Ova e zakon...koj mu teknalo...mada pretpostavuvam posto nema lice ne bi bilo tesko duri i za student po vajarstvo...mada porakata e najvazna...
„Празнењето“ кратко траеше
Скулптурата во форма на wc-шолја, што викендов осамна во паркот кај Спомен домот на Мајка Тереза, утрово е отстранета.
Никој од надлежните нема информации кој би можел да биде скулпторот и нарачателот на ова уметничко дело. Од општината не пријавиле во полиција. Иако сторителите се уште се непознати, нивните мотиви сепак можат да се насетат - правеле пародија со проектот на Министерството за култура за поставување на 35 скулптури во центарот на Скопје.
На тоа упатува потписот дека скулптурата „Празнење“ е изработена од Павел Шатев, институт на ВМРО-ДПМНЕ, по нарачка на како што стои - Културата на Министерството на РМ.
Од Институтот Павел Шатев велат дека делото е неморално и го навредува и негира значењето на една, како што велат, маркантна личност од македонската историја каква што е солунскиот атентатор Шатев.
Од Култура пак велат дека е жално што со вакви гестови се фрла дамка и на проектот за разубавување на градот, кој треба да финишира до крајот на годината, до кога треба да далесе постават преостанатите дваесетина скулптури.