Убаво кажано, се согласувам со твоето мислење. Но сепак нема тие толку да бидат загрижени, колку што ние сме. Нас повеќе не удара во срце, кога ќе дојде тоа прашање, а нив му е сеедно, важно си имаат држава со име кое нема никакви конфилкти и проблеми со некои соседи.
Еми убаво викаш, само што од кај па ти знаеш дали се или не се албанците загрижени? Цели 20 години не ги интегрираше албанците, не им даваше да ја осеќаат државата како татковина, па сега најде да зборуваш како ги удара тоа албанците?
Албанците би го решиле спорот на штета на Македонците бидејќи немаат интерес да се зачува името, туку да бидат на иста страна со Америка.
Доколку би биле на наше место сигурен сум дека не би попуштиле туку би ја анимирале цела лоби дијаспора и би кренале врева и пискотници на Дефкон 5 ниво до Вашингтон.
Еве уште еден шо скока пред да размисли. Од кај па ти бе знаеш на чива штета би решиле албанците? Албанците имаат еден и единствен интерес во оваа држава. Рамноправност. Не-екслузивност од "ваша" страна. Заедничко. Е доколку тоа се стави на маса, верувај..многу полесно би ја решиле Дора.
ма ги заболе албанците за Македонски идентитет или јазик или име гледаат само нив да им е арно и што да очекуваш тие како би решиле
НИКАКО!!! секој нивни предлог и сугестија е на штета на Македонците
Гејлада нема право на нашето име нити идентитет, јазик историја единствени сопственици на сето тоа сме ние Македонците
Шо мајка па тогаш преговараш?
Гледам колку македонците ги заболе за идентитет и јазик...албанци во Грчка на одмор можам на прсти да ти ги бројам. Албанци кои соработуваат со Грчка се двајца. Албанците се поголеми крвници со грците отколку што ти можеш да замислиш.
Ама да...тебе те заболело повеќе, па затоа преговараш. Извини господине северо-македонец.
предлог едно и единствено име Република МАКЕДОНИЈА со Македонски идентитет и јазик тој е единствен прифатлив предлог
а тебе те заболе за Македонски идентитет или јазик туку гледаш да ти е арно
а мене не ми е арно кога ми го нема идентитетот кога незнам кој сум и што сум
е тука е проблемот зошто неможете вие да учествувате во преговорите
Јас друже...имам идентитет. Не ми требаат преговори, не ми треба грк, македонец, бугар, турчин или било кој да ми каже каква поезија пишувал Де Рада, кога се водела битката во Круја, кој бил Антон Чета, и кој сум јас. Јас не преговарам. Јас сум, Албанец.
Ти преговараш. И после ти ми зборуваш мене за доблести, муда и кого заболело.
Moжеби не го сфати.Грците одат на време,надеваќи се на нови недоразбирања меѓу Албанците и Македонците со надеж дека Македонија ќе се распадне.И јас го делам тоа мислење дека Грците се молат во Албанците.Дали ме сфаќаш?Не да склопуваат некои сојузи (мада и тоа е можно пошто еднаш се имаат сретнато со Ахмети)туку да одат на време и да чекаат нови конфликти меѓу нас.
Искрено, паметни се грците. Со начинот на кој што Грујо ја тера работата, ќе да се во право.
Секоја коска ископана, е македонска. Секоја педа од државава е православна. Со државни пари ќе градиме цркви и споменици на македонците. Македонски деца ќе раѓаме и ќе ги плаќаме. Македонски фирми ќе субвенцираме. Македонци аргати ќе вработуваме во партија..овај администрација. Не знам само до кога. Албанскиот субјект сакале нејќеле мора да биде присутен во секојдневието. Не е прашање на права, на 2001ва, на трте мрте. Тука сме. Не можеш да се однесуваш кон мене како да сум од стакло, па да сум проѕирен. Се додека кога се претставува Македонија, со поимот Македонија, а во тоа не е опфатено албанскиот субјект, тогаш во ниеден момент не смееш да очекуваш албанска поддршка за ништо. Нема да ја добиеш. Еве искрено ти кажувам. Денови на Македонската култура во Прага, а ниеден албанец да засвири на виолина барем. Блерим Груби шубо свири на виолина, мерак за уши. А тој глупиот секогаш свири под закрила на Р. Македонија, со македонско знаме, и се претставува од Македонија. А место за него во Македонската култура нема...И после некој тука ќе ми каже албанците немале разбирање за проблемот со името...Хех.
@Cool@
Кога мене лично би ме прашал, кога би зависело од мене, доколку јас би бил премиер...
Би укинал било каква поврзаност власт-религија. Џамии цркви, се тоа би избришал од државен буџет. Администрацијата не би можел да ја избришам, ама би можел да ја тренирам и да ја прераспоредувам по потребни места. Заварувачи, техничари, помошници по фабрики, што ти ја знам што друго. Тренинг некој...јебига, и така така толку плата зимаат. Џандарите би ги носел на курс по култура, да ти се обратат со добро утро господине. На тој типот шо гради хотел на среТ Кеј, би го натерал да го урне, и да ги врати старите камења, и да ги тргне тие ружнине плочки на плоштад. На негов трошок и тоа, како казна. Би донел закон каде што никој кој што не е родум од Скопје, не смее да биде сопственик на земјиште/куќа/стан/кола или било што, регистрирано во Скопје. Нешто слично како што е во Љубљана. Министерството за Транспорт и Врски би го преселил во Прилеп, за да не мора Миле да патува секој ден после. Би штедел на бензин. Министерството за Туризам, во Охрид. Министерство за Земјоделие во Гевгелија. Би ги заживеел умрените региони во Македонија. Да заживеат малку селана. Некое затуцано село како на пример Светораче (да, постои мајке ми) би го претворил во олимписко село каде што вечерање би коштало 100 евра. Глупи германци ќе молзат кози, и ќе се смеат и сликаат со тоа. А баба Митра ќе кешира пари. Дедо Станоја ќе пуши пури. Нек види он живот што е. Африм од Тетово има да го земе Тетекс, и да го врати како што си беше на времето, угледна фирма. А не да ми шијат таму најлон кеси за на пазар. Албанците од Дебар би компонирале најубави староградски песни со албанско-македонски мелоз. ЦДњата на гага ќе им ги дааме на Французине, за инает. Би укинал двојно-државјанство. Секој страни-државјанин би требал да плати дупло данок. Додуша данок за све би платиле тие. Крај краева, чист воздух дишат кај нас, мора да го плаќаат. Градам пат Драч-Штип-Бургас. Грчката амбасада би ја условил, или ќе пишеш Македонија таму, и визите ќе почнеш да ги лепиш на пасош, или те селам во Јурумлери. 35 евра виза, за парче а4 формат да ми штампа на принтер...ја мајката...А коа ќе ме праша Дора зашо уствари ги селам во Јурумлери, ќе и одговорам во стилот на 300та...THIS IS MACEDONIAAAAAAAAAAAAA...
Ако она има проблем, у курац со се неа и амбасада од кај што дошла. И уствари...со подобра економија, би ме болело курац што мисли Дора.
Ама...ама кога веќе не зависи од мене, кога се трошат пари на културо(в)лошки изданија од типот на споменици кипови музеи џамии цркви и што ти ја знам друго, а народот гладује...тогаш многу лесно ќе не поткупат. На гладниот парче леб, на сиромашниот пари, на слепиот очи...Така да, топката е во твои нозе. Дај гол.