Дали може вака да се постапува со цајкан во Македонија?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Видеово го видов пред некој ден, и доста размислував за него.

1. Дали во Република Македонија граѓаните имаат право да побараат да се идентификува цајканот?

2. Дали граѓаните имаат правна основа да прашаат/дознаат зошто еден цајкан ги запира и испрашува, посебно ако се работи за нелегална активност од негова страна?

3. Дали цајкан смее да забрани или насилно да спречи да го снимиш?

Би сакал да зе развие дискусија за да дознаеме поподробно каков е законот, а каква праксата и да одговориме на прашањето “што ако’’ цајкан ги прекорачи овластувањата. Во САД полицијата премногу ги прекорачува овластувањата, да не речам нешто потешко.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Првите две права граѓаните ги имаат преку 30 години....само изгледа не ги користеле/ат од неинформираност или страв.....
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Видеово го видов пред некој ден, и доста размислував за него.

1. Дали во Република Македонија граѓаните имаат право да побараат да се идентификува цајканот?

2. Дали граѓаните имаат правна основа да прашаат/дознаат зошто еден цајкан ги запира и испрашува, посебно ако се работи за нелегална активност од негова страна?

3. Дали цајкан смее да забрани или насилно да спречи да го снимиш?

Би сакал да зе развие дискусија за да дознаеме поподробно каков е законот, а каква праксата и да одговориме на прашањето “што ако’’ цајкан ги прекорачи овластувањата. Во САД полицијата премногу ги прекорачува овластувањата, да не речам нешто потешко.
По мене типов што снима се изживува и глупира. Се обидува да докаже нешто на начин на кој мало дете би помислило. Крајно е некултурен, за разлика од полицаецот.

За третото прашање, мислам дека било кој би требало да може да спречи било кого да го снима. Каков е законот, не знам.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
абе можеш да му контраш на џандар(еве на пример сообраќаец)ама после 300 рачки че ти најде за те пише,и да го јадеш на крајот...ако си скроз на скроз исправен,носиш се што треба во колата,не си пиел,едноставно 100% исправен,е тогаш мислам дека можеш комотно да му контраш на џандар,да му речеш да се идентификува,да ти даде потврда за исправен апарат за мерње промили,исправен и баждарен радар,па после оти не е врзан џандарот,оти го тресе цигарот на асфалтот,и такви работи:smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
За Мисирков:
1. Да! И несмее да го одбие тоа!
2. Апсолутно!
3. Јас сум сликал, не сум снимал. И, ништо не ми проговорил. Секако, сликите отишле во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.
Од формална страна сум ги заебувал, па не ми пишале казни, или паѓале понатаму во постапката...
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Хмм, интересно... Мене во 12 по полнок ми упадна полиција дома ( притоа кршејки ја капијата од споредната врата и со клоца ја шутираа вратата од летната куја) со единствена цел ЗАПЛАШУВАЊЕ, по не така деталната истрага се утврди дека наводно ме пријавил "некој" за гласна музика но по извршената "контрола" утврдиле дека немало гласна музика, но најбитното - целиот случај не бил заведен во книгата.
Сакам да кажам, некои полицајци кај нас се културни, фини и си ја вршат работата, но некои ( особено од П.Ц. Битпазар ) се поранешни криминалци и тешко дека си ја вршат работата
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Хм... не сум имал поголема мака со полиција до сега. Ме имаат гњавено со моторот, но откако ке завршеа стално следуваше ова... А сега јас да прашам, како се викаш? И оп, полицаецот прави кисела фаца и нерадо одговара на прашањето, притоа нагласувајки дека пријатели и врски нема да ми помогнат :)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
mislam deka gragjanite imaat pravo da mu pobarat ligitimacija na policaecot i toj trebe da mu ja pokaze

a inaku toa za racki ako saka da ti najde policaecot moze u sekoj moment da ti najde so saka i koga saka i ke te kazne samo da ne na ume
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
А зашто да немам право да побарам легитимација од полицаец?Ако веќе ме испитува и јас треба да му одговорам сакам да видам легитимација.Не треба воопшто да се противи и притоа да се одрази негативно поради моето културно барање на легитимација.Чести се случаите во кој луѓе облечени во униформи кои не се полицајци малтретираат луѓе.Така да имам целосно право како ѓраѓанин на тоа.
А за полицајците дека бараат и си наоѓаат рачки било и ќе биде.Не зборам значи за сите.Има некој што најсовесно и најкоректно си ја извршува работата и такви што буквално ја злоупотребуваат моќта која им е дадена.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
На обичен цајкан да ке се осмелам да му побарам легитимација пред да почне да ме испрасува и слични работи....
ама еве на Алфите има некој смелост така во испрачување да му побараш легитимација за да се осигуреш дека навистина е од нив?

Првин ке добиеш добар котек па после ке ти каже дека било некаква гршка дека било недоразбирање:uvo:
 
Agamemnon

Macedonia forever
Член од
8 јуни 2009
Мислења
61
Поени од реакции
12
Видеово го видов пред некој ден, и доста размислував за него.

1. Дали во Република Македонија граѓаните имаат право да побараат да се идентификува цајканот?

2. Дали граѓаните имаат правна основа да прашаат/дознаат зошто еден цајкан ги запира и испрашува, посебно ако се работи за нелегална активност од негова страна?

3. Дали цајкан смее да забрани или насилно да спречи да го снимиш?

Би сакал да зе развие дискусија за да дознаеме поподробно каков е законот, а каква праксата и да одговориме на прашањето “што ако’’ цајкан ги прекорачи овластувањата. Во САД полицијата премногу ги прекорачува овластувањата, да не речам нешто потешко.

Како прво мислам дека користиш погрешен израз-цајкан.Во Македонија немај цајкани,џандари и сл. туку има полицајци(официјално полициски службеници). Што се однесува до прашањата еве ќе се обидам да ти одговорам.

1.- Кога униформираниот полицискиот службеник превзема мерки од овластувањата е должен на барање на граѓанинот да се легитимира.Кога мерките ги превзема во цивилна облека полицискиот службеник е должен најнапред да се легитимира. Полицискиот службеник нема да се легитимира пред превземање на мерките доколку со тоа се доведува во прашање нивното извршување.Во тој случај полицискиот службеник ќе се легитимира по превземањето на мерките. Легитимирањето се врши на тој начин што полицискиот службеник на граѓанинот од својата рака му ја покажува службената легитимација и соопштува на која организациона единица(полициска станица) припаѓа.

2.- При превземање на мерки од овластувањата полицискиот службеник е должен да го информира граѓанинот за причините поради кои ги превзема мерките кон граѓанинот.

3.- Никој нема право да снима некого (без разлика дали е полицаец на должност или обичен граѓанин) без негово одобрување бидејки тоа претставува нарушување на приватноста на лицето.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Значи кога некој полицаец ќе те запре треба да те информира за што те запира и испрашува и слободно може да побараш да се идентификува.
Тоа е правило, но знаеме сите дека кај нас не важат многу правилата кога станува збор за полицајците. Многу од нив имаат ниво на култура кое влегува во минус. Мислат дека ако тие се оние кои треба да ги пронајдат и казнат прекршувачите на закон дека нив никој ништо не им може. А тие ги прекршуваат законите постојано. Ако се приговара кон нив за тоа мислам дека ќе нема резултат (значи има чесни исклучоци на културни полицајци), но затоа постојат сектори во Министерството за внатрешна работа кое ги прима сите тие преговори и може да ги санкционира.

Јас лично се трудам да го почитувам законот и да не дојдам во ситуација да ме запре полицаец и испрашува. Освен еднаш кога ме сопреа со кола а јас не ни имав возачка (која требаше за некој ден да ја земам) и плус само што излезе новиот закон за неискусни возачи, но имам среќа што студирам право и го знаев законот па им го раскажав јас речиси и им најдов дупка зашто немам возачка и ме пуштија :) Ама културно си разговарав со нив.
Многу често греши и оној кој е испрашуван и самиот се сили и го провоцира полицаецот, па после другите им се криви. Ако си културен и почитуваш закони, нема да имаш речиси никакви проблеми.
 
Agamemnon

Macedonia forever
Член од
8 јуни 2009
Мислења
61
Поени од реакции
12
Јас лично се трудам да го почитувам законот и да не дојдам во ситуација да ме запре полицаец и испрашува. Освен еднаш кога ме сопреа со кола а јас не ни имав возачка (која требаше за некој ден да ја земам) и плус само што излезе новиот закон за неискусни возачи, но имам среќа што студирам право и го знаев законот па им го раскажав јас речиси и им најдов дупка зашто немам возачка и ме пуштија :) Ама културно си разговарав со нив.
Многу често греши и оној кој е испрашуван и самиот се сили и го провоцира полицаецот, па после другите им се криви. Ако си културен и почитуваш закони, нема да имаш речиси никакви проблеми.

Ќе те молам бидејки студираш право да ни кажеш кој е тој "нов закон за неискусни возачи" и кога стапи на сила?:helou:
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Кај нас голем дел од цајканите се довчерашни пропалици и затоа се јачаат дека се семоќни, така што ако му побараш идентификација си наебал уште повеќе. Не знам само зашто доколку му побараш идентификација се чувствуваат навредени кога тоа е законско право.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ќе те молам бидејки студираш право да ни кажеш кој е тој "нов закон за неискусни возачи" и кога стапи на сила?:helou:
Тоа не е нов закон, само е дополнет стариот уште лани во јануари мислам дека беше.
Неискусни возачи како што ги кажав се "возачи почетници" до 2 возачко години искуство. Над 2 години веќе си само возач :)

Законот си е Закон за безбедност во сообраќајот.
Еве дел ...

"Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на
моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката
дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

Член 240
(1) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите "А",
"Б" и "Ц", односно од поткатегориите "А1" и "Ц1" не смее да управува со
возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно
со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за
сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100
километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40
километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да
врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на
издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со
него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е
изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно
возило.
(3) Возачот од ставот 1 на овој член кој поседува возачка дозвола од "А"
категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема
од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од
"Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е
поголема од 75 киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)
до (4) на овој член.

Тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom