Шенгенскиот ѕид конечно паѓа

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Еј немој само ти со твоите фрустрации за туѓите сметки во банка. :)

Знаеш безброј случаи велиш? хехе ехх АБЦ главна оговарачка низ село мора да си, се знаеш за секого ебаго, која останала трудна и у кој месец е, колку пати на ден комшиите го мочаат кучето, кој со кого се скарал, кој кого изневерил... :kesa:
Чудно е колку информации стигаат,кога имаш моќ да го сослушаш секој соговорник,да си ја каже сопствената мака.:smir:
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
A deset dena samo flasirana voda da pijam?
Pa ako sakas vo EU, i za voda ke plakjas, moze da se sluci duri i proizvoditelot od cesma da ja polni,ama za zal, vo EU voda za pienje se KUPUVA!!!

Toa ti e uste edna "pridobivka" od EU....ke ni izmislat deka Makedonskata voda necini, za da moze Sarkozi da napravi "Dil" i Evian vo Mkedonija da trosat lugjeto, plakjajki i do 3 evra za 300 grama voda.....
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
126
Поени од реакции
3
Poprvo ke padne kurot na Roko Sifredi odkolku Shengenskiot zid ne se lazete:uvo:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Оди во Лидел,Пени или Алди бе,ќе те “одерат“ во тој супермаркет од каде ги кажуваш цените.Забораваш да кажеш при тоа (можеби намерно) дека во студенската менза имаш прилично пристојна храна за по 5-6 евра на ден,што ќе ги заработиш и во првиот Имбис за еден час најмногу,со гратис донер како прилог.:toe:
АВС 4 и кусур години сум во германија сум ти ли најде да ми кажуваш од каде да купувам и од каде ми било поевтино или поисплатливо?
Студентската менза во градов не ја коментирам потшо е субвенционирана од градот и е екстра евтина инаку по институтиве што сум јадел ручек без прилози кошта помеѓу 2,5 и 3,6 евра.

Прашање до сите форумџии кои се по ЕУ а плачат на темава ,зошто не се вратите во Македонија кога еве ни докажувате дека ви е тешко?
Секој има индивидуални причини, но тоа не значи дека и ако имаат можност не би се вратиле.
Јас на пример тука сум ради науката, бидејќи тоа што го студирам во основа е врзано со природно научно истражување за кое има пари само во најбогатите земји во светот па реално со мојава струка освен во две три членки на ЕУ во другите би бил скоро на исто ниво ко во македонија, со други зборови јас сум во германија не ради ЕУ туку ради тоа што германија има доста пари за истражување.

Јас проблемот за оваа проблематика го гледам што французинот (од муабетов, нели... иако може да биде било кој друг) се научил на пристојно здравство, убава плата, редовен одмор, море, пи**и, низок данок, образование, некорумпираност... и сега наеднаш ако нешто мааааалку не почне да штима, он почнува да се жали и ич не му чуе. Финтата е што и најсиромашниот французин е побогат од било кој македонец. Ние 20 години патиме и патиме, едно колено млади ја отераа младоста упм, беа уништени со изолација, безработица, потценување во секој аспект, никакво судство, војна, омраза.... и да не листам. Поентата ми е, ние се научивме на ова. Со десната рака фати се зад вратот. Таму имаш еден нерв. Тој нерв ти е за 60 пати подебел од на французин. Издржуваш ти, немаш гајле. Французинот не може па се жали.
Од богат можеш да направиш сиромашен и со тоа да го скршиш на пола. Од сиромашен не можеш да направиш сиромашен. Ти викам, USB од 2 гига кај мене у дуќан 460 денари (7 евра и 50 центи), во Германија исто. Исто потполно! Јас едвај вадам од дуќанов 150 евра месечно, Германецот вади 2000. И пази, сите други трошоци ни се ептен слични (стан во Скопје, 300 евра - стан во Германија - исто). И ај сеа?
Принц неможеш брат ти да се споредуваш ти со твоите цени со цените во германија (иако реално цените во германија на техниката не се баш до толку ефтини, во САД е се многу побадијала) бидејќи во германија имаш три ланци на супермаркети (Saturn, MediaMarkt) за техника и поевтино набавуваат роба. Колку за споредба јас минатата година за 8 евра купив USB стик со 4 гига.

Она што сакаме да го кажеме со Братот е дека не е секогаш се до парите туку што тебе лично те прави среќен во животот. Тоа е едно многу тешко прашање на кое можеби и вака нема да можеш да дадеш одговор туку терба да собереш различни лични искуства па да можеш да кажеш.
Еве на пример моите се работливи луѓе и ми приуштиле до сега некој ништо посебно многу ама еден пристоен живот во македонија, моите сеуште се во македонија и работат. Од колегите што ги имам тука во основа тие со просечен животен стандард не имале нешто сообено повеќе комодитети од тие што јас сум ги имал во макеоднија. Значи квалитетот на животот на едно семејство со просечни примања во германија и во макеоднија реално гледано многу не се разликуваат. Разликата е тоа што процентуално бројот на семејства од средната класа кај нас е далеку помал од тој во германија.
Значи како што кажав треба човек добро да размисли и евентуално да проба, ако некој лично се чувствува посреќен да има повеќе работа следствено нешто повеќе пари за еден или два геџети повеќе а помалку слободно време и многу помалку дружење и социјален живот тогаш бујрум, таа личност сигурно би била многу посреќна во германија отколку во македонија. Ама од лично искуство верувај ми дека драстично послабиот социјален живот многу знае да удира на психа и да те направи самотник.

Pa klosari bile cim taka.
Da si 35 godini vo Germanija i da imas samo za golf3, treba da bides epten glup, tup i neupotrebliv. :toe:
Кварк, ако си квалитетен кадар кој е способен шансите се дека ќе се снајдеш и во македонија и во германија. Во германија тие што се квалитетни ги задржуваат и имаат пристојни примања, се друго што се класифицира како просечен работник ќе зема помалку пари и ќе живее многу полошо него што некои си имаат претстава за германија.
Така да малку е неблагодарно да нарекуваш некој глуп и туп, бидејќи неможат сите да бидат квалитетни кадри.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Од колегите што ги имам тука во основа тие со просечен животен стандард не имале нешто сообено повеќе комодитети од тие што јас сум ги имал во макеоднија. Значи квалитетот на животот на едно семејство со просечни примања во германија и во макеоднија реално гледано многу не се разликуваат.
Znaes i samiot deka ne e taka.
Germanecot pola plata godisno da zastedi ke moze da ide kaj i da mu prdne na odmor.
Jas so pola plata zasteda ke stignam do ezerceto Treska, eventualno do Matka. :toe:
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
едно ќе речам
да не мешаме политика
да живеј фиреро
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Старите моркови веќе мувлосаа, па треба ново морковче.
А стапоите редовно си ги јадиме.

Пред најавените засилени активности на Нимиц, пред засилените притисоци за промена на името еве деновие едно ново морковче.
Излупено, помаранџесто, мириса свежо: Пред укинување на визите сме биле.
Саааааамо едно маааало условче да исполниме, и се ќе биде во ред.
Ај да го прашаме Геропулос и останата соросоидна братија, што мислат тие - дали да го исполниме уште тоа маааааало безначајно условче и да шибаме у Европа без визи?
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
решено е
општо народот не реагира на ништо
никој не ни е крив









кој си ја сака Македонија и кој диши со неа знај шо треба и како треба
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
А зошто би лажел, објасни ми го тој дел од сомневањето погоре, бидејќи приметувам иронија?
Што би изгубил или добил со тоа ако некој Македонец дојде да живее или работи во Е.У.?
Демек ќе ми земе од лебот или што?

Јас сум уште на етапата каде студирам, затоа и дојдов овде.

Додека не завршам студии, за кои отплаќам кредит и немам никакви стипендии од влади и министерства, морам да работам за да се издржувам.
Никаде не спомнав дека лажеш ,не инсиунирај :smir: Ионака ти не ми беше во онаа група на која мислев,знајќи дека си студент.Но неисе ,болдираното се кажува, да си доле не верувам дека би можел самиот да се издржаваш плус да си плаќаш студии, ќе чекаш од мама и тато,така ?


имам роднини во Германија ... 20+години таму
и на мој пријател родители .. 35+години таму

роднините работат просечни работи ... скромни ...
возат Голф3 (2-3000 евра):toe:,
Да не бидам груб нели, ама ако ова е вистина што ти го имаш напишано ,тогаш некој едноставно немаат кликер:toe:


скромен живот и само работа работа работа .... ништо посебно кога ќе размислиш дека цел живот у работа ти поминал ... ништо свое освен некоја кола :toe: ... а тоа работа работа работа во вистински смисол на зборот ...
Во право си работа и само работа, ама за таа работа соодветно си платен, во работата може и да нема разлика со Македонија ,ама во сигурноста на исплатата и трудот помеѓу ЕУ и Македонија и те како има.


шведска контактирам со некои пријатели на интернет ... огромни фирми се затвараат ... отпуштања на ангро ....
Има отпуштања ,ама затоа пак ако останеш без работа ,државата не те остава на патот, што не би рекол дека истото е во Македонија

не е се розево како некои шо мислат и знаат да преувеличат ...
По розево е од Македонија во секој случај



некој спомна шофери бизнисмени ќе им олеснело .. да ќе им олесни 35евра :toe: ништо друго ...
35 евра и не се толку битни за оној кој видел дека шоферлукот е поплатен и навреме платен во ЕУ за разлика од Македонија...Но битно е што не ќе мора да испаѓа од ЕУ на секој 30 дена а визата му важи 6 месеци, па ако не излезе за 30 ќе мора да се крие по приколици или во кревет од кабина на Маџарска граница за да не го фатат и да му рокнат црно штембилче.


Во земји како Франција, Австрија, Британија, Германија мислам дека ситуацијата е малце поразлична. Бидејќи тие се оние земји кои ја движат и ја одржуваат ЕУ. Вистинската "разлика" за како било пред ЕУ, и после, треба да се бара во земјите како Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Полска, Естонија, Латвиа и Литванија.
Полн погодок,споредбите со последно примените ЕУ и старите ЕУ членки не држат вода

Секој има индивидуални причини, но тоа не значи дека и ако имаат можност не би се вратиле.
Јас на пример тука сум ради науката, бидејќи тоа што го студирам во основа е врзано со природно научно истражување за кое има пари само во најбогатите земји во светот па реално со мојава струка освен во две три членки на ЕУ во другите би бил скоро на исто ниво ко во македонија, со други зборови јас сум во германија не ради ЕУ туку ради тоа што германија има доста пари за истражување.
Значи идеме на најбитното ,сепак има повеќе пари и се е навреме платено тоа е една од најголемите причини кои секој еден македонец го влечат и ќе го влечат надвор од Македонија
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
да да...
ти се знаеш ..

ја да ти кажам ..
ако имаш албанци роднини у ЕУ и ако ги бива ....
да погодам од 2пати шо работат и како ги бива?

Ајдеее!!! Си зборел некогаш со Албанец кој е физички работник на Запад, за да видиш како живее? Или се со мафијашишта ти комуницираш?:)) Знам за тоа колку работат и во какви услови работат, особено на градилиштата... Муабетиве што ги правиш ги имам слушнато еден куп пати, секогаш кај нашите во Македонија... Нашите овде што се, знаат дека не е така. Исто како што знаат дека они не би работеле во такви услови, па не можат да се жалат за тоа кој колку заработува...

sakav da kazam generalno,isklucoci ke ima sekogas...ne sum bil tamu no sum pravel muabet so francuzi mnogu pocesto,i go slusam istiot muabet.
Samiot francuzin ne e zadovolen os standardot,a ne pak jas ili ti
Да ги слушаш Французите како плачат за тоа колку им е тежок животот и колку немаат - ќе ти дојде да им дадеш нешто ситно по џеб што ти се матка.... Никогаш не се задоволни, секогаш бараат повеќе, не се научени да штедат... Ама тоа не значи дека стандардот не им е дааалеку подобар од нашиот...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Која обмана е сето ова.
Бугарине влегоа во ЕУ и НАТО и денеска слушам на радио, по десет коли дневно од секој бренд се враќаат поради неможноста за плаќање на лизингот.
Вагони Бугари се враќаат од Шпанија поради економската криза.
Дали се среќни ?
Што е среќата ?

Старите наши 2 светски и две балкански војни прогураа, дечиња изнаправија, па беа луѓе дивови, се издржаа.

Сакај си ја државата, мисли на неа, бори се за неа, среди си го твоето катче, запечали пари и со тие пари и железна врата да е, ќе ја отвориш.

Не дозволувај да ти го перат мозокот со Шенген со ЕУ со НАТО, тоа се така небитни работи во животот, тоа е храна за лузери.
 
M

marsovka

Гостин
Значи идеме на најбитното ,сепак има повеќе пари и се е навреме платено тоа е една од најголемите причини кои секој еден македонец го влечат и ќе го влечат надвор од Македонија
да додадам само пристоен правен систем и кква таква заштита дали здраствена,безбедносна или социјална која овде скоро и да ја нема

Разликата помеѓу овде и надвор е разликата помеѓу анален без и со вазелин у мои зборови кажано
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
добро е сега ке шетаме низ европа нема да биде како порано по 2-3 дена да чекаш пред амбасада ...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Znaes i samiot deka ne e taka.
Germanecot pola plata godisno da zastedi ke moze da ide kaj i da mu prdne na odmor.
Jas so pola plata zasteda ke stignam do ezerceto Treska, eventualno do Matka. :toe:
Кварк како што реков точно е дека германците поквалитетно го трошат слободното време односно поточно кажано одморот едноставно бидејќи можат да соберат малку повеќеќ пари а и понудите од туристичките агенции им се многу поевтини од кај нас.
Ама кога зборуваме за подобар живот кварк не зборуваме за две до три недели во годината збориме за целата година, ако ти живееш само за тие три недели одмор во годината налет животот, тие три недели не се репер за квалитетот на животот.

Значи идеме на најбитното ,сепак има повеќе пари и се е навреме платено тоа е една од најголемите причини кои секој еден македонец го влечат и ќе го влечат надвор од Македонија
Делбој погрешно ме разбра, кога реков има повеќе пари за истражување не мислев под тоа дека тие што се бават сдо наука се подобро платени, туку дека има проекти на кои може да се работи, а со оглед на тоа дека сите природно научни истражувања се воглавно непрофитни, за нив се даваат пари само таму каде што има некој многу вичок и може да ги даде, со други зборови јас лично во поглед на мојата финансиска состојба нема да има голема разлика да има ако работам во земја каде многу малку се дава за истражување и во земја каде се дава многу за истражување, разликата е во тоа дали јас ќе можам да работам на проекти од кои ќе можат реално да се произведата нови работи.
Со други зборови јас не трчам по парите кои лично јас ќе ги добивам, не ни сакам, а тоа не го ни правата мнозинството што се бават со наука, јас само барам место каде што ќе можам до максимум да го искористам мојот капацитет, а тоа е можно само таму каде има средства за тоа, ако ме прашаш мене секоја апаратура и реагенси треба да бидат бесплатни за секој што има добро основан истражувачки проект, ама нажалост живееме во капиталистички свет па со истражувачките проекти мора да идеме по офндации и големи фурми и да питачиме пари за да можем да си ги купиме апаратите и реагенсите потребни за истражувачките проекти.


И морам да дадам една генерална забелешка.
Ако ги прочитате неколку те последни страници повеќе од очигледно е дека јас кој сум во гермнија, анастазија која е во франција и е политички либерално ориентирана и братот кој е во полска и е политички десно ориентиран (значи сите можно комбинации) со нашите лични искуства сите вие кои не сте живееле подолго од 3 месеца во некоја ЕУ членка нас не убедувате дека квалитетот на просечниот живот во ЕУ е многу поголем за разлика од тој во македонија, за која разлика ние со нашето повеќе годишно искуство имаме дојдено до заклучок дека сепак толку голема разлика во квалитетот на просечниот живот нема.
Ај да беше само еден човек од една ЕУ членка и да ве убедуваше во тоа да ве разберев да му се контрирате и да му кажувате дека е субјективен, ама во овој случај тројца во три различни еу членки кои имаат различни политички и филозофски гледишта на животот сите го кажуваат истото и вие пак продолжувате да не убадувате дека не е така, едноставно нема логика.
Затоа и јас мислам дека е доволно е да се симне визниот режим чисто за полесно да стапуваат младите во контакт со универзитетите во ЕУ каде што би студирале и со тоа би научиле и би ги воочиле разликите во животот таму и тука и би можеле да го видат тоа што ние тројца сега го согледување, а тоа е дека во македонија има сеуште едно голема илузија дека животот во ЕУ генерално е далеку подобар од кај нас,, и дека парите се единственото средство за среќа во животот
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Никаде не спомнав дека лажеш ,не инсиунирај :smir: Ионака ти не ми беше во онаа група на која мислев,знајќи дека си студент.Но неисе ,болдираното се кажува, да си доле не верувам дека би можел самиот да се издржаваш плус да си плаќаш студии, ќе чекаш од мама и тато,така ?
Не би чекал во никој случај, иако знам дека не би можел без нивната помош, и сега ми помагаат, а не пак доколку би бил доле.
Дали преку врски, дали без, сигурно би барал работа и претпоставувам би работел нешто сосема трето од она што би сакал.
Впрочем ни овде не е многу различно.

Знаеш, има еден битен елемент, кога си дома и кога знаеш дека секогаш кога ќе се вратиш те чека топол оброк, кога некој ти пере и пегла, е многу лесно да паднеш во заблуда дека во странство ќе ти биде полесно.

Има многу аспекти кои би ги спомнал, меѓутоа секој за себе нека си размисли дали има кулинарни способности како неговата мајка, дали може да си дојде накај 17-18 од работа и да готви ручен - за една особа.
Дали облеката ќе биде беспрекорно испеглана и уредно склопена па ти само да дојдеш земеш облечеш и соблечеш, фрлиш во кошот за перење.

Значи идеме на најбитното ,сепак има повеќе пари и се е навреме платено тоа е една од најголемите причини кои секој еден македонец го влечат и ќе го влечат надвор од Македонија
Сигурно дека е подобро, меѓутоа не е розево за странците, како што ние најчесто судиме според тоа како живеат тамошните-родени Германци,Полјаци,Шведи итн. итн.

Треба да се разбере, ти си странец.
Имаш воочлив акцент, не се ориентираш во околината, немаш никого на кого може да сметаш, третиран си како второкласен граѓанин кога станува збор за завршување на било какви административни работи и си идеална прилика за да те измамат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom