Бошкоски зборуваше во сала која не беше целосно исполнета, каде што не можеа да се видат неговите довчерашни сопартијци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски, кои први го пречекаа на скопскиот аеродром, топло прегрнувајќи го по неговото враќање од Хаг лани летото. Наместо нив, на Основачкото собрание на партијата, први до Бошкоски седеа поранешниот близок соработник на Љупчо Георгиевски, економскиот аналитичар Ден Дончев и поранешниот директор на „Водовод“, некогашниот либералдемократ, а потоа дел од раководството на партијата на Велија Рамковски, Петар Бочваров. Во свитата која го придружуваше Бошкоски беше и Златко Кесковски-Кецко, кој му беше шеф на обезбедувањето на претседателот Борис Трајковски. Можеше да се види и поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба Борче Стефановски, ексминистерот за образование Ненад Новковски, но не и поважни лица од владејачката партија. Од гостите се појавија Слаѓана Тасева, Стевче Јакимовски, Тахир Хани, Ѓорѓе Марјановиќ..
дел од денешен текст во утрински