Моите први сеќавања се токму од џипот, возењето во него по цел ден и цела ноќ, препознатливиот звук и изглед и се останато... Тој е дел од мојот живот, а слободно би рекол и член на семејството.
Mahindra CJ-4 базирана на и под лиценца на Willys CJ-3B и произведена во 1970 година во погоните на Махиндра во Бомбај, Индија.
Моделот е произведен во само 3.304 примероци и сите биле за извоз во Југославија или Индонезија.
Оригиналниот 2.2 бензински "Hurricane" мотор е заменет со 2.3 дизелски од Форд Сиера. Причина - на ураганот му беа потребни минимум 20 литри бензин за слободно да дише.
Менувачот е тробрзински познат како Т18, Dana или Spicer.
Редукторот е познат како Т90, исто Dana или Spicer.
Oсовините - напред Dana 25, позади Dana 44.
(интересно е што D44
се вградува се` уште во Чироки (претежно ХЈ модел) и сите модели на Вранглер со минимални унапредувања - вградувања на диск кочници)
Поминати точно 52.879 километри, од кои 90% на лош пат.
Еве фотографија од пред околу 12 години, набрзо откако е купен џипот и најверојатно со бензинецот.
Ако ве интересира нешто друго прашајте на профил или ПП, темава нека остане само за претставување.
Видеа со теренот на кој е возен,
тука.