MANU ne rabotiАдижес е меѓународно признат експерт кој работи за себе и свој интерес или за некој друг и неговиот интерес.
Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?
Според мене токму тие “наши“ служби за разузнавање ни е килата која целава држава ја има закилавено.па бате, обично во добро организирани држави има служби за разузнавање и контра разузнавање..
Земаат плата.. се надевам овој пат само од буџетот на РМ, а некоја додатна ТЕЗГА
Прашањето треба да оди кај Гоца, мислам - не ???
Имаш грешка!!! Прашањето е: дали воопшто работи МАНУ?Адижес е меѓународно признат експерт кој работи за себе и свој интерес или за некој друг и неговиот интерес.
Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?
Da bevme saglam drzava prof.Adiges ce bese clen na Manu uste pred 20g...ama da bevme...Професорот кој не ги признава Македонците, стана член на МАНУ
Американскиот професор со македонско потекло Исак Адижес, кој неодамна дојде во тајна дипломатско-политичка мисија сврзана за името вчера беше избран за академик на МАНУ, надвор од работниот состав на Академијата.
Изборот на Адижес, кој е професор по менаџмент и организација, следува по ветувањето од поранешниот претседател Бранко Црвенковски дека ќе го награди со академска титула поради неговиот ангажман како медијатор во тајните преговори за името меѓу самиот Црвенковски и шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани.
Изборот на Адижес за академик на МАНУ се става под прашалник не само поради тоа што професорот во интервју за „Алфа“ за Македонците изјави „Вие не знаете кои сте“, туку и со тоа што се негира придонесот за кој академиците тврдат дека тој го дал за земјава. Во рецензијата за избор на Адижез за член на МАНУ стои дека „Адижес методот, со лично присуство на самиот Адижес беше успешно применета за забрзување на процесот за приватизација кај нас“, во времето кога професорот бил советник на Црвенковски. Самиот Црвенковски вчера ги демантираше ваквите информации.
- Адижес не учествувал на каков било начин во процесот на приватизација - се вели во одговорот од Црвенковски.
Во рецензијата на која се потпишани академиците Таки Фити и Владо Камбовски уште пишува дека Адижес дал придонес за имплементација на данокот за додадена вредност, што вчера го негираше тогашниот министер за финансии и сегашен премиер Никола Груевски. Од кабинетот на Груевски информираат дека тој првпат го запознал Адижес во 2007 година и дека професорот на никој начин не учествувал во процесот на примената на ДДВ-то во земјава.
Како што веќе објавивме, Адижез како близок пријател на фамилијата Бакојани, од 2007 година стана таен медијатор за името меѓу грчката министерка за надворешни работи и Црвенковски и дел од тајниот проект на Црвенковски за рушење на власта на Никола Груевски и уставна трансформација на Македонија во „Унија на народи“.Ваквиот план на Црвенковски што според нашите информации вклучува прифаќање на ново име за севкупна употреба и уставна трансформација на Македонија во „Унија на народи“ веќе се нашол на масата на Бакојани. Црвенковски веднаш реагираше дека не кроел таен план со кој Македонците ќе се избришат како нација и рече дека не знаел дека постои иницијатива за доделување на академски статус за Адижез.
Тогаш каков е придонесот на Адижес за земјава и зошто академиците наведуваат информации кои се негираат? Академикот Таки Фити одби да коментира се додека изборот на Адижес не се официјализира.
- Нема академија во светов што не го посакува Адижес. Зад него застанаа повеќе членови на МАНУ - одговори кратко Фити.
Груевски ги демантираше информациите од биографијата на професорот дека му бил советник. Адижес во 2007 година доби македонско државјанство кое му го врачи лично премиерот Груевски.
Избрани нови членови на МАНУ
Македонската академија на науките и уметностите за редовни членови ги избра Витомир Митевски во одделението за лингвистика и литературна наука, Вера Битракова-Грозданова и Гоце Петрески во одделението за општествени науки, Леонид Грчев и Дончо Димовски за математичко-технички науки, Владо Матевски, Живко Попов и Илија Филипче за биолошки и медицински науки.
За членови надвор од работниот состав се избрани лингвистите: Кристина Крамер, Предраг Матвејевиќ, Олексиј Семјонович Опишченко, Зденка Рибарова и Генаѓ Цихун, потоа Исак Адижес, Робер Бадентер, Михајло Дика, Илбер Ортајли, Слободан Перовиќ, Евгенија Максимович Примаков и Ендрју Росос во одделението за општествени науки, Борис Каменар за математичко-технолошки науки и Едгар Морен и Сретен Перовиќ во одделението за уметност.
За почесен член на МАНУ е избран Петар Хаџи Бошков.
Izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=404&ArticleID=25507
Na zdravje...
ех бате.. до кога бе.. брат..Според мене токму тие “наши“ служби за разузнавање ни е килата која целава држава ја има закилавено.
Неможе од служба дериват на поранешна служба(УДБА) која најмалце била македонска да очекуваме сега да работи за македонскиот интерес.
ех бате.. до кога бе.. брат..
па имаш неприкосновена власт долго време.. немжеш да се правдаш на ова.. не држи вода.. ИМАШ снага да промениш устав ако сакаш//
УДБАШИТЕ си отидоа со Љубчо и со Љубе... Доста..
Колку министри за внатрешни променивте до сега.. и ако сеуште се жалите (оправдувате) на тоа.. искрено мене ми е страв...
Ми личи на НЕСПОСОБНОСТ за организирање на сопствена држава...
Извини како сакаш свати го ова.. ама не држи вода..
Доста, Љубе, Гоца.. може и ќе се сетам на некој друг,, ама неорганизирање на државна структура е знак на БАНАНА ДРЖАВА братче...
Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал
Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски.
tekstov e pisan pred nekoe vreme , sefot na drzavata bese bc
Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?
За македонските интереси.Да те надополнамMANU ne raboti
Ќе испадне дека ти стојам на врат,но немам таква намера:smir:Имаш грешка!!! Прашањето е: дали воопшто работи МАНУ?
Дали сте сретнале досега некој корисен текст?! Дали освен кога си бираат претседател (кој патем е однапред познат, сета онаа фарса после не знам за кого им е) воопшто ги имате видено на телевизија? Тие заспани дедовци и баби кои ништо не прават треба некој да ги разбуди!!!
Абре што Академци сме имале, каков МАНУ имаме, се не информирани или полу информирани, во стилот слушнав од оној, прочитав во дневниот печат, од рекла кажала, срамота и топката ја префрлат во друго поле.Академиците од МАНУ молчат за скандалозниот избор на американскиот професор Исак Адижес за член на Академијата. Повеќето од нив одбиваат јавно да коментираат зошто го изгласаа за академик професорот што изјави дека не ги признава Македонците и чиј наводен придонес за Македонија го негираа и премиерот Никола Груевски и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
- Адижес беше промовиран како личност од светски размери, со големи познавања. Лично не го познавам професорот и за него не знам ништо повеќе од она што го прочитав во рецензијата - вели еден од академиците, кој побара да остане анонимен.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=405&ArticleID=25580
Mногумина читаат и Кајгана,како овој подолу.:smir:Абре што Академци сме имале, каков МАНУ имаме, се не информирани или полу информирани, во стилот слушнав од оној, прочитав во дневниот печат, од рекла кажала, срамота и топката ја префрлат во друго поле.
убава работа тоа личи на нас Анти македонец му доделуваме државјанство па згора на се и го промовираме како член на МАНУ бил експерт за економија а што како нација не не признава што има врска човекот е од светски глас уште таков ни фалеше во друштвото па ајде и Ахмети да си го зачлениме, тој е борец за човекови права,нели ..............