Финале Лига на Шампиони: Барселона-Манчестер Јунајтед (27.05.2009,Рим)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке владее со фудбалска Европа ?

  • Барселона

    Гласови: 90 54,9%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 74 45,1%

  • Вкупно гласачи
    164
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајдее :vozbud:
едвај чекам. Се надевам на добар фудбал, голови, фер плеј и секако победа на Барселона. :)
 
Teжок избор за мене како неутралец, ако победи Манјур ќе ги слушаме нивните фанови како тој тим бил перфекција, преживарот е гениј, а англиската лига е најсилното нешто во cиот бели свет.

Од друга страна па ги имаш кулињата, ако тие победат ќе се курчат дека освоиле тројна круна се додека пак не освојат ништо (следната сезона).

Од тука се надевам дека ќе има добар филм на А1 вечер.
 
Муабетов не ти држи затоа што вечер играат двете најдобри екипи на светот за оваа година.Јас иако сум голем фан на Манчестер признавам дека уживам да ги гледам Барса(посебно онаа против Реал) поради напаѓачкиот фудбал и убавата игра.Сепак сакам да освои Манчестер и многу ќе ми биде жал ако изгуби,но како и да е и да освои Барса нема да биде незаслужено.Но тоа нема да се случи вечер.:smir:

оф топик..вечер на А1 има од 20.30 Двоен тим со Ван Дам и Родман али ипак гледај прва:helou:
 
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=45&eventId=8441

Се гледа дека италијанциве неможат да организираат финале. :nesum:

Ова е сто посто направено од италијанци. На Рим уште го болат 7те парчина сред Манчестер.:)

Иначе за вечер незнам што да кажам. Уште неколку часа, еуфоријата до даска ми е. Можам да замислам на натпреварот во каква состојба ќе сум.

Важно за другите седнете вечер, и гледајте фудбал на титаните.:)
 
Муабетов не ти држи затоа што вечер играат двете најдобри екипи на светот за оваа година.Јас иако сум голем фан на Манчестер признавам дека уживам да ги гледам Барса(посебно онаа против Реал) поради напаѓачкиот фудбал и убавата игра.Сепак сакам да освои Манчестер и многу ќе ми биде жал ако изгуби,но како и да е и да освои Барса нема да биде незаслужено.Но тоа нема да се случи вечер.:smir:

оф топик..вечер на А1 има од 20.30 Двоен тим со Ван Дам и Родман али ипак гледај прва:helou:

Јас не го спорам тоа дека ќе играат најдобрите екипи за оваа сезона, мое лично видување си е тоа шо ги пишав погоре, одбивни ми се и двете екипи, па така не можам да најдам некое задоволство гледајќи ги како играат за титула, па колку и да бил застапен тој фамозен ‘убав за око’ фудбал кој ете, ќе го играле финалистите вечер.
 
Teжок избор за мене како неутралец, ако победи Манјур ќе ги слушаме нивните фанови како тој тим бил перфекција, преживарот е гениј, а англиската лига е најсилното нешто во cиот бели свет.

Од друга страна па ги имаш кулињата, ако тие победат ќе се курчат дека освоиле тројна круна се додека пак не освојат ништо (следната сезона).

Од тука се надевам дека ќе има добар филм на А1 вечер.
Колку и да има убав филм нема да го пропуштиш финалето.:tv:
 
Ќе си гледам опуштено. Кој е подобар нека си победи. Можам да замислам како им е на фановите на Барселона и Манчестер :).
 
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=45&eventId=8441

Се гледа дека италијанциве неможат да организираат финале. :nesum:

Многу убаво размислуваш, браво.

Значи од сега според тебе, на секој натпревар, на 80 000 навивачи одделно ќе треба државата да им обезбеди лично обезбедување надвор од стадионот. Интересно.
 
Јас не го спорам тоа дека ќе играат најдобрите екипи за оваа сезона, мое лично видување си е тоа шо ги пишав погоре, одбивни ми се и двете екипи, па така не можам да најдам некое задоволство гледајќи ги како играат за титула, па колку и да бил застапен тој фамозен ‘убав за око’ фудбал кој ете, ќе го играле финалистите вечер.
ок ти си знаеш..само мислам дека ќе свртиш на прва како и да е:)
ај догодина ќе ги чекаме Реал во финале може ќе стигнат и они:smir:
 
Многу убаво размислуваш, браво.

Значи од сега според тебе, на секој натпревар, на 80 000 навивачи одделно ќе треба државата да им обезбеди лично обезбедување надвор од стадионот. Интересно.
Погрешно ме свати. Мислев за метежот кој се створи во Рим, по метроата и сообраќајот на улиците.

Никогаш англиски фан не е безбеден на улиците во Италија.
А тоа што италијаните премногу се страсни и на поинаков начин го сваќаат фудбалот, нивни проблем. Секогаш кога гостуваат англиски екипи мораат да се случуваат вакви работи.

Можеби ќе се поправат, па после натпреварот ќе обезбедат поголема заштита и ред.

novamakedonija напиша:
Не важи веќе познатата Цезарова изрека „Сите патишта водат во Рим“. Дека УЕФА со право стравуваше од лоша организација на финалето од Лигата на шампионите се потврди веќе во првите часови од вчерашниот ден, кога целиот Рим беше блокиран и пред целосен колапс. Насекаде имаше полиција, која не прави ништо, а создава нервози, јавниот сообраќај доцнеше по околу половина час, метро-станиците беа преполни, па се случуваше да минат неколку метроа, а да не може да се качиш во нив. Италијанците се нервозни и пргави луѓе. Вчера беа пред тотално лудило.

Наместо шлагворт на сезоната, финалето од Лигата на шампионите, сега може да се рече дека сосема незаслужено го доби Рим. Не можат тукашните власти да организираат ниту тениски грен-слем, а да не ја згрешат некаде. Наместо градот да биде подреден на најважниот фудбалски настан годинава, настанот се подреди на градот. Немаше весели навивачи, немаше пеење на улиците, сите се преточија во масовна шизофренична состојба, во која секој секому само му се дере. А, како ли ќе биде денеска кога во вечниот град ќе пристигнат 100.000 навивачи на Манчестер јунајтед и на Барселона?

Претходница има, Англичаните не оставаат ништо на случајноста, но не е тоа тоа. Знаеле тие да дадат вистински шмек на ваков настан, а тука само седат во сенка и се кријат од пеколното сонце. Дури и пивото не им е слатко, а како ли ќе биде кога температурата беше 36 степени во сенка, а пијалакот од јачмен се служеше млак (!)...

Римјаните долго се подготвувале за финалето. Но, не тие што се платени за тоа, туку обичните трговци, таксисти, продавачи на сувенири. Работата воопшто не им тргна, веднаш се разочараа.

- Се радував дека ќе заработам многу пари од ова финале, а сега само посакувам да бев на море и да уживам. Јас не паметам да имало толку лоша организација во целиот град. Никој не сака да влезе во автомобил, знаат дека ќе се возат по еден час, и тоа само неколку километри. Ова е лудило, како во Рим да дошле 100 Барак Обамовци - ни рече Фабрицио, таксист кого го прашавме дали може побрзо од јавниот превоз да нè превезе до Олимпискиот стадион.

А првиот впечаток беше добар. На аеродромот „Леонардо да Винчи“ сè е подредено во знакот на финалето. Како да се наоѓаш на среде стадион. Насекаде постери од ѕвездите на двата тима, парчиња зелена трева, фудбалски топки... Но, тоа е така само внатре. Надвор, хаосот живее и добива на интензитет сè повеќе. Како ли ќе биде денеска, кога се очекуваат 200 чартер летови од Барселона и од Манчестер?

Од вчера за вечниот град важи изреката „Сите патишта бркаат од Рим“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom