Тоа дека бугарите чудно ја интерпретираат историјата е позната работа но тоа станува случај и со законите на ЕУ кога во прашање е Македонија...до комплексите ќе да е или друго е во прашање..абе бугари и се е можно...
ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ИСТОЧНИОТ СОСЕД БЛОКИРАНИ ОД КАМИОНИ
Трговска војна меѓу Македонија и Бугарија
Бугарската царина веќе еден месец бара да има пломба на сите македонски камиони без разлика каква стока пренесуваат, што не е во согласност со регулативата на ЕУ и Кјото конвенцијата
Од завчера на бугарските камиони не им се дозволува влез во Македонија ако товарот не е пломбиран. Ова е реципрочна мерка на Царинската управа на Македонија, што следи по едномесечното малтретирање на македонските превозници од Бугарската царина, која инсистира цел товар, без оглед на ризичноста, да биде пломбиран.
Во Царинската управа велат дека, според царинската регулатива на ЕУ, се пломбира само ризичен товар.
"Веќе еден месец Бугарската царина не ја почитува регулативата на ЕУ и од македонските транспортери бара и кога носат лим, руда, метални цевки и слично, товарот да биде пломбиран. Тоа не е во согласност со Кјото конвенцијата. Само Бугарската царина прави проблеми, додека во другите земји за ваков товар не е потребно пломбирање. Од завчера и Македонската царина воведе ист третман за бугарските камиони", велат во Царината.
Царинската управа реагирала до Брисел и до бугарската амбасада и Царина.
"Бугарската царинска служба нe информираше дека нема да го промени ставот затоа што тие го третираат и овој транспорт како ризичен, и затоа инсистираат на пломба", велат од Царината.
Од бугарската амбасада во Македонија вчера изјавија: "Не даваме никакви информации. Ова е нашиот официјален став".
Билјана Муратовска, претседателка на асоцијацијата на транспортери на Македонија "Макамтранс", вели дека проблемите со бугарските царински власти почнале откако Македонската царина ги усогласи законите со ЕУ, а Бугарија тоа не го прифаќа.
"Оваа мерка Бугарија ја применува само за македонските превозници, додека за романските камионџии и за оние кои доаѓаат од други земји членки на ЕУ не важи", вели Муратовска. (И. С.)
http://www.time.mk/story_70d36ba04a_article_97ed66c1dd.html