Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
ЗА КОНЦЕРТОТ НА СИМОН ПИШУВАА БРИТАНСКИТЕ ТАЈМС И ТЕЛЕГРАФ!
Да не беше Трпчески, Бољшој немаше да гостува во Скопје
Македонија му го дала на светот Александар Македонски, Мајка Тереза, и изразот за најпрекрасниот пронајдок: овошната салата. Благородни и вкусни достигнувања, иако, за музичките вљубеници денеска, главен македонски извозен продукт е дефинитивно Симон Трпчески, пишува Џоф Браун, критичарот на угледниот Тајмс
- Сместена во срцето на Балканот, Македонија му го дала на светот Александар Македонски, Мајка Тереза, и името на најпрекрасниот пронајдок: овошната салата. Благородни и вкусни достигнувања, иако, за музичките вљубеници денеска, главен македонски извозен продукт е дефинитивно Симон Трпчески, пишува Џоф Браун, критичарот на угледниот британски "Тајмс".
- Не само што овој пијанист поседува феноменална техника, добар вкус и инспиративна имагинација, коишто му обезбедуваат врвен квалитет. Исто така, станува збор за победа на неговата малечка, не многу позната земја, и ширење на нејзината културна ренесанса, пишува критичарот, кој вели дека без вмешувањето на Трпчески, гостувања во странство на оркестри како овој на Бољшој театарот, не би стигнале до Скопје, главен град, кој, сепак, не е на "главната патека".
- Кога тие ја изведуваа руската програма со Трпчески во саботата вечер кога се случуваше и Евровизијата, две и пол илјади луѓе ја наполнија Метрополис арената, еден вид на утилитарен модерен простор, повеќе организиран за боксерски мечеви отколку за осум рунди на класична музика, пишува Браун, кој, сепак, има и забелешки:
- На втората половина од концертот, и Прокофјевата "Петта Симфонија", дел од патината на Бољшој оркестарот започна да бледнее. Причини имаше, главно високата температура во салата, зголемена од осветлувањето..., вели критичарот, објаснувајќи дека, сепак, ништо не можело да го помати настанот и мајсторството на изведувачите.
Тој пишува и дека некои пијанисти свират како пијаното да им е соперник, или партнер кој престанале да го сакаат. "Но, откако рацете на Трпчески претрчаа над клавишите толку лесно, толку едноставно, веднаш дознавате дека пијаното е негов дом, неговиот најдобар и најверен пријател", пишува со воодушевување критичарот на "Тајмс".
Критичарот за новата зграда на Филхармонија
Изненадувачки, Џоф пишува и дека за три години, Скопје ќе биде спремно да одржи класични концерти во првокласна концертна хала, мислејќи на новата зграда на Македонска филхармонија. "Сигурен сум дека Александар Македонски ќе го одобри тоа", завршува познатиот Браун.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FF57C53D54F1EF4FB7FAEED8EDA80520
Еве ви ги и оригиналните линкови
http://entertainment.timesonline.co...ainment/music/live_reviews/article6306319.ece
http://www.telegraph.co.uk/culture/...estra--Simon-Trpceski-in-Skopje---review.html