Партиите ги радикализираат Албанците
Регионализација,нов договор меѓуМакедонците иАлбанците, се' до самоопределување со
можност за отцепување и припојување кон други држави, се сценаријата што се во игра во албанскиот
политички блок
Според нив, разврската на проблемот со името како услов Македонија да стане членка на НАТО
треба да се случи наесен оти крајот на годината може да биде предоцна, бидејќи расте напнатоста кај Албанците.
Во владејачката ДУИ
вчера не сакаа да зборуваат кои се алтернативите на Албанците што ги најави потпретседателката Теута Арифи ако до крајот на годинава не се реши името и не се напредува во евроинтеграциите. Потпрестедателот Рафиз Алити вчера повтори дека
нема бесконечно да чекаат да се реши проблемот со името и дека на премиерот Никола Груевски веќе му го испорачале рокот.
- Арифи упати јасна порака до ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, но и до тие во ДУИ, ако има такви што калкулираат дали треба и понатаму да бидеме дел од Владата ако не се затворат тие прашања.
Друг пат за Македонија нема. Ако некоја релевантна партија од македонскиот блок мисли поинаку, чесно би било да им каже на Албанците која е алтернативата, односно каде оди Македонија - вели Алити.
Алити вели дека
роковите што му ги поставиле на Груевски
не се уцена или страв оти ВМРО-ДПМНЕ и нив ќе ги потроши, туку дека се во интерес на перспективата на земјава. Алити сепак признава дека
ДУИ е најголем губитник од откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
-
На ВМРО-ДПМНЕ и' даваме шанса заради перспективата на земјава. Лидерот Али Ахмети го згасна жарчето по незадоволството во ДУИ од ситуацијата со Сејдиу.
Да беше пожесток, во истиот момент ќе требаше да ја напуштиме Владата. Но, сега не е момент за тоа - вели Алити.
- Алтернативите што се споменуваат треба да ги анализира Владата оти сите сценарија се можни во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите. Ако има понатамошно забавување на економијата и евроинтеграциите, албанските партии ќе бараат други алтернативи.
Сметам дека напнатоста ќе се зголеми во септември и оти е оптимистичка најавата дека тоа ќе се случи кон крајот на годинава.
Можни се сите сценарија,
дури и крајната опција - барање за самоопределување до отцепување. Со оглед на состојбите во регионот,
ова не е ниту малку наивно, ако се има предвид дека такви барања веќе има во Босна и во Косово. Можно е тоа да се рефлектира и во Македонија - вели Муслиу и додава оти тие теми сериозно ќе бидат присутни.
Тој истакнува дека
најавите на Руфи Османи и на Мендух Тачи за нов договор не треба да се потценат оти тие се сериозни политички играчи кои имаат поддршка кај Албанците и дека ДУИ не ќе може да стои на страна од случувањата.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1BFF6C4AF11EAF428EE48AEA6222936A
Го скратив малку текстот и болдирав некои од позначајните делови од изјавата...дали овде некој демонстрира сила???
Значи „табу темите“ кои излегоа од некои усти пред неколку месеци не биле така прикаски за плашење дечиња.
Октоподот работи...а до каде му стигнале пипките се гледа секој ден појасно. Нормални ли сте вие ? Не е ВМРО одговорна туку МАКЕДОНЕЦОТ...секој еден сака Македонија, а вие преиспитајте ги алтернативите!