Абе добро, само јас не сфаќам овде, или вие? Како може да вадите бројки колку луѓе имало во Македонија или Бугарија со Старомакедонски гени??? Тоа така со гените не оди, не е ова попис. Значи, еден човек може да има 60% старомакедонски, 30% славјански, 5% германски/тевтонски и 5 % хунски. Друг може да има 60% славјански, а 10% старомакеднски, 20% тевтонски и 10% хеленски. Се збори овде за прсечна вредност, а бројката на генетски тестираните во Македонија мислам дека беше 1100 или така нешто, од сите краеви на Македонијава (денешна).
И да лукфин, бројката за Бугаристан е точна. 825.000 со старомакедонски, плус оние 15-ина % македонски славјани. Ете го Пирин.
И за каде е сега германската теорија дека сме дошле од севселенските свети планини Карпати??? И Чесите дошле од зад Карпатите, и Русите се населиле од зад Карпатите, па да му е.м., што планини ќе беа тие Карпатите? Значи, теоријава е скована за пропагандни цели на Германците, кои словените ги прикажуваат како “дојденци, окупатори“) на светите германски територии по источна Германија, Баварија, Авсртија... со цел да се изврти вистината дека всушност Славјаните се раселиле од територијата на денешна Словенија: на исток! Ама има време, ќе се открие и таа вистина.
И нема што да ве чудат овие 20% тевтонски гени (Германи), кога двете племиња потекнуваат од иста прото-група.
R1a Y-DNA. На германската пропагандна машинерија, најлесно и’ било да скове теорија дека славјаните “дошле“ од некаде.
“However, some southern Slavic populations such as Serbs, Bosniaks, Montenegrins, Macedonians, and Bulgarians are clearly separated from the tight DNA cluster of the rest of Slavic populations....“
Мистеријата е: како се наметнал македонскиот славјански јазик толку многу? Дали Братот може да помогне овде?
Едит заради временски лимит:
Мапава е за потеклото на R1a Y-DNA. Според неа, јас сум Славјан, исто колку што се Швеѓаните :helou: