ada;2601994[B напиша:
(1.) И ако продолжиме со такви анализи ќе треба да стигнеме до прашањето дали реалност постои и што е таа, (2) а на тој начин ќе отидеме бајаги надвор од темава која сепа[/B]к,(3) пред се, прашува зошто (3,1)само кога имаме негативни констатации/судови и вулгаризирања, (3,2)велиме дека истото е реално? Зарем не постои и друг начин за нечиј опис, кој притоа не би го нарекле шарена лага?
1, Анализите.. т.е. објаснувањата беа направени на барање.. со цел објаснување и докажување на моите ставови во врска со предметот на темава.
2, ( тој начин = мојот начин на објаснување ) Поопширно и појасно објаснување = пооддалечено од темата со примери чија што врска со темава е само предметот кој се објаснува/докажува.
3, Наједноставен одговор одговор на тоа би било ова, или нешто слично на ова:
„Затоа што за оние, кои имаат негативни констатации/мислења и вулгаризирање, им изгледа дека таа констатација е најблиску до реалноста, која што пред тоа не сме ја покажале, со главна цел да не бидеме погрешно сфатени, мислат дека истото е најреално“
Ова е наједноставен одговор.. подетален одговор, може да се даде само ако се разгледуваат поконкретни случаеви. Од тоа дека секој поконкретен случај е различен, следи и дека секој подетален одговор би бил различен. Вакви случаи постојат мноогу, и безпредметно е да се бараат овие одговори на тие случаеви, со цел преку нив да се дојде до општ конкретен одговор на тоа прашање.
Е дури на овој начин ќе стигнеме до некои основни прашања, и со тоа, далеку надвор од темава.
Воедно и тоа беше мој став.
3,1 Никој не рече „само во тие случаеви“. Постојат и други случаеви. Но, на темава ги разгледуваме тие случаеви.
3,2 Мојот став беше и тоа дека овој дел, во најповеќето поконкретни случаеви, е погрешен. Но, и дека постојат случаеви кога тој е точен. Преку докаживањето на тоа дека со понереални зборови можат да се доловат пореални слики, докажував и дека овој дел во некои случаеви е точен.
И малку офтопик..
Да одговараме на вакви прашања, без точно да го знаеме, или аксиоматски претпоставиме, одговорот на основните прашања, како на пример тоа што е реалноста, е исто како да собираме броеви, без да ги знаеме ( без да постојат ) аксиомите за собирање.
Од ова следи дека доколку сакаме да дојдеме до одговор кој би се прифатил онолку точно, и применливо во пракса, колку што 2+2=4, тогаш мораме да одговориме на тие прашања.
Т.е. сосем природно е да бараме одговор на тие прашања пред да ги одговараме овие.