delboy
кршач на огледала
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.358
- Поени од реакции
- 24
А бе Славјански...држи бе ниво.....не се праи магаре.....
Е тооа да видиш бдп,производство,извоз паѓа а платите идат нагоре :pos2:
А бе Славјански...држи бе ниво.....не се праи магаре.....
тие го креваат просекот на 20000,онака треба да биде 10000:pos2:втффф??? оние пратениците ако земаат по 300.000ден плата, тогаш просечната ке биде 20.000....![]()
тие го креваат просекот на 20000,онака треба да биде 10000:pos2:
:pos2::pos2::pos2:
Ја прочитав у Шпиц :Шумадинац.. слушна ли ти за бруто плата и трансакциони сметки???
знаеш ли воопшто како се пресметува бруто плата и оја е просечната плата во администрацијатаа???
Aбе види вака,јас сум приватник и можам да земам плата колку што сакам,ама за тоа ќе треба да платам поголем данок.Овој просек според бројот на вработените во Македонија ме наведува на размислување дека барем 50 000 административци земаат по 1 500-2 000 евра плата,за да можат другите преостанати да го достигнат просекот од 300 евра.Види АБЦ, ти изгледа си од ниските слоеви и со такви се дружиш и немаш реална слика за македонскитре плати. Извини вака што ти се обраќам, но навистина забегуваш со тезите.
Кај мене во фамилија нема некој со помала плата од 350 евра, нето.
Обичен банкарски службеник со завршен факултет, почетник, зема нето плата од 30.000 денари, а во подобрите банки и со ССС земаат толку. Обични работници во големите фирми и тоа без стаж земаат мин. по 18.000 денари. Просечната плата во осигурителните фирми е 500 еур, во банките е 600 евра, тоа се јавни податоци.
Точно е дека сите плачете по повисоки плати,ама прашање е дали и тие сте ги заслужиле.Каде, бе брат, каде? Пратениците имаат сигурно толку плата, можеби и советниците по општини. Во која друга државна институција зема некој плата 2.000 евра? Во градинките теткиците (без високо образование) земаат 9.000 ден. плата. Од друга страна лично познавам менаџер во Космофон кој има 70.000 плата (без бонуси и додатоци). И тоа не е на некоја висока позиција.
Од друга страна сите плачеме за повисоки плати кои би ни ги обезбедила владата? Како? Според мене на сите во администрација (вклучувајќи ја и жена ми во школо) треба да им се даде 500 ЕУР плата. Па после она (и јас
) ќе можеме да ги потрошиме тие 500 ЕУР во продавници за компјутери, мебел, коли, и така да им рипне заработувачка на тие, па на своите продавачки да можат да им даваат поголема плата од 200 ЕУР.
Па само пред некој ден беше објавено по медиумите дека одредени лекари и медицински персонал земале по 8-10 000 евра плата,или немаш слушнато за тоа?Вака, дали полиција треба да има поголема плата? Војска? Пожарникари? Наставници? Лекари? Медицински сестри?
Немој да зборувате дека администрација се крлежи бидејќи во таа цифра од 130.000 админстрација се и тие. Затоа јас гласам за 50% поголема плата на ТАА администрација...
Јас немам поинаков начин на сметање како што ти мислиш,туку едноставно го споредувам просекот со реалноста,затоа што сум секојдневно со обичните граѓани во Прилеп,па не сум чул засега дека некој од нив го надминал просекот од 20 000,што значи дека кога огромниот број мои пријатели земаат од 6-12 000 денари плата,оние други 8-14 000 одат за административните крлежи.Суштински е проблемот со гломазната администрација.
Но овде збориме за статистички податок, како што е падот на БДП во првиот квартал за 1,5%.
Сега се поставува прашањето дали -1,5% може со поинаков начин на сметање да се прикаже како +1,5%.
Смешни се тие тврдења дека поинаквиот начин на сметање го качил просекот.
За овој дел потполно се согласувам.
Од друга страна истиот завод за статистика вели дека градежништвото ни било во колапс.Еве кој земал поголема плата во споредба пред една година. Значи лекари, ЕВН/ЕЛЕМ/водовод, војска-полиција, социјала и труд.
Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Здравство и социјална работа (47.6%), Снадбување со електрична енергија, гас и вода (42.7%) и Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита (36.2%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Снадбување со електрична енергија, гас и вода (4.7%), Градежништво (4.6%) и Преработувачка индустрија (3.7%)
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=07.03&rbs=1
Не ќе да е лошо у некоја идна анкета да го испитаат и приватниот сектор каде позннавам луѓе кој работат за 6 000 денара. Под хитно мора да се намалат платите на администрацијата, сите знаме дека тоа е чирот на нашата економија, плус да се избркаат сите неписмени од истата кој еве според статистикава зимаат над 19 000 денара а не знаат да пополнат еден обичен формулар ( пр, трансакциона сметка за подигање пари од изборни активности )
Е па знаат сигурно да го потполнат формуларот за да си подигнат плата од 100 000 денари на пример,мислам на дел од истите кој не знаат да направат апликација за кредит од ЕУ фондовите,што треба да им е основа за нивниот ангажман во администрацијата.Ја прочитав у Шпиц :
Добар дел од административците кои ги спроведуваа мартовските избори се уште ги немаат земено дневниците затоа што ги утнале бројките на трансакциските сметки или матичните броеви. Познавачите на состојбите во јавната администрација ова го коментираат како „тажен показател за нејзиниот квалитет“. Ако ги утнаа сопствените, лични податоци, може само да претпоставуваме како ги броеле гласовите и како ги пополнуваат апликациите за европските кредити, велат тие.
-Кога не се способни да пополнат обичен образец, како ќе може да очекуваме да знаат да пополнат барања за кредити што ги доделува Европската унија? - прашува професорот по управно право Борче Давитковски.
Според него, еден од бенчмарковите што ги добиваме од Европската унија и кој се однесува на недоволниот капацитет на администрацијата, многу јасно се потврдува и во случајот кога административците не знаеле да ги внесат податоците.
Државната изборна комисија вчера потврди дека околу 600 административци од околу 30.000 кои беа вклучени во изборните органи на мартовските избори се уште не ги добиле дневниците затоа што давале број на жиро-сметка од работата наместо бројот на трансакциската сметка, давале погрешен број на трансакциската сметка или на единствениот матичен број. Од ДИК велат дека допрва ќе наоѓаат решенија како да контактираат со луѓето и да ги коригираат погрешните податоци. Информираат дека и самите тие може да се јават во службата за сметководство и да ги исправат грешките.
- Не се работи ниту за доцнење, ниту за немање пари. Тие средства се веќе одделени и ним им припаѓаат, сигурно и ќе ги добијат - вели портпаролот на ДИК, Зоран Таневски.
Тој потенцира дека последната регуларна уплата на парите за дел од административците била извршена во петокот и деновиве чекаат потврда дали и меѓу нив ќе има проблеми со технички грешки при исплаќањето.
Државата за ова намена одвои вкупно околу еден милион евра. Дневниците за еден ден следење на изборите се движат од 2.000 денари за членовите до 3.000 денари за претседателите на околу 3.000 избирачки одбори.
Од невладината организација МОСТ велат дека се исплатени сите 3.750 набљудувачи, кои ги регрутираа на последниве локални и претседателски избори. Потенцираат дека станува збор за волонтери и затоа им исплаќаат само пари за храна и за превоз. И тие велат дека имале проблеми околу матичните броеви или трансакциските сметки, доцнеле и средствата од донаторите, но дека сето тоа е надминато.
Набљудувачите за половина поминат ден добиле по 550 денари, по 1.350 денари добиле тие што на гласачките места биле од отворањето до пребројувањето на гласовите, а по 1.100 денари членовите на мобилните екипи.
Бруто плата ти е топ тан нето плата и придонеси.
Нето плата ти е паричка која ја зимаш на први.
Придонеси се паричка која ќе ја зимаш во пензија.
Сакаш да кажеш дека затајуваш данок со тоа што си пишуваш помала плата?Aбе види вака,јас сум приватник и можам да земам плата колку што сакам,ама за тоа ќе треба да платам поголем данок.Овој просек според бројот на вработените во Македонија ме наведува на размислување дека барем 50 000 административци земаат по 1 500-2 000 евра плата,за да можат другите преостанати да го достигнат просекот од 300 евра.
Точно е дека сите плачете по повисоки плати,ама прашање е дали и тие сте ги заслужиле.
Па само пред некој ден беше објавено по медиумите дека одредени лекари и медицински персонал земале по 8-10 000 евра плата,или немаш слушнато за тоа?
Јас немам поинаков начин на сметање како што ти мислиш,туку едноставно го споредувам просекот со реалноста,затоа што сум секојдневно со обичните граѓани во Прилеп,па не сум чул засега дека некој од нив го надминал просекот од 20 000,што значи дека кога огромниот број мои пријатели земаат од 6-12 000 денари плата,оние други 8-14 000 одат за административните крлежи.
Од друга страна истиот завод за статистика вели дека градежништвото ни било во колапс.
Е па знаат сигурно да го потполнат формуларот за да си подигнат плата од 100 000 денари на пример,мислам на дел од истите кој не знаат да направат апликација за кредит од ЕУ фондовите,што треба да им е основа за нивниот ангажман во администрацијата.![]()
Не бе,сакам да кажам дека доколку можам ќе пријавам уште помала плата од оваа што ја пријавувам,особено кога ќе видам вакви информации од заводот за статистика дека просечната плата во Македонија била 300 евра,што и за мене како приватник изгледа ептен голема сума која не можам да си ја дозволам за плата.Сакаш да кажеш дека затајуваш данок со тоа што си пишуваш помала плата?
50 000 административци земаат по 1 500-2 000 евра плата??? Кои се тие луѓе навистина не ми е јасно?
Дојди во СК, прошетај низ центар и прашај ги тие што седат покрај кеј по колку плата земаат. Гарант над 20.000.
Така бе брат, кажи колку им плаќаш на тие што работат кај тебе? 200 ЕУР? 100 ЕУР?Не бе,сакам да кажам дека доколку можам ќе пријавам уште помала плата од оваа што ја пријавувам,особено кога ќе видам вакви информации од заводот за статистика дека просечната плата во Македонија била 300 евра,што и за мене како приватник изгледа ептен голема сума која не можам да си ја дозволам за плата.
Па за да дојдеш до просекот од 20 000 денари плата,треба да имаш најмалку 50 000 луѓе кој земаат по 1 500-2 000 евра,а тие ни случајно немој да ги бараш кај приватниците кој секогаш гледаат да пријават што е можно помала плата,за да платат помалку данок со кој се финансираат само “крлежите“.Тоа е логика или само јас така си мислам?![]()
Види вака,се додека во оваа земја со 150 000 административци,имаме 60% вишок,тогаш сите ќе ги сметам за крлежи,затоа што не можам јас да ги издвојам едните од другите,без разлика дали се пожарникари,војска или професори по факултети.Премногу се и за во сите нормални светски рамки за да можам да имам почит кон нив.Можеби од данокот кој јас го плаќам за ним да им биде лагодно со по 1000 евра плата во просек за администрацијата(според Славевски) и да се прави нешто друго,ама сето тоа е маргинално кога ќе ја споредиш сумата од Македонскиот буџет која се издвојува за административни плати и придонеси и која изнесува 1.5 милјарди евра за оваа година.Да можам ич нема да плаќам данок,кога ќе слушнам вакви работи.Така бе брат, кажи колку им плаќаш на тие што работат кај тебе? 200 ЕУР? 100 ЕУР?
А од данокот цицаат само крлежите (во кои ги сместуваш и полиција, војска, пожарникари, учители, професори по факултети)? Ништо друго не се прави со данокот?