Фуере премолчувал удбаши

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Работата на Фуере на маса кај омбудсманот Пасквинели
Автор: Александар Божиновски Фотографија: Маја Јаневска-Илиева

Работата на Ерван Фуере, претставникот на ЕУ во Македонија, ќе биде на проверка кај Џулија Пасквинели, народната правобранителка на Унијата, каде што деновиве кумановецот Јордан Петровски, политички азилант во Канада, испрати докази за тоа. Петровски се жали на молкот на Фуере на неговата иницијатива за проверка на вистинитоста на изјавата на тогаш претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски за тоа дека не бил соработник на државните безбедносни служби. Тој до комисијата за верификација на факти (позната и како комисија за лустрација) го испратил своето полициски досие во кое се наведува дека од политички причини бил следен од Управата за безбедност и контразразунавање во време кога министер за внатрешни работи беше Фрчкоски. Петревски бараше Фрчкоски да биде отстранет од трката за шеф на државата. Сите претседателски кандидати пред изборите потпишаа изјави дека не учествувале и не давале наредби за следење граѓани од политички или од идеолошки причини.

Бидејќи комисијата за верификација на факти сè уште не функционираше, односно не и беа подготвени просториите за работа, Петровски се обрати до Фуере и до Пасквинели. Тој од евроамбасадорот добил одговор само дека го примил неговото писмо и поплака.

Пасквинели, пак, од друга страна се прогласила за ненадлежна за неговите маки во Македонија, но кога дознала за однесувањето на Фуере, му препорачала на Петровски веднаш да и ги достави сите докази. Пасквинели во одговорот до Петровски вели дека ќе покрене истрага ако доказите го потврдуваат однесувањето на Фуере.

„Како државјанин на Република Македонија и како човек што е загрижен за доброто на своите сонародници поднесувам формална поплака против евроамбасадорот во Македонија, г. Ерван Фуере. На ова сум присилен бидејќи г. Фуере, според моето мислење, комплетно не успеа да се додржи до високите демократски стандарди по кои ЕУ и западниот свет живеат. Како човек што живее во Канада од 2000-тата година, јас станав навикнат на живеење во систем каде што Владата е одговорна, а администрацијата е компетентна, без разлика на тоа која партија е на власт. Бидејќи Канада и ЕУ имаат слични системи на уредување, како на хартија, така и по дух, заклучувам дека истите стандарди што важат за владата и за администрацијата во Канада важат и во ЕУ“, пишува Петровски во својата иницијатива до Пасквинели.

Од амбасадорот Фуере добивме писмен одговор, во кој се појаснува дека мандатот на амбасадорот не дозволува коментирање на индивидуални случаи.

Петровски како доказ наведува повеќе изјави во македонски медиуми на Фуере, во кои тој бара од Владата и од другите институции почитување на човековите права. Петровски сака да докаже дека амбасадорот селективно се залага за човековите права во државата. Тој во своето писмо тврди и дека Фуере поддржува одредени политичари во Македонија. Во иницијативата се наведуваат уште два примера на лошо однесување на Фуере - случаите на писателката и професорка Јасна Котеска, ќерка на прогонуваниот писател Јован Котевски, и актерот Васил Шишков, син на легендарниот Ристо Шишков, исто така прогонуван од МВР. Котевска објави книга за судбината на нејзиниот татко, а Шишков, откако го подигнал досието на татко му, беше претепан. Од г. Фуере ни глас за ова прашање, тврди Петровски.
 
Линк човече линк толку ли ве мрзи да го ставите
 
Горе посочениот `певац` е актуелен и на форумов,
така да нема потреба од линк него би го замолил директно да се произнесе и изјасни по оптужбата која што ја покренал.
:toe:
 
kako ke se resat ovie sluci,:jaj: koga so vmro vo pozadina rakovodat bivsi UDBASI.
 
Што знае Фуере што се УДБА-ши....
Само му вадите муабети...
 
Ќе започне ли веќе еднаш лустрацијата или...

Фуере се однесува како Танго и Кеш... еднаш игра танго, а друг пат прима кеш
 
Евроамбасадоре, не со двојни аршини !

Комисија за проверка на факти, Јавен Обвинител и Правобранител,Уставен суд, но и - Устав, Закон за лустрација, и слични институции и акти, основани и изгласани заради демократијата во оваа држава. Но, дали не функционираат само по моментна политичка потреба ?

Од преписките низ печатот, се увиде дека само во министерувањето на едниот од претседателските кандидати, се водени досиеја против граѓани на оваа земја. Наш граѓанин како последица од следењата и тормозењата, ја напушти сопствената земја. Тој со документ во печатот јасно не увери дека еден од кандидатите за Претседател е потписник на решението за негово следење (таргикомично, токму овој кандидат последната своја колумна ја насловил со “Слобода! Не диктатура!”). Но, попусто приложениот јасно потишан документ, целосен молк од сите демократски фактори во оваа држава !?

Се поставуваат прашањата :

1. Зошто, институциите не реагираа како што инаку знаат кога се работи за случувања, проекти и одлуки и помалку важни од ваквото газење на фундаменталните човекови права, па оваа кандидатура на време да се оспори ?

2. Зошто, ако институциите се неагилни, исто такви се инаку агилните колеги од НВО-ии кои знаат и за дневни случки да реагираат, а камо ли години политичко следење на овој човек. Каде е “Хелсиншкиот” на инаку гласната во однос човековите права, кандидатка за градоначалник или “Транспарентноста” на другата пак кандидатка за Претседател? Каде е другата “Транспарентност”,критичките пера на екс-директорот од неделникот а сега шеф од изборниот штаб на кандидатот за Претседател и налогодавец за следење лица ? Каде е онаа “Коалиција за правото и правичното судење” или пак други слични иницијативи ? Навистина, каде се сите ?

3. Зошто, инаку гласниот ЕУ амбасадор, кој знае да не учи, советува а пред се “условува” со влезот во ЕУ, го нема неговиот инаку “енергичен демократски” став за вака скандалозни документи презентирани нему и на целата јавност ? Тој и колегите му амбасадори не знаат за правата на следените, но знаат да не условуваат за влезот во ЕУ дури и со права на некакви групи со сексуална ориентација необична за нашата традиција а нормална за нивните (за воља на вистината со таква ориентација кај нас постојано гледаме една личност, обично пред избори).

4. Зошто, евроамбасадорот е со двојни аршини ? Не прави мудри кога ни се работи за националното име па не советува како да сме постапиле а за љубов на ЕУ и ќеиф на една и членка (неговото гесло: “граѓаните на Македонија не се глупави”!). Сега, не ни е јасно зошто не третира за “глупави”, кога во вака јасни случаи на кршење елементарно човеково право, молчи ?!

5.[FONT=&quot] [/FONT]Зошто, евроамбасадорот и ЕУ, се постојано со двојни аршини? За следениот и како последица од тоа емигрираниот граѓанин на Македонија од една политичка власт-еден аршин а за граѓанинот Ел Масри приведен и држен од истата политичка власт-друг аршин ? Дали оти “тој е само кутар Македонец” (Демостен “Филипики”), зашто да беше Ел Масри, ќе расправаше и Европарламентот и сите надлежни институции на ЕУ ?

Навистина Господине Еу амбасадор, граѓаните на Македонија не се глупави и многу добро препознаваат двојни аршини. Само продолжете со двојните аршини и ЕУ ќе ни ја направете “сигурна посакувана” дестинација. Навистина кој е така глупав да не сака да живее со двојни аршини ?
 
Што знае Фуере што се УДБА-ши....
Само му вадите муабети...

На Деветата симфонија на Бетовен која денеска е употребувана како химна на ЕУ, била потпевнувана и оваа удбашка парола Сломит чемо сваког скота ко је против Ка–Пе-Јо-та“ од затворските чувари на Голи Оток.

:sekss:
 
Самиот факт што во Македонија сеуште не е донесен закон за лустрација,укажува на тоа колку Македонија е држава со сопствена национална доктрина и созреана демократија.Ние сме зависни сеуште од одреден круг на политички личности,кои мамето и го расплакуваат на државата.

Не е фер за нешто што направил мојот татко,дедо или прадедо и јас да настрадам.:toe:
 
На Деветата симфонија на Бетовен која денеска е употребувана како химна на ЕУ, била потпевнувана и оваа удбашка парола Сломит чемо сваког скота ко је против Ка–Пе-Јо-та“ од затворските чувари на Голи Оток.
Мора да звучело прекрасно!
Дали е најавена репетиција на тој спектакл?
 
Самиот факт што во Македонија сеуште не е донесен закон за лустрација,укажува на тоа колку Македонија е држава со сопствена национална доктрина и созреана демократија.Ние сме зависни сеуште од одреден круг на политички личности,кои мамето и го расплакуваат на државата.

Не е фер за нешто што направил мојот татко,дедо или прадедо и јас да настрадам.:toe:

Уште полошо е доколку за нешто што го направиле твојот татко,дедо или прадедо да настрадаме сите во Македонија.:toe:
 
Уште полошо е доколку за нешто што го направиле твојот татко,дедо или прадедо да настрадаме сите во Македонија.:toe:

Појасни го тој процес како сите би настрадале во Македонија?:nesum:
 
За господичниот Фуере треба повеќе луѓе да испратат писма и пораки , оти мене повеќе ми се чини тој дека е на одмор во Македонија отколку на работа. Па дури зазема и страна во водењето на политиката во Македонија, се прашувам и членска книшка да не има човеков...тоа во доменот ли му е, му дозволува ли мандатот ??? :vozbud:
 
Fuere bas i ne moze poinaku so ovaa bagra od vlast.
Covekot si e na mesto.
Ke nas ne cini.
Nikoj ne ni e kriv sto nekoj luge mislat nacionalsocijalisticki so maniri od sreden vek
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom