Да бевте црвен кмер, ќе имаше логика...
Многу Ви благодарам на Вашето разјаснување. Тотално го разбирам предизвикот што ви го претставува вашиот оптоварен распоред и дека заради тоа не можете на секоја индивидуална поплака да и посветите внимание
Драги г. Фуере,
Многу Ви благодарам на Вашето разјаснување. Тотално го разбирам предизвикот што ви го претставува вашиот оптоварен распоред и дека заради тоа не можете на секоја индивидуална поплака да и посветите внимание. Мојата одлука да ви се обратам на Вас за да ви обрнам внимание кон отворениот потсмев на Резолуцијата за осуда на комунизмот и неговите злодела беше поттикната токму од Вашето постојано посочување на демократските недостатоци во македонското општество, а особено за спроведувањето на изборите.
Затоа мислам дека со тоа што една од главните политички партии во Македонија реши да кандидира еден поранешен министер за внатрешни работи, и тоа од времето на црните денови на злоупотреба на полициската машинерија, се прекрши ако не буквално, тогаш морално изборниот закон.
Во писмото ми обрнувате внимание дека не коментирате поединечни случаи. Мојот поединечен случај е пред правосудните органи на Република Македонија. Јас за тоа ниту ви пишав ниту ви се жалев, а па ни на крај на умот не ми беше да барам ваша помош.
Почитуван Евроамбасадоре, кандидатурата на господинот Фрчкоски и неговиот потпис на изјавата дадена пред нотар дека не издавал налози и не користел информации не е мој личен проблем. Господин Фрчкоски се кандидираше ако не сте знаеле за претседател на Република Македонија и со тоа тој е проблем за демократијата во Македонија која вие треба да ја помогнете да се спроведе и заживее. Значи проблем и на мисијата за која сте дојдени.
Тоа што само јас понесов иницијатива за негово лустрирање не значи дека јас сум единствената жртва на систематскиот прогон од МВР од времето на министерувањето на г. Фрчкоски. Секако мораме да ги споменеме О.А. (Оперативна акција) „Павароти“, О.А. „Дувло“, О.А. „Темел“, О.А. „База“, О.А. „Журналисти“: П.О. (Полициска обработка на лица) „Книга“, П.О. „Лејди“, П.О. „Валенса“ и уште многу други. Знам, ќе прашате: „Зошто и тие поединци не постапуваат како Јордан Петровски?&рдљуо;. Одговорот е многу едноставен: од креаторите и извршителите на прогонот кој започна во септември 1992, само еден е починат, сите други се живи и со влијание и моќ во своите раце. До каде досега моќта, одредени министри на актуелнава власт обзнанувањето на досиеата го сметаат за чин на предавство. Од примерите кои ги наведов во мојата поплака, на г-ѓа Котеска и г-дин Шишков лесно може да се увиди како реагираат творците на старите досиеја, отворани до 1992година. Творци од кои заради годините нема многумина живи, и покрај тоа, оние кои ќе се осмелат да проговорат се изложени на секакви пресии и морални тортури. Па што тогаш очекувате да речат оние чии досие се отворени во времето на министерот Фрчкоски.
Во Вашата реплика велите дека во Вашиот, да Ве потсетам единствен одговор (на мојот прв контакт со Вас, на второто писмо во кое Ви укажав на нецелосноста на одговорот не ми ни одговоривте) од 3 април 2009 сте ми дале соодветен и добро осмислен одговор. Искрено, се шокирав кога го прочитав овој ваш арогантен став. Моето изненадување е поттикнато од тоа дека вие доаѓате од Ирска и сте претставник на ЕУ, а не од Камбоџа како инструктор на Црвените кмери. Но, да бевте црвен кмер ќе имаше логика во вашето однесување со тоа што вашите дела ќе се совпаѓаат со вашата мисија и со поддршката на оние на кои денеска им ја давате.
0За вашиот наследник да не ја повтори Вашата грешка во изборот на вистинските демократи и антикомунисти во Македонија ќе ви обрнам внимание на најлесно воочливата идентификација.
Комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. И затоа тие луѓе вие не сте ни можеле да ги сретнете во Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени.
„Демократите“ кои сте ги сретнале и се ваше весело друштво се едни други „дисиденти“ што протестираа против Тито и „црвените буржуи“, не за демократија и човекови слободи, туку заради Титовото „скршнување“ од комунистичкиот пат. Значи тие беа комунистички радикали. А превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, „Либерали“, а со името и титули: професори, режисери, писатели, глумци. Тие денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал.
Така во 1990 година на Македонија и се случија предвесници на демократијата, „борци“ против комунизмот да бидат професори по марксизам и „либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот.
Со почит,
Јордан Петровски, Канада
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=64931133646&id=13&prilog=0&setIzdanie=21704