Партиите ги радикализираат Албанците

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Партиите ги радикализираат Албанците
Регионализација,нов договор меѓуМакедонците иАлбанците, се' до самоопределување со можност за отцепување и припојување кон други држави, се сценаријата што се во игра во албанскиот
политички блок
Според нив, разврската на проблемот со името како услов Македонија да стане членка на НАТО треба да се случи наесен оти крајот на годината може да биде предоцна, бидејќи расте напнатоста кај Албанците.

Во владејачката ДУИ вчера не сакаа да зборуваат кои се алтернативите на Албанците што ги најави потпретседателката Теута Арифи ако до крајот на годинава не се реши името и не се напредува во евроинтеграциите. Потпрестедателот Рафиз Алити вчера повтори дека нема бесконечно да чекаат да се реши проблемот со името и дека на премиерот Никола Груевски веќе му го испорачале рокот.

- Арифи упати јасна порака до ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, но и до тие во ДУИ, ако има такви што калкулираат дали треба и понатаму да бидеме дел од Владата ако не се затворат тие прашања. Друг пат за Македонија нема. Ако некоја релевантна партија од македонскиот блок мисли поинаку, чесно би било да им каже на Албанците која е алтернативата, односно каде оди Македонија - вели Алити.

Алити вели дека роковите што му ги поставиле на Груевски не се уцена или страв оти ВМРО-ДПМНЕ и нив ќе ги потроши, туку дека се во интерес на перспективата на земјава. Алити сепак признава дека ДУИ е најголем губитник од откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.

- На ВМРО-ДПМНЕ и' даваме шанса заради перспективата на земјава. Лидерот Али Ахмети го згасна жарчето по незадоволството во ДУИ од ситуацијата со Сејдиу. Да беше пожесток, во истиот момент ќе требаше да ја напуштиме Владата. Но, сега не е момент за тоа - вели Алити.
- Алтернативите што се споменуваат треба да ги анализира Владата оти сите сценарија се можни во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите. Ако има понатамошно забавување на економијата и евроинтеграциите, албанските партии ќе бараат други алтернативи. Сметам дека напнатоста ќе се зголеми во септември и оти е оптимистичка најавата дека тоа ќе се случи кон крајот на годинава. Можни се сите сценарија, дури и крајната опција - барање за самоопределување до отцепување. Со оглед на состојбите во регионот, ова не е ниту малку наивно, ако се има предвид дека такви барања веќе има во Босна и во Косово. Можно е тоа да се рефлектира и во Македонија - вели Муслиу и додава оти тие теми сериозно ќе бидат присутни.

Тој истакнува дека најавите на Руфи Османи и на Мендух Тачи за нов договор не треба да се потценат оти тие се сериозни политички играчи кои имаат поддршка кај Албанците и дека ДУИ не ќе може да стои на страна од случувањата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1BFF6C4AF11EAF428EE48AEA6222936A





Го скратив малку текстот и болдирав некои од позначајните делови од изјавата...дали овде некој демонстрира сила???
Значи „табу темите“ кои излегоа од некои усти пред неколку месеци не биле така прикаски за плашење дечиња.
Октоподот работи...а до каде му стигнале пипките се гледа секој ден појасно. Нормални ли сте вие ? Не е ВМРО одговорна туку МАКЕДОНЕЦОТ...секој еден сака Македонија, а вие преиспитајте ги алтернативите!
 
Ако некоја релевантна партија од македонскиот блок мисли поинаку, чесно би било да им каже на Албанците која е алтернативата, односно каде оди Македонија - вели Алити.
Еве ја Братот опасноста од тезата глумење преговори која ДПМНЕ ја форсира во последно време.

Значи не треба да бидеш кој знае каков политиколог или аналитичар за да ги осуетиш апетитите на Албанците доколку Македонија во блиска иднина не го реши спорот со името и не влезе во НАТО и напредува кон ЕУ.

Овој проблем погоре сите го знаеа, само оние кои се најповикани да понудат некаква алтернатива, упорно го буткат под тепих....а со нивните постапки, свесно или несвесно државава ја водат кон немирни води.

Затоа, во најскоро време или прекин на преговорите и нудење јасна перспектива за Македонија (и сите оние кои живеат во неа) без НАТО и ЕУ, или стегање каиш и изнаоѓање најдобро можно решение за излез од ова стапица.

Глумењето едноставно не врви веќе.

Тоа требаше некој да го знае.


Да им порачам на сите оние кои пробуваат неспособноста и некадарноста на власта да ја исперат со некакво Бранково враќање, да не си ги трошат залудно зборовите.

Иднината на државава 100% зависи од одлуките на оние кои ја водат, т.е. првенствено од идните чекори на Премиерот и Претседателот.
Во иднина нема да има милост за секој кој поради лични интереси и рејтинзи, во неизвесност ја става иднината на Македонскиот граѓанин.

Водењето држава не е само местење тендери и сликање пред камери.
 
Водењето држава е нејзино распродавање, менување име , идентитет устав и се што ќе побараат од вас. Тоа е паметно и успешно водење, сигурна иднина , економски и безбедносно стабилна држава.
Сега барем ви олесна , се ослободивте од сите одговорности и ќе си ја вршите работата која најдобро ја знаете. Ќе кукате, ќе плакате, ќе напаѓате, кривите, правите ....се на муабет !
 
реален 07,
може ние да говориме за тендери, за братучеди на Груевски, за лопати, за статуетки и останати работи.
И тука може да се сложуваме или да не се сложуваме, нормална работа.

Но кога се работи за име, како може да немаме консензус ?

Те молам одговори ми на следниве 2 прашања.

Каде отиде привременото име БЈРМ за 3 месеци ?
Каде отиде двојната формула, кој ја напушти ?


Овакво шиканирање на сопствениот народ преку изјави на луѓе кои се на високи позиции во македонското опшество неможам јас да го окарактизирам како нормална појава, тоа е предавство на тавкоината, нит е експертско мислење нит е во интерес на Македонскиот народ.

Извини, Македонија не е таа која има проблем со своето име, со име на друга држава, дури и со регионот Македонија на другата држава која го опустоши маме му еба, М не остана од него.

Али еве одговори ми на двете прашања и одма сум на улица пред ЕУ да се клањам да ми прости што бев тврд во ставот и ветувам дека ќе го омекнам и така е офуцана ЕУ.
 
Друг говори преку Албанците, а ние треба да се пресметаме со сите опасности.

Нема никој да не уценува, за да го смениме името, било тоа Албанци или Грци или некој трет.
 
Нека пукне уште еднаш на есен па да ги решиме еднаш за секогаш , па мајке му и ЕУ и НАТО и сите реформи! Па не мора и есен да дојде и на лето може или не е стигнато оружјето уште или пак востанието не е добро организирано, сега други дејствија се во тек.
 
Пра­те­нич­ка­та на ДУИ Те­у­та Ари­фи $ се за­ка­ни на Вла­да­та де­ка "ако до кра­јот на го­ди­на­та не се ре­ши пра­ша­ње­то за име­то и не се нап­ре­ду­ва во ев­ро­ин­тег­ра­ци­и­те, Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја ќе ба­ра­ат но­ви ал­тер­на­ти­ви".
Кои се тие но­ви ал­тер­на­ти­ви? И ка­де ќе ги ба­ра­те? Во Ал­ба­ни­ја или на Ко­со­во? Или има­те не­кои дру­ги ал­тер­на­ти­ви кои ние не ги зна­е­ме. Ка­жи ни Те­у­та, мо­же и ние Ма­ке­дон­ци­те са­ка­ме да дој­де­ме со вас.
Те­у­та ка­ко да за­бо­ра­ви­ла де­ка не е 1999 или 2001 го­ди­на. И де­ка не­ма кој да ги ева­ку­и­ра ал­тер­на­тив­ци­те со ав­то­бу­си од Ара­чи­но­во.

3 Ли­де­рот на ДУИ Али Ах­ме­ти во пот­ра­га по но­ви ал­тер­на­ти­ви стиг­на до Бри­сел. Та­му го при­ми ви­со­ки­от прет­став­ник за над­во­реш­на по­ли­ти­ка и без­бед­ност на ЕУ Ха­ви­ер Со­ла­на. Бе­ше об­ја­ве­но де­ка Со­ла­на и Ах­ме­ти раз­го­ва­ра­ле за виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја за гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја.
Ис­ти­от ден пра­те­ни­кот Та­лат Џа­фе­ри, па­ту­вај­ќи со дип­ло­мат­ски па­сош, бе­ше зап­рен на Ае­род­ро­мот во Ви­е­на оти во џе­бот од пал­то­то обез­бе­ду­ва­ње­то му нај­де ча­у­ра од кур­шум.
Ако е тоа при­до­не­сот на ДУИ кон на­по­ри­те на Ма­ке­до­ни­ја за виз­на ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, се пла­шам и да по­мис­лам ка­ков ли ќе би­де при­до­не­сот ако се вклу­чат во пре­го­во­ри­те за име­то.
Не ја чув Те­у­та да збо­ру­ва за таа ал­тер­на­ти­ва.

Горан Михајловски

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=0BAEF8488902374387CCE15F0C69526F
 
Како на Горан Михајловски никој неможе да му замери за неговите текстови иако се постојано опозициски настроени ?
Кога новинар е на место, на место е , а кога е лајно предавничко е лајно предавничко.
 
Водењето држава е нејзино распродавање, менување име , идентитет устав и се што ќе побараат од вас. Тоа е паметно и успешно водење, сигурна иднина , економски и безбедносно стабилна држава.
Пак погрешна теза. НИКОЈ, ама никој во Македонија нема да промени идентитет устав и се што ќе побараат од нас. Колку побрзо тоа ти влезе на тебе и на останатите во глава, толку подобро за државава.
Сега барем ви олесна , се ослободивте од сите одговорности и ќе си ја вршите работата која најдобро ја знаете. Ќе кукате, ќе плакате, ќе напаѓате, кривите, правите ....се на муабет !
Барем за тебе е лесно....нели. Ти секогаш си имаш втора држава. Што правам јас кога Македонија ми е се што имам ?
реален 07,
може ние да говориме за тендери, за братучеди на Груевски, за лопати, за статуетки и останати работи.
И тука може да се сложуваме или да не се сложуваме, нормална работа.

Но кога се работи за име, како може да немаме консензус ?

Те молам одговори ми на следниве 2 прашања.
Славјански. Јас до утре сабајле би ти одговарал на твоите прашања (не дека не сум одговарал), но дали мислиш дека со тоа ќе придонесеме нешто конструктивно за иднината на државата ?

Јас би ти препорачал да погледнеш малку нанапред.

Друг говори преку Албанците, а ние треба да се пресметаме со сите опасности.
Токму тоа и ме плаши. Страшно е што Албанскиот фактор во државава не превзема никакви чекори, без за тоа да има претходно обезбедено подршка.
Нема никој да не уценува, за да го смениме името, било тоа Албанци или Грци или некој трет.
Декларативно и јас сум за. Но за да не се повторувам, најверојатно се сеќаваш на муабетот за контролираната штета.
Нека пукне уште еднаш на есен па да ги решиме еднаш за секогаш
Ти коа пукна 2001-ва овде беше ?
 
Еј ај нека не се користат Албанците како стимуланс за свршавање, ај ве моља!

Ниеден албанец нема да радикализира друг албанец повеќе, одошто самите Македонци со вакви глупости.

Олабавете малку.
 
Мислам дека сево ова е само подготвување на теренот за т.н. компромис околу името...
 
Мислам дека сево ова е само подготвување на теренот за т.н. компромис околу името...


Не ти требаше оваа ДИРЕКТНОСТ! Ги пресече сите понатамошни сценарија кои ќе ги читавме во понатамошниот тек на дискусијава тука на форумов,мада едно веќе прочитав (подзаскриено) ! :tv:
 
Славјански. Јас до утре сабајле би ти одговарал на твоите прашања (не дека не сум одговарал), но дали мислиш дека со тоа ќе придонесеме нешто конструктивно за иднината на државата ?

Јас би ти препорачал да погледнеш малку нанапред.

За да погледнам напред, мора да ми помогнеш со одговорот на моите две прашања, можда јас погрешно резонирам, погрешни сваќања имам, еве помогни да го најдеме патот.

Значи одговорот е...
 
Не ти требаше оваа ДИРЕКТНОСТ! Ги пресече сите понатамошни сценарија кои ќе ги читавме во понатамошниот тек на дискусијава тука на форумов,мада едно веќе прочитав (подзаскриено) ! :tv:
Извини, ама таков сум...директен...
И затоа не ме бива за политичар...ама знам да соберам 2+2...
 
Пак погрешна теза. НИКОЈ, ама никој во Македонија нема да промени идентитет устав и се што ќе побараат од нас. Колку побрзо тоа ти влезе на тебе и на останатите во глава, толку подобро за државава.
Барем за тебе е лесно....нели. Ти секогаш си имаш втора држава. Што правам јас кога Македонија ми е се што имам ?
Славјански. Јас до утре сабајле би ти одговарал на твоите прашања (не дека не сум одговарал), но дали мислиш дека со тоа ќе придонесеме нешто конструктивно за иднината на државата ?

Јас би ти препорачал да погледнеш малку нанапред.

Токму тоа и ме плаши. Страшно е што Албанскиот фактор во државава не превзема никакви чекори, без за тоа да има претходно обезбедено подршка.
Декларативно и јас сум за. Но за да не се повторувам, најверојатно се сеќаваш на муабетот за контролираната штета.
Ти коа пукна 2001-ва овде беше ?

И јас имам една држава и тоа е Македонија. Работам во друга оти во мојата Македонија нема моментално работа за сите , па да им олеснам на другите. Второ државјанство немам незнам дали би имал некогаш , ама и да имам дома секогаш Македонија ќе ми биде.
Контрадикторности помеѓу нас, малку иронично е , јас надвор обезбеден сакам да си ја зачувам државата , а ти си спремен да и го промениш името (а велиш дека е се што имаш) , оти некој ти вели дека така подобро ќе живееш. Најважно од твој аспект е , немаш гаранција за тоа што ти го нудат!
ДА во 2001 бев во Македонија и таму останав до крајот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom