Солунски Патрдии

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.621
Поени од реакции
13.368
Веб-сајт
www.facebook.com
Како бе нема тема за ова ремек дело?
Џумерко, Ванчо Петрушески, Гоце Тодоровски, Димче Мешкоски во главните улоги во оваа серија од 3 дела (1985) која ги прикажува згодите и незгодите на Цанде (Гоце Тодоровски), син на богат прилепчанец кој место да замини на школување, заминал во Солун, трошејќи ги парите на татка си по жени, злато и сл.

Перипетието почнува со пристигањето на татко му Аџи Јанкула во Солун, и здружувањето со познатиот мариовски итрец - Итар Пејо (Џумерко) кој ќе крои стратегии за тоа како да го вратат Цанде во Прилеп, кој пак ни на крај памет не сака да се помрдни од Солун.

 
Браво за темава ! Ова е ремек дело :smir:

300 000 алтани:tv: ѕвер :tv:
 
Факт е дека ретко кој скопјанец е свесен за серијава. Во Прилеп е хит и ден - денеска. :back:
 
Алал да ти е како си се сетил... Секогаш да е гледаш и по било колку пати не е досаден филм :) Е сега само некој да ми кажеше од кај да го спуштам...

п.с. Бучински бијан кромид стооока:vozbud:
 
Оооо на памет ја знам серијава, израснав со неа... :tv:
И претставата во театар ја иам глеано неколку пати, ама ТВ-верзијава е многу подобра.

Првото видео што е закачено ми е најбољи дел и со омилените ликови, Секула и Сотка.
Ја имам дома на ВХС касета, олд скул работа! А иначе ја има и на ДВД, ама не е тоа, тоа.

Браво за темава... да се запознаат или потсетат луѓето на ова ремек-дело.
 
А бе дотолку нема фанови на патрдииве? Ех Скопјани, еден филм ќе се направи прилепски ориентиран, и не го гледате. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ах, ја обожавам:vozbud:
Ретко кој филм можам да го гледам илјадници пати и пак да не ми е досаден.Го имам многу пати гледано, го знам цел на памет и пак ќе го гледам :)
 
Го имам гледано :).
 
Татко ми кога умре ми кажа да сум дошол тука имал нешто важно да ми каже...

Првин од присила после од мерак ги гледав Солунски Патрдии. Ремек дело на Македонската продукција. Џумерко, Димче Мешковски, Дади, Ванчо Петрушевски и мојот омилен Гоце Тодоровски. Одлична екипа за одлична приказна. Мислам дека веќе на памет ги знам сите реплики.

П.С. Победив Прилепчанец во знаење репликите :)
 
Ова не умира!!! Ден денес користам многу фрази,зборови,поими,термини од серијава,ама ретко кој ги разбира :))) Со еден збор ЗАКОН!!! :smir:

Иначе омилени ликови ми се Целе и Божин :)
 
Ова не умира!!! Ден денес користам многу фрази,зборови,поими,термини од серијава,ама ретко кој ги разбира :))) Со еден збор ЗАКОН!!! :smir:

Иначе омилени ликови ми се Целе и Божин :)

Шо да му прам на каменов?
- Дај му го на Божина! :)
 
Броеше Каснио на времето кај Кољо по математика (бог да го прости) на турски. Кољо беше наглув малку повеќе, ама слушаше нешто.
Одеше вака некако: бииииииир, иќииииир :pos::pos:. Шета Кољо по училница и кара, му се читаше од уста: кој е мамицата негова ќе те најдам :pos::pos:. Најтешко беше тогаш човек да не се насмее, оти ако те види Кољо те избрка од час.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom