Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Работата на Фуере на маса кај омбудсманот Пасквинели
Автор: Александар Божиновски Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
Работата на Ерван Фуере, претставникот на ЕУ во Македонија, ќе биде на проверка кај Џулија Пасквинели, народната правобранителка на Унијата, каде што деновиве кумановецот Јордан Петровски, политички азилант во Канада, испрати докази за тоа. Петровски се жали на молкот на Фуере на неговата иницијатива за проверка на вистинитоста на изјавата на тогаш претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски за тоа дека не бил соработник на државните безбедносни служби. Тој до комисијата за верификација на факти (позната и како комисија за лустрација) го испратил своето полициски досие во кое се наведува дека од политички причини бил следен од Управата за безбедност и контразразунавање во време кога министер за внатрешни работи беше Фрчкоски. Петревски бараше Фрчкоски да биде отстранет од трката за шеф на државата. Сите претседателски кандидати пред изборите потпишаа изјави дека не учествувале и не давале наредби за следење граѓани од политички или од идеолошки причини.
Бидејќи комисијата за верификација на факти сè уште не функционираше, односно не и беа подготвени просториите за работа, Петровски се обрати до Фуере и до Пасквинели. Тој од евроамбасадорот добил одговор само дека го примил неговото писмо и поплака.
Пасквинели, пак, од друга страна се прогласила за ненадлежна за неговите маки во Македонија, но кога дознала за однесувањето на Фуере, му препорачала на Петровски веднаш да и ги достави сите докази. Пасквинели во одговорот до Петровски вели дека ќе покрене истрага ако доказите го потврдуваат однесувањето на Фуере.
„Како државјанин на Република Македонија и како човек што е загрижен за доброто на своите сонародници поднесувам формална поплака против евроамбасадорот во Македонија, г. Ерван Фуере. На ова сум присилен бидејќи г. Фуере, според моето мислење, комплетно не успеа да се додржи до високите демократски стандарди по кои ЕУ и западниот свет живеат. Како човек што живее во Канада од 2000-тата година, јас станав навикнат на живеење во систем каде што Владата е одговорна, а администрацијата е компетентна, без разлика на тоа која партија е на власт. Бидејќи Канада и ЕУ имаат слични системи на уредување, како на хартија, така и по дух, заклучувам дека истите стандарди што важат за владата и за администрацијата во Канада важат и во ЕУ“, пишува Петровски во својата иницијатива до Пасквинели.
Од амбасадорот Фуере добивме писмен одговор, во кој се појаснува дека мандатот на амбасадорот не дозволува коментирање на индивидуални случаи.
Петровски како доказ наведува повеќе изјави во македонски медиуми на Фуере, во кои тој бара од Владата и од другите институции почитување на човековите права. Петровски сака да докаже дека амбасадорот селективно се залага за човековите права во државата. Тој во своето писмо тврди и дека Фуере поддржува одредени политичари во Македонија. Во иницијативата се наведуваат уште два примера на лошо однесување на Фуере - случаите на писателката и професорка Јасна Котеска, ќерка на прогонуваниот писател Јован Котевски, и актерот Васил Шишков, син на легендарниот Ристо Шишков, исто така прогонуван од МВР. Котевска објави книга за судбината на нејзиниот татко, а Шишков, откако го подигнал досието на татко му, беше претепан. Од г. Фуере ни глас за ова прашање, тврди Петровски.