Не знам колку бевте информирани, но синоќа од 1:00 се оддржа промоцијата на Чекераукц во Хард Рок. Јас бев и лично, убаво си поминав.
Димитри Је Ја Јо беше диџејот на вечерта и воедно еден од диџеите на Токсикологија. Правеше warm-up со песни од Легијата измиксано со некои амерички хитовски хип хоп траки и заврши со микс на олд скул со њу скул.
Спотот е супер, целата екипа е опфатена во видео-записот, а во Хард Рок вчера присуствуваа и настапуваа само Пука козметика, Скит, Желе, СиГи, Џоле, Гоги, Кацар и Боро Лаказ, а тука беа и Слаткар и Тони Зен (кој патем на 8.11 ќе има свој настап во Хард Рок со специјален гостин - Слаткаристика).
Спотот беше пуштен на видео бим, и потоа одеше цела вечер. Потоа горенаведените настапија во живо со две нумери од албумот Чекераукц : Чекераукц и Смеј се и пеј. Настапот беше одличен, имаше одлична поддршка од публиката, ја живнаа атмосферата уште повеќе. Потоа имаше уште дружба, Токсикологија беа речиси низ цел Хард Рок..на сепариња и на подиумот. Слаткаристика и Тони Зен беа најрасположени за играње и останаа до крај забавувајќи се.
Во глобала тоа е..моментално немам можност да го постирам спотот.. Затоа подоцна, ако не, нека го направи некој друг тоа наместо мене.