а бе лажат дека смениле ))))))))))
СДСМ го повикува здружението на граѓани Јасна иднина јавно да обелодени кој ги финансира
Кој ги плати огласите на невладината организација Јасна иднина од село Небрегово Долнени или на коалицијата Отпор кон Бранко Црвенковски, ако се знае дека само еден печатен оглас чини 900, а оној во електронските медиуми 5 илјади евра, прашуваат во СДСМ.
- СДСМ го повикува здружението на граѓани Јасна иднина, да ја исполни својата законска обврска и јавно да обелодени кој ги финансира и во колкав износ. Интересно е што реториката на ова здружение е идентична со реториката на македонскиот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од тука, ја повикуваме владејачката партија да престане да се затскрива зад невладини организации, рече Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.
(27.05.2009)