Партиите ги радикализираат Албанците

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Да чепкам по постовите за да најдам твој став кој ти го демантира погоре напишаното :)

тоа беше хипотетички наменето до тебе со кое се трудев да ти објаснам ...
 
Не ја извртувај дискусијата.
Полемиката е во пронаоѓањето на различните ставови.

Како симпатизери и подржувачи на ДПМНЕ, не можете да го исперете фактот кој вели дека во ставовите помеѓу позицијата и опозицијата околу спорот со името.....нема различности, туку политичко профитирање врз чувствата на Македонските граѓани од страна на партијата која е на власт.

Ете едно прашање до тебе.
Дали доколку се дојде до таков компромис, ти би го подржал ?

Истото прашање важи за преостанатите подржувачи на ДПМНЕ.

Не сум поддржувач ниту на ВМРО, ниту на СДСМ. Компромис не постои и нема што да се прифаќа или не. Грујо ја има мојата поддршка за името АКО И САМО АКО не се прифати ништо од грчка страна.
 
Македонија прифати да преговара за спорот на Грција со нашето име.
ООН го назначи Нимиц како посредник и додека не се реши спорот ние сме заведени под референца БЈРМ.
Инаку, според меѓународни закони, неоспорно право е на граѓаните на државата да одлучуваат под кое име се заведуваат во ООН.
Само народот добро е да не знае многу работи за да може да биде манипулиран од државотворни папи.

Е сега ако прифатиме Северна Македонија, тоа ќе биде веќе име на државата, белег и референцата се трга.

ТОЧНО! То ест не преговараме за референца, туку за име. И не е можно само да се најде замена за референцата. Таква опција не постои
 
Оди објасни им што значи променето име заверено од твоја страна и како тоа ќе ти го гарантира идентитетот.
Каша попара ќе стане со нашиот идентитет.
Прво соседите ќе не поделат, “јужномакедонците“ ќе ги стават под капата на хелените, источните под капата на Бугарите, северните под капата на Србите и западните под капата на Албанците.
И многу мудро ќе биде сето тоа на крај да ставиш геогравска одредница, демек само северните се Македонци.

Ужас.
 
Затоа единствен начин - одолговлекување до ХХХХ, откажување од преговори и потоа одење со само еден аргумент - декларација за човекови права од ООН. :toe:
 
Ај некој нека објасни што е тоа ЗАМЕНА ЗА РЕФЕРЕНЦАТА ФИРОМ. Како може со име да се замени референца?

Таа манипулација честопати се користи за фрлање песок во очите на сопствените конзументи, за да се оправда она другото , вистинската намера на трикот.
 
Значи за да бидеме на чисто.
Вашата подршка кон ДПМНЕ и Груевски важи до денот кога тој и неговите мегафони ќе почнат разумниот компромис да ви го пропагираат како добро решение за окончување на спорот ?

Прав сум...или ?

Овде да напоменам дека ставовите напишани на Кајгана, ќе стојат и во иднина.
 
Не генерализирај.
Тоа беше мој став, а не на тие кои ги поддржуваат ВМРО. Јас ако сакаш и потпис на нотар ќе ставам за тоа.
 
Не генерализирај.
Тоа беше мој став, а не на тие кои ги поддржуваат ВМРО. Јас ако сакаш и потпис на нотар ќе ставам за тоа.
Прашањето повеќе се однесуваше на преостанатите членови, но сепак добро е што се изјасни.
 
Одиме повторно од почеток:
Грците сакаат промена на нашето име по секоја цена и активно работат на тоа поле и од надвор и од внатре.
СДСМ не сака промена на нашето име,ама ако им се гарантира од ЕУ враќање на власт, па зошто да не
Албанците не сакаат промена на име, тие сакаат федерализација, кантонизација итн. ама ако тоа можат да го добијат со притисокот за промена на името зошто да не.
ВМРО-ДПМНЕ не сака промена на име, но како позиција својот тврд став мора да го балансира заради власта што ја има и да одолее на сите притисоци од страна и од внатре.
 
realen_07, бидејќи гледам сакаш хипотетички да претпоставуваш може да одговориш на две хипотези.

1.Грујо и ВМРО решат да го сменат името во Северна Македонија. Тоа е за надворешна употреба (секаде), дома сме си РМ. Остануваме Македонци. Влегуваме експрес во НАТО, ни ветуваат се и сешто за ЕУ.
ДАЛИ ЌЕ СИ ЗА ИЛИ ПРОТИВ?

2.ВМРО паѓа од власт (сега или за 3 години), бидејќи сите се разочарани што не влеговме никаде. СДСМ и Бране формираат влада, ВМРО вика нема да се буни за ништо. СДСМ решаваат да го сменат името во Северна Македонија. Тоа е за надворешна употреба (секаде), дома сме си РМ. Остануваме Македонци. Влегуваме експрес во НАТО, ни ветуваат се и сешто за ЕУ.
ДАЛИ ЌЕ СИ ЗА ИЛИ ПРОТИВ?
 
Партиите ги радикализираат Албанците

vistina e , Vmro saka da ja unisti drzavata , vo ime na patriotizmot (!).

Toa ne mu uspea na Vmro-to na Georgievski , ke pocekame da gledame dali ke mu uspee na Vmro-to na Gruevski.
 
vistina e , Vmro saka da ja unisti drzavata , vo ime na patriotizmot (!).

Toa ne mu uspea na Vmro-to na Georgievski , ke pocekame da gledame dali ke mu uspee na Vmro-to na Gruevski.

Грешка си државата веќе ја уништи Албанскиот патриотизам олицетворен преку т.н човекови права.
 
realen_07, бидејќи гледам сакаш хипотетички да претпоставуваш може да одговориш на две хипотези.

1.Грујо и ВМРО решат да го сменат името во Северна Македонија. Тоа е за надворешна употреба (секаде), дома сме си РМ. Остануваме Македонци. Влегуваме експрес во НАТО, ни ветуваат се и сешто за ЕУ.
ДАЛИ ЌЕ СИ ЗА ИЛИ ПРОТИВ?
Да. Веќе имам напишано дека ќе подржам решение со кое само ФИРОМ би се заменило со сложено име, каде што уставот не би претрпел промени и каде што освен Македонска нација нема друго ништо да стои.

Но, во овој случај, никако неможам да му простам на ДПМНЕ и Груевски, за разединувањето на Македонците манифестирано преку три годишното барање предавници.

2.ВМРО паѓа од власт (сега или за 3 години), бидејќи сите се разочарани што не влеговме никаде. СДСМ и Бране формираат влада, ВМРО вика нема да се буни за ништо. СДСМ решаваат да го сменат името во Северна Македонија. Тоа е за надворешна употреба (секаде), дома сме си РМ. Остануваме Македонци. Влегуваме експрес во НАТО, ни ветуваат се и сешто за ЕУ.
ДАЛИ ЌЕ СИ ЗА ИЛИ ПРОТИВ?
Мислам дека одговорот го имаш во првата реплика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom