- Член од
- 7 март 2009
- Мислења
- 247
- Поени од реакции
- 32
И каде е таа изјава дадена? За кој весник, телевизија? Дај ни линк за да сите ние видиме кога Груевски го прифатил тоа!! Ова што го кажуваш воопшто не е мала работа. Па затоа дај да видиме кај го кажал тоа. Ако не ја најдеш таа изјава ке испадне дека некој пушта пробен балон за да се види како народов ке реагира на тој потег.Во еден од предлозите на Нимиц стои, името на државата да биде Северна Македонија, името на идентитетот и јазикот на државата да бидат со името македонски. Нормално не е вака напишано во предлогот, но тоа е суштината.
Кога СДСМ го напаѓаше Груевски дека тој со неговиот патриотизам ќе ја уништи Македонија со тоа што ја пропушта историската шанса на Македонија да биде дел од НАТО со тоа што не го прифаќа предлогот на Нимиц, а тоа е Северна Македонија. Груевски неколку дена после тие напади изјави дека предлогот Северна Македонија е прифатлив за Македонија и ќе биде лесно доколку и Грција го прифати истиот, меѓутоа без да бара името и јазикот да не бидат дефинирани со името МАКЕДОНСКИ.
Да не си збунет малку? Изјавава што ја цитираше не е од Нимиц, туку од Меѓународната Кризна Група.Предлогот на Нимиц не е прифатен од страна на Грција бидејќи таа не сака нашиот идентитет и јазик да биде под името МАКЕДОНСКИ.
Еве изјава на Нимиц:
Грција треба да го прифати македонскиот идентитет и јазик на северниот сосед, а Скопје да го прифати последниот предлог на медијаторот Нимиц за името - „Република Северна Македонија“, препорачува Меѓународната кризна група (МКГ), во извештајот насловен „Името на Македонија - надминување на ќорсокакот“.
Може да го разберете терминот, Нема промена на Устав поради промена на име ?
Мислам дека компромисот ќе биде замена на референцата ФИРОМ со Република Северна Македонија без промена на уставното име.
ФИРОМ како име никој не го користи надвор од меѓународните институции. А за Северна Македонија не се знае!! Е ако на весниците,телевизиите и организациите во странство им се заарни тоа име сигурно и ние ке бидеме викани Северно Македонци. ПРазбери дела идентитетот се црпи од името на државата. Најблиску до нашиов случај е Северна Кореа. Таа официјално( во нејзиниот устав) се вика Democratic People's Republic of Korea и народот тамо си се викаат Корејци. Арно ама сите ги викаат Северна Кореа и народот Северно Корејци. Ако и покрај се се сложиме со такво име тогаш официјално можат да не прогласат за ГЛУП НАРОД( сега за сега котираме само неофицијално).