а обычнотјуркскими особенностјами.
Длја широкого круга читателеј, ученых и специалистов, интересујуштихсја историеј и происхождением народов Поволжьја.


Переселение булгар




Зуми:




Великаја Болгарија

http://www.bolgar.info/realtime.php
За ова треба да им кажете фала на русите затоа што ако Русија не ја подржеше болварија овај бугарија вие никогаш немавте да бидете автономна држава.За разлика од Македонија.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
сорено уште да ставам за свињарите за да видиш дека сте тука некаде?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Vo 1948 godini stotici iljadi Makedonci, pome|u koi i 40,000 deca bea primorani da gi napu{tat svoite domovi vo sega{na Grcija i do den deneska ne im e dozvoleno da se vratat.
Овие да не се бугари? Ви се молам поштедете ме. Многу македонци од егејска македонија живеат околу мене.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
не и жртвите и нивните фамилии...кој бе спасил 50000 бг евреи:pos2::pos2:

и они биле пракани по фабриките и логорите!!!!!!!

не бегај од историјата пред фактите и боговите молчат....од балканските до втора светска војна влевате само за ова парче библиска земја....немате претензии а САН СТЕФАНСКИОТ документ ви е библија и празник:pos2:
То со вас е много трудно да се води разговор. Прочете ли линкот коj ти го дадох? Ja виж тука кои е на второ место.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
I OD KOJA VISTINA NEMA BEGANE ????


MAKEDONSKI BUGARIN????

Molam za objasnuvanje na ovoj poim????

Kineski JAponec....nesto vo toj stil li e???


Ili pak eden od roditelite e Makedonec a drugiot Bugarin....navistina ne mi e jasno...???

Ili pak mozebi ovie sto denes imaat Bugarski pasosi se makedonski Bugari...???

Ili pak onie Egejski Makedonci koi begale kon Pirinska Makedonija za da spasat ziva glava , i koi pod ogromen pritisok morale da se pista Bugari se makedonski Bugari...???
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
MAKEDONSKI BUGARIN????

Molam za objasnuvanje na ovoj poim????

Kineski JAponec....nesto vo toj stil li e???


Ili pak eden od roditelite e Makedonec a drugiot Bugarin....navistina ne mi e jasno...???

Ili pak mozebi ovie sto denes imaat Bugarski pasosi se makedonski Bugari...???

Ili pak onie Egejski Makedonci koi begale kon Pirinska Makedonija za da spasat ziva glava , i koi pod ogromen pritisok morale da se pista Bugari se makedonski Bugari...???
Bi trebalo teh da gi prashash :)
Nikoi ne gi e kolil i besil da se pishat bulgari:)
Nekoi ot teh sa bili i minister-predsedateli na Bulgaria..
Ako sa sakali da sa begali vo Vardarska Makedonija
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
MAKEDONSKI BUGARIN????

Molam za objasnuvanje na ovoj poim????

Kineski JAponec....nesto vo toj stil li e???


Ili pak eden od roditelite e Makedonec a drugiot Bugarin....navistina ne mi e jasno...???

Ili pak mozebi ovie sto denes imaat Bugarski pasosi se makedonski Bugari...???

Ili pak onie Egejski Makedonci koi begale kon Pirinska Makedonija za da spasat ziva glava , i koi pod ogromen pritisok morale da se pista Bugari se makedonski Bugari...???
оние кои бегале после илинденското востание и после балканските војни од овие краишта, дел од нивните потомци сега се најгласни на ``браникот на бугарштината``, еве од овие на форумов голем дел можат и да ти потврдат дека се потомци на тие бегалци.... бугарија ги пречекала им дала некој имот и обично служби воени или слични дејствија на некој начин како србите со ``краините`` или грците шо им дадоа на малоазијците после размента на население со турција во погранични места да се ``ред и поредок``..слично нешто има и бугарија направено...најдобар начин на одродуванје дај му служба и тој ќе те есапи за ``спасител``
 
R

RAYTHEON23

Гостин
То со вас е много трудно да се води разговор. Прочете ли линкот коj ти го дадох? Ja виж тука кои е на второ место.


еве мило



Bulgaria was a strong supporter of the Holocaust, rounding up thousands of Jews in occupied Thrace and Macedonia to be deported to death camps. However, when it came to its own Jewish citizens, the government faced strong opposition from Peshev and the Bulgarian Orthodox Church. Although Peshev had been involved in various anti-Semitic legislation that had passed in Bulgaria during the early years of the War, the decision by the government to deport Bulgaria’s 48,000 Jews on March 8 1943 was too much for Peshev. After being informed of the deportation, Peshev tried several times to see Prime Minister Bogdan Filov but the prime minister refused. Next, he went to see Interior Minister Petur Gabrovski insisting that he cancel the deportations. After much persuasion, Gabrovski finally called the governor of Kyustendil and instructed him to stop preparations for the Jewish deportations. By 5:30 p.m. on March 9, the order had been cancelled. After the war, Peshev was charged with anti-Semitism and anti-Communism by the Soviet courts, and sentenced to death.

значи било решено пишува македонија не бугарија пишува бугарија


Bulgaria was a strong supporter of the Holocaust, rounding up thousands of Jews in occupied Thrace and Macedonia to be deported to death camps.

и човекот бил анти-семитист......!!!!!!!!!!


After the war, Peshev was charged with anti-Semitism and sentenced to death.:helou:

во секој случај барем навреме му текнало да спаси....ама кај бил за македонските евреи......48000 стопирал....а остатокот!!!!!!

 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
еве мило



Bulgaria was a strong supporter of the Holocaust, rounding up thousands of Jews in occupied Thrace and Macedonia to be deported to death camps. However, when it came to its own Jewish citizens, the government faced strong opposition from Peshev and the Bulgarian Orthodox Church. Although Peshev had been involved in various anti-Semitic legislation that had passed in Bulgaria during the early years of the War, the decision by the government to deport Bulgaria’s 48,000 Jews on March 8 1943 was too much for Peshev. After being informed of the deportation, Peshev tried several times to see Prime Minister Bogdan Filov but the prime minister refused. Next, he went to see Interior Minister Petur Gabrovski insisting that he cancel the deportations. After much persuasion, Gabrovski finally called the governor of Kyustendil and instructed him to stop preparations for the Jewish deportations. By 5:30 p.m. on March 9, the order had been cancelled. After the war, Peshev was charged with anti-Semitism and anti-Communism by the Soviet courts, and sentenced to death.

значи било решено пишува македонија не бугарија пишува бугарија


Bulgaria was a strong supporter of the Holocaust, rounding up thousands of Jews in occupied Thrace and Macedonia to be deported to death camps.

и човекот бил анти-семитист......!!!!!!!!!!


After the war, Peshev was charged with anti-Semitism and sentenced to death.:helou:

во секој случај барем навреме му текнало да спаси....ама кај бил за македонските евреи......48000 стопирал....а остатокот!!!!!!

Точно там е проблемот - пред Германиjа тие земи били окупирани и немало никаков начин тие да бидат спасени, а со них се почнувало. Реално не само Пешев, а и голем дел од блгарското обштество се застапува за евреите и в краjна сметка Блгариjа е една от малкото страни заедно с Даниjа коjато спасjава евреите си. Така че когато ни наричате фашисти, помислете дали обштеството ни е било фашистко или неколко болни мозака от владата.

Еве : "Председателјат на "Шалом" Максим Беневисти зајави, че има много кандидати за спасители на б'лгарските евреи, но за еврејската обштност в Б'лгарија спасителјат е масовата подкрепа, којато б'лгарите оказват в онзи момент."
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
За ова треба да им кажете фала на русите затоа што ако Русија не ја подржеше болварија овај бугарија вие никогаш немавте да бидете автономна држава.За разлика од Македонија.
Tи па се посра. Требува некои да те измие
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Точно там е проблемот - пред Германиjа тие земи били окупирани и немало никаков начин тие да бидат спасени, а со них се почнувало. Реално не само Пешев, а и голем дел од блгарското обштество се застапува за евреите и в краjна сметка Блгариjа е една от малкото страни заедно с Даниjа коjато спасjава евреите си. Така че когато ни наричате фашисти, помислете дали обштеството ни е било фашистко или неколко болни мозака от владата.
тогаш фашистичко, после комунистичко ( посебно после димитров и идењето на тодорчо), а сега во демократија вие успеавте да ја задржите матрицата на негирање на Македонското и околу тоа да си ја градите националната стратегија која по однос на Македонија не претрпува измени во овие три системи.
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
Vo Pirinsko ne zivees sam , dozvolete im na tie sto se custvuvat Makedonci taka i da se deklariraat i ke gledame napred nema problem...Nie nemame problem so tie sto se custvuvat kako Bugari (pa duri nitu so onie na koi predcite im bile Makedonci a denes se custvuvat kako Bugari) nie imame problem so onie na koi Bugarskata drzava im zabranuva pravoto na samoopredeluvanje...
Imame problem so kradenjeto i izvetoperuvanjeto na istorijata...
Imame problem so postojaniot pritisok od Bugarska strana vo obid za pretstavuvanje na Makedoncite kako Bugari...
Znaci nie imame problem so vas a ne vie so nas...
Vie go zimate naseto i se kitite so drugi perja...


Patem ova go dobiv po PP...

ebem makedonski seliani
Abe skopski ciganin znam ce te boli ot fakta ce si predstavitel na "nacia" sazdadena s dekret ot Tito prez 1944 godina.Znam ce te e iad i na tova ce govorish na izkriven bulgarski ezik obace osven da ti naeba maikata i sestrata dokato ti mi lijesh gaza drygo ne moga da napravia za tebe.kakvi ste vie be "makedonci"!!! Pomiari-enicari koito si nemat istoria pa kradat bulgarskata i grackata,nemat si ezik pa kradat otnovo bulgarskiat i go obiaviavat za "makedonski" cak i znameto vi prilica na tova na Japan navy.Fucking rednecks.Ako imahte dostatacno mozak v selskite tikvi da razberete kakvi Jugoslovenski laina ste stehte da se hvarlite y Vardaro i da ni otarvete nas makedonskite bulgari ot jalkoto si prisastvie.


Ova se zborovi na eden isplasen predavnik na kogo so vremeto jasno mu stanalo deka od vistinata nema beganje...

MAkedonskite bugari??????

Ke mi objasni li nekoj sto e toa????

MUTANT????
Секои може да се декларира каков си сака. Еве на преброjуване се декларирале близо 5 илиади. Кои ги е спречил. Имат сички права. Ако сакат могат да учат вашиот македонски. А он не им е маичин, оти татковците не са говориле како во вардарско. Ама никои не им пречи да го учат. Ако сакат и кинески или хинди. Како бугарски грагани имат сите права како сите. Ни повеке ни по малко.

За ПП ке ти кажа дека ас сум получавал по мрсни от македонци. Ама овои език и од наши и од ваши не го аресовам. Ного е лошо. Во секое стадо има црни овци.

Македонски бугарин е бугарин од геогравска област Македониjа.

Надевам се дека ке бида разбран. Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom