Професорот кој не ги признава Македонците, стана член на МАНУ

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
pa daj kazi i za drugi orgii.

za ovaa mirka objavi i najavi za isak deka ke vleze vo manu, pa sega ti ne i veruvaj..
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Адижес е меѓународно признат експерт кој работи за себе и свој интерес или за некој друг и неговиот интерес.


Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?
MANU ne raboti
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
па бате, обично во добро организирани држави има служби за разузнавање и контра разузнавање..
Земаат плата.. се надевам овој пат само од буџетот на РМ, а некоја додатна ТЕЗГА

Прашањето треба да оди кај Гоца, мислам - не ???
Според мене токму тие “наши“ служби за разузнавање ни е килата која целава држава ја има закилавено.

Неможе од служба дериват на поранешна служба(УДБА) која најмалце била македонска да очекуваме сега да работи за македонскиот интерес.
 
H

HITCH

Гостин
Адижес е меѓународно признат експерт кој работи за себе и свој интерес или за некој друг и неговиот интерес.


Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?
Имаш грешка!!! Прашањето е: дали воопшто работи МАНУ?
Дали сте сретнале досега некој корисен текст?! Дали освен кога си бираат претседател (кој патем е однапред познат, сета онаа фарса после не знам за кого им е:tapp:) воопшто ги имате видено на телевизија? Тие заспани дедовци и баби кои ништо не прават треба некој да ги разбуди!!!
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Професорот кој не ги признава Македонците, стана член на МАНУ

Американскиот професор со македонско потекло Исак Адижес, кој неодамна дојде во тајна дипломатско-политичка мисија сврзана за името вчера беше избран за академик на МАНУ, надвор од работниот состав на Академијата.

Изборот на Адижес, кој е професор по менаџмент и организација, следува по ветувањето од поранешниот претседател Бранко Црвенковски дека ќе го награди со академска титула поради неговиот ангажман како медијатор во тајните преговори за името меѓу самиот Црвенковски и шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани.

Изборот на Адижес за академик на МАНУ се става под прашалник не само поради тоа што професорот во интервју за „Алфа“ за Македонците изјави „Вие не знаете кои сте“, туку и со тоа што се негира придонесот за кој академиците тврдат дека тој го дал за земјава. Во рецензијата за избор на Адижез за член на МАНУ стои дека „Адижес методот, со лично присуство на самиот Адижес беше успешно применета за забрзување на процесот за приватизација кај нас“, во времето кога професорот бил советник на Црвенковски. Самиот Црвенковски вчера ги демантираше ваквите информации.

- Адижес не учествувал на каков било начин во процесот на приватизација - се вели во одговорот од Црвенковски.

Во рецензијата на која се потпишани академиците Таки Фити и Владо Камбовски уште пишува дека Адижес дал придонес за имплементација на данокот за додадена вредност, што вчера го негираше тогашниот министер за финансии и сегашен премиер Никола Груевски. Од кабинетот на Груевски информираат дека тој првпат го запознал Адижес во 2007 година и дека професорот на никој начин не учествувал во процесот на примената на ДДВ-то во земјава.

Како што веќе објавивме, Адижез како близок пријател на фамилијата Бакојани, од 2007 година стана таен медијатор за името меѓу грчката министерка за надворешни работи и Црвенковски и дел од тајниот проект на Црвенковски за рушење на власта на Никола Груевски и уставна трансформација на Македонија во „Унија на народи“.Ваквиот план на Црвенковски што според нашите информации вклучува прифаќање на ново име за севкупна употреба и уставна трансформација на Македонија во „Унија на народи“ веќе се нашол на масата на Бакојани. Црвенковски веднаш реагираше дека не кроел таен план со кој Македонците ќе се избришат како нација и рече дека не знаел дека постои иницијатива за доделување на академски статус за Адижез.

Тогаш каков е придонесот на Адижес за земјава и зошто академиците наведуваат информации кои се негираат? Академикот Таки Фити одби да коментира се додека изборот на Адижес не се официјализира.

- Нема академија во светов што не го посакува Адижес. Зад него застанаа повеќе членови на МАНУ - одговори кратко Фити.

Груевски ги демантираше информациите од биографијата на професорот дека му бил советник. Адижес во 2007 година доби македонско државјанство кое му го врачи лично премиерот Груевски.





Избрани нови членови на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите за редовни членови ги избра Витомир Митевски во одделението за лингвистика и литературна наука, Вера Битракова-Грозданова и Гоце Петрески во одделението за општествени науки, Леонид Грчев и Дончо Димовски за математичко-технички науки, Владо Матевски, Живко Попов и Илија Филипче за биолошки и медицински науки.

За членови надвор од работниот состав се избрани лингвистите: Кристина Крамер, Предраг Матвејевиќ, Олексиј Семјонович Опишченко, Зденка Рибарова и Генаѓ Цихун, потоа Исак Адижес, Робер Бадентер, Михајло Дика, Илбер Ортајли, Слободан Перовиќ, Евгенија Максимович Примаков и Ендрју Росос во одделението за општествени науки, Борис Каменар за математичко-технолошки науки и Едгар Морен и Сретен Перовиќ во одделението за уметност.

За почесен член на МАНУ е избран Петар Хаџи Бошков.

Izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=404&ArticleID=25507

Na zdravje...
Da bevme saglam drzava prof.Adiges ce bese clen na Manu uste pred 20g...ama da bevme...

Tuku pa ne go izbrale prof.Tiho...ebati akademicite ebati...a go izbrale prof.Goce...ama sto znaat deca za klanovi,tajfi i ostali neformalnosti...

I ce zaboravev milo mi e za Zivko urologija...steta sto vo vmro ne esapat Vmrovci...
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Според мене токму тие “наши“ служби за разузнавање ни е килата која целава држава ја има закилавено.

Неможе од служба дериват на поранешна служба(УДБА) која најмалце била македонска да очекуваме сега да работи за македонскиот интерес.
ех бате.. до кога бе.. брат..

па имаш неприкосновена власт долго време.. немжеш да се правдаш на ова.. не држи вода.. ИМАШ снага да промениш устав ако сакаш//

УДБАШИТЕ си отидоа со Љубчо и со Љубе... Доста..
Колку министри за внатрешни променивте до сега.. и ако сеуште се жалите (оправдувате) на тоа.. искрено мене ми е страв...
Ми личи на НЕСПОСОБНОСТ за организирање на сопствена држава...

Извини како сакаш свати го ова.. ама не држи вода..
Доста, Љубе, Гоца.. може и ќе се сетам на некој друг,, ама неорганизирање на државна структура е знак на БАНАНА ДРЖАВА братче...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ех бате.. до кога бе.. брат..

па имаш неприкосновена власт долго време.. немжеш да се правдаш на ова.. не држи вода.. ИМАШ снага да промениш устав ако сакаш//

УДБАШИТЕ си отидоа со Љубчо и со Љубе... Доста..
Колку министри за внатрешни променивте до сега.. и ако сеуште се жалите (оправдувате) на тоа.. искрено мене ми е страв...
Ми личи на НЕСПОСОБНОСТ за организирање на сопствена држава...

Извини како сакаш свати го ова.. ама не држи вода..
Доста, Љубе, Гоца.. може и ќе се сетам на некој друг,, ама неорганизирање на државна структура е знак на БАНАНА ДРЖАВА братче...

Ќе се обидуваш 24/7 да ми протнеш партиска поента или сакаш реално да дискутираме?

И не пробувај вака инфантилно да ми лепиш етикета, јасно!?

Досега сите влади се покажаа марионети, ниту една не презеде иницијатива било што да се расчисти.

Сите гарнитури на влади досега имаа ист однос кон Македонецот и патриотизмот, а целта на тоа беше да го иселат.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
во што и успеваат.. почнувајки од сопствениото искуство..

BTW. се извинувам за мојот пристап, знаеш дека насоката - критиката ми беше кон власта, партијата не кон тебе Лично.. Со ова твое оградување.. ќе имам во предвид за секоја натамошна дискусија.. (од твоите дискусии се здобив со впечаток дека си инволвиран со нив.)
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски.

tekstov e pisan pred nekoe vreme , sefot na drzavata bese bc

Во врска со тајната средба на Црвенковски и на Груевски со Адижас во Охрид, минатата година, Кабинетот тврди дека таа средба всушност се одржала летото 2007 година во организација на премиерот Груевски.Во демантот од Кабинетот на Црвенковски се појаснува: „Летото 2007 во Охрид се одржа средба со професорот Адиџес, која беше организирана не од страна на шефот на државата, туку од премиерот Никола Груевски. За тоа говори фактот што средбата се одржа во премиерската, а не во претседателската резиденција, како и составот на присутните: Зоран Ставрески - потпретседател на Владата, Љубиша Георгиевски - претседател на Собранието, и д-р Срѓан Керим. Претседателот на Република Македонија на оваа средба учествувал како поканет гостин од страна на премиерот Груевски“.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
каков народ таква влада
каков народ такво ману
каков народ таква држава
 
B

Borg_Drone

Гостин
Прашањето овој пат е: за кого работи МАНУ?

Па дел од нив работат за САНУ, а повеќето работат за БАН!. Секоја чест на исклучоците ама тие се ретки таму, и малку потешко да дојдат до израз.

За македонските интереси.Да те надополнам
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаш грешка!!! Прашањето е: дали воопшто работи МАНУ?
Дали сте сретнале досега некој корисен текст?! Дали освен кога си бираат претседател (кој патем е однапред познат, сета онаа фарса после не знам за кого им е:tapp:) воопшто ги имате видено на телевизија? Тие заспани дедовци и баби кои ништо не прават треба некој да ги разбуди!!!
Ќе испадне дека ти стојам на врат,но немам таква намера:smir:
Јас никогаш тие луѓе не би ги нарекла стари дедовци,од почит кон годините и искуството кое го поседуваат.Она што тие го имаат е богатство за секоја држава.
Во врска со делот што работат,сакам да напоменам дека изработуваат долгорочни стратегии за државава (над 10 години),но не верувам дека досега некој ги послушал или ги прегледал тие списи.Тоа им е работата искуството да го пренесат на хартија.Од економската фела се најдобрите,иако Таки Фити се замеша во полтиката дубоко,знаењето и искуството се на негова страна.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Академиците од МАНУ молчат за скандалозниот избор на американскиот професор Исак Адижес за член на Академијата. Повеќето од нив одбиваат јавно да коментираат зошто го изгласаа за академик професорот што изјави дека не ги признава Македонците и чиј наводен придонес за Македонија го негираа и премиерот Никола Груевски и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Академиците што ги контактиравме објаснуваат дека Адижес е избран за академик благодарение на пофалбата што за него ја кажале академиците Таки Фити и Владо Камбовски, кои се потпишани на рецензијата за избор на професорот за член на МАНУ. Тие велат дека не се запознаени со придонесот што Адижес го дал за земјава, ниту пак лично го познаваат американскиот професор, кој има македонско државјанство.

- Адижес беше промовиран како личност од светски размери, со големи познавања. Лично не го познавам професорот и за него не знам ништо повеќе од она што го прочитав во рецензијата - вели еден од академиците, кој побара да остане анонимен.

Дел членови на МАНУ објаснуваат дека за Адижес гласале врз основа на мислењето на Фити и на Камбовски како компетентни академици од одделот за социјални науки на Академијата.

Во рецензијата за изборот на Адижес пишува дека професорот дал придонес за земјава при процесот за приватизацијата, како и за примената на данокот за додадена вредност. Ваквите тврдења на Камбовски и на Фити ги демантираа Црвенковски, како поранешен премиер во времето на приватизацијата, и Груевски, како ексминистер за финансии. При неодамнешната посета на земјава Адижес во интервју за ТВ Алфа изјави дека Македонците не знаат кои се.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=405&ArticleID=25580
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Академиците од МАНУ молчат за скандалозниот избор на американскиот професор Исак Адижес за член на Академијата. Повеќето од нив одбиваат јавно да коментираат зошто го изгласаа за академик професорот што изјави дека не ги признава Македонците и чиј наводен придонес за Македонија го негираа и премиерот Никола Груевски и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

- Адижес беше промовиран како личност од светски размери, со големи познавања. Лично не го познавам професорот и за него не знам ништо повеќе од она што го прочитав во рецензијата - вели еден од академиците, кој побара да остане анонимен.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=405&ArticleID=25580
Абре што Академци сме имале, каков МАНУ имаме, се не информирани или полу информирани, во стилот слушнав од оној, прочитав во дневниот печат, од рекла кажала, срамота и топката ја префрлат во друго поле.
убава работа тоа личи на нас Анти македонец му доделуваме државјанство па згора на се и го промовираме како член на МАНУ бил експерт за економија а што како нација не не признава што има врска човекот е од светски глас уште таков ни фалеше во друштвото па ајде и Ахмети да си го зачлениме, тој е борец за човекови права,нели ..............
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абре што Академци сме имале, каков МАНУ имаме, се не информирани или полу информирани, во стилот слушнав од оној, прочитав во дневниот печат, од рекла кажала, срамота и топката ја префрлат во друго поле.
убава работа тоа личи на нас Анти македонец му доделуваме државјанство па згора на се и го промовираме како член на МАНУ бил експерт за економија а што како нација не не признава што има врска човекот е од светски глас уште таков ни фалеше во друштвото па ајде и Ахмети да си го зачлениме, тој е борец за човекови права,нели ..............
Mногумина читаат и Кајгана,како овој подолу.:smir:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D485724B6FCD684CA24E81784E7CA1ED
 

Kajgana Shop

На врв Bottom