Што треба да направи Македонската влада?

  • Креатор на темата ABC
  • Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ајде бе човек, доста се занесуваш со тоа, што би правел кога би ме ставил некој да бидам Гвујо место Гвујо.

Ако те стават на негово место, и ти ќе правиш исто што и тој. Ќе трчаш од од еден Хазар до друг за да прашуваш што ти е дозволено, што не, и каков разумен компромис да измајмунисаш.
Јас не алудирам да бидам на ничие место,дадов само еден предлог кој мислам дека ќе биде капитална и трајна инвестиција во државава од владата доколку навистина размислува за доброто на Македонија.

Cisto se somnevam deka ima tolku mnogu investitori so stavki "investicii" vo svoite budzeti za slednive godini koi odma ke se stepaat po nasite zoni.
Ene ja ednana neka ja napunat pa ke napraime nova. Isto be ko Cim City, stom se popolni zonata samo ti javuva.
Neka dojdat oni vo Bunardzik, ama nesto ne idat. Iskra stopirase, Francuzite stopiraa ....tolku e.
Eden hotel ne mozat da fatat 4 godini se matkaat da ubedat nekogo.
Верувај дека има,само проблемот им е во невозможните услови за стекнување земјиште со пристапна инфраструктура,мораат да пристапат со мито и корупција за она што ќе го градат навистина да биде нивно.

Не се грижете за инвестиции. Кога толку трговски центри испоградија и уште толку се во план, има пари за инвестиции. Убаво рече АБЦ. Мали фабрики се најдобро за кај нас. Лесна индустрија во мали фабрики низ цела Македонија.
Трговските центри само го осиромашуваат населението,а со тоа и самата држава,па корисни се само за поединци напикани во самата власт.:toe:

атомска централа која трајно ке обезбеди енергија а и да го реформира судството.
Тоа се секундарни и по малку политички акции,ова со индустриски зони во секоја општина,треба да биде примарна цел на секоја влада без разлика на политичката определба.:toe:

Идејата е прекрасна ама ...
Прво, Владата ке објавува тендер (Министерство за транспорт и врски) за продажба на државно земјиште низ цела Македонија. Земјиштето им е по ново извор на приходи (се издишаа со државните запис), така да бенефит за евентуални инвеститори од типот: ти давам на користење земјиште или ти го давам поволно - ТЕШКО!
Никогаш не ми било јасно зошто не се интензивира соработка со нпр. јапонски фирми; огромен пазар им е Европа а транспортот ги убива.
Со мали фабрики и евтина работна сила многу елегантно би го решиле проблемот; не знам што се запнале за текстил, види електроника, нешто...
АБЦ, многу е важно што укажуваш на потреба од децентрализирање на производствени капацитети. Кај нас се тотално нерационално запоставени сите градови (освен Скопје). Алибито е дека локалната власт е задолжена за управување и унапредување на стопанството што нема врска и тоа е еден од поголемите проблеми во нашата економија.

Во секој случај, за почит се ваквите размислувања (секогаш велам: можеби некој ќе прочита, можеби ќе допре до некого)...
Тогаш ништо и од најавените кредити од 200 милиони евра кој би се вложиле во стопанството.Сето тоа е само фарса,зошто куќата се почнува од темел,а не од покрив,како што замислила владата доколку нешто и размислува.На секој потенцијален инвеститор во земјава главен и основен проблем му е локацијата со обезбедена инфраструктура.Не може Финецот кого што го доведов пред некој месец во Прилеп ни да замисли дека тој требало да си направи пристапен пат,да си донесе струја,вода и одвод,па потоа да ја гради халата за производство на медијапан плочи во која би вработил 200 луѓе за почеток.Вели:-ај за земјата и објектот да платам,ама ова другово никако не можам да го замислам,може да се јавите кога државата ќе ми ја обезбеди инфраструктурата,оти во Финска ме молат и даваат пари државата ми го гради објектот.........и си замина.:toe:


Прво што треба владава да направи е под хитно реорганизација во владата.Ова да оди со светлосна брзина,зошто веќе не се издржува.Веднаш да се промени министерот за финансии и советниците.Веднаш.
Тие не требаше ни да бидат реизбрани со оглед на никаквите резултати.:toe:

Тие постоечките што можат да работат ги држат затворени благодарение на долгите судски процеси, па за нови ќе се размислувало :nesvest::nesvest:.
Нема што да се размислува,размислено е.

Зошто странци бре луѓе? Дајте им услови на наши, кои што живеат на страна и спечалиле таму, да ги инвестираат нивните пари тука. Мислам дека и тоа е поентата на АБЦ.
Абе и странци и домашни,се бара подеднаков третман за сите,а главната поента е да им се овозможи ефтина или бесплатна земја на сите инвеститори кој сега или во иднина би се занимавале со индустријско производство.Овде се работи за потенцијални индустријски капацитети,значи објекти кој остануваат во државава како траен влог,без разлика во чие владение или наследство останува фабриката или производствениот капацитет.Па не може бе луѓе за декар место без никаква инфраструктура поединци да бараат и по 50 000 евра.Инвеститорите се повлекуваат уште кога ќе видат колку е висока цената на само “голото“ неиндустријализирано земјиште.:toe:
Не мора да правиме дистинкција помеѓу наши и странци...

„Тие што се кадри да инвестираат“; странците се наведени како пример..:smir:
Домашни инвеститори има и повеќе одколку странци,ама нивата или парцелата погодна за индустријализација ја користи некој земјоделец кому државата му ја дала под закуп за 30 години и од кој корист ќе има само тој и неговото потесно семејство.Тука е апсурдот на нашата брзоплета економска стратегија.:toe:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Гледам дека си активен и ти е стало да ја дискутираме темава - јас ти напишав порака (на страна 1).
Коментирај ако можеш ...
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
344
Поени од реакции
11
Ovaa vlada treba da si odi .Toa e najdobriot izbor koj moze da go napravi za Makedonskiot narod.Sekoja druga solucija ne vredi da se diskutira.:jaj:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Поздрав до АБЦ.

Ми се бендисува тоа што предлагаш нешто конструктивно. Но имам големи забелешки за идејата :helou:.

Ми се бендисува делот со кој владата би се нафатила да изгради пристапна инфраструктура (вода, струја, асфалт) на површини од околу 10-тина хектари во секоја општина.

Тој дел за да се реализира како некој погоре што напиша - ќе треба најмалку 2 години. Тендери за земјиштето, тендери за урбанистички планови, тендери за градежни фирми кои тоа ќе го градат. Ама ај да речеме дека тоа ќе се забрза и ќе се заврши за 1 година (мнооогу нереално, ама ај ...).

Што праиме после?
Знаеме ли со сигурност дека ќе се јават домашни или странски инвеститори кои таму ќе инвестираат или тоа ќе биде само пропадната инвестиција? Еве во Бунарџик има и асфалт, и вода и струја (па дури и гас), па нема странски инвеститори.
Значи имаме пример каде ја има потребната инфраструктура - ама сепак нема нови инвеститори.

Потребата да се инвестира во инфраструктура на сопствената држава е евидентна - ама незнам колку е разумно да се инвестира во празни економски зони кои најверојатно ќе си останат празни.
Според мене подобро би било да се инвестира во патишта, пруги, водни акумулации, енергетски извори и основни и средни училишта. Тие инвестиции реализирани преку организирање на јавни работи може на рок од 5 - 10 години да ангажираат и до 10,000 работници. (хе хе да не испадне после дека од 300,000 невработени неможе ни 10,000 да се најдат кои би се нафатиле да работат на тие јавни иработи).

Кој е делот кој ЕПТЕЕЕН не ми се свиѓа?
БЕГААААЈ од ММФ како од чума.

Кога тие лихвари ќе ги заријат канџите во некоја земја жртва последиците се катастрофални - Распад на Југославија, Распад на СССР, Аргентина во хаос, ...
За Аргентина сигурно знаете - Аргентинците рекоа дека прво сакаат малку од малку да си ја средат економската состојба, после им ги отплатија сите долгови, и на крај на клоци ги набркаа никогаш поише да не помислат да се вратат во Аргентина.
Словенија уште од првиот ден на нивното осамостојување им рече НЕ на тие лихвари.

Друг што не ми се свиѓа во предлогот - НИКОГАШ не давај земја на подарок ЗА СЕКОГАШ на никого!
Може концесија на 20-тина години - ама засекогаш мислам дека ни со закон ни во устав е тоа дозволено.
Се додека одиме со старите догми за недавање земја никогаш и никому бесплатно,се дотогаш ќе нема инвеститори во Македонското стопанство.Можеме да си садиме дрвца за денот на дрвото,да си шетаме за Први Мај,или еднаш годишно со се поскромни трпези,ама невработеноста ќе се зголемува а Македонија ќе ја напуштаат луѓето за да обезбедат егзистенција надвор од неа,затоа што таму каде требало да никне некоја фабрика за чипс,чевли или калено стакло,сме насадиле 100тина борови или смреки,сме посеале пченица со приноси колку за нафтата при обработка и ни било привремено топло окулу срцето што некој потенцијален инвеститор не го добил посоченото земјиште бесплатно.
За времето што го споменуваш мислам дека е предолго,затоа што асфалтни патеки,струја и вода се обезбедуваат за само 6 месеци од денес во скоро сите општини низ републикава,посебно каде земјиштето е државно и не треба разни експропријации или денацинализации.А тендерите нека ги изведува победникот кој ќе понуди најдобра цена и квалитет за сработеното се разбира со обврска за пропишаниот рок,кој како што реков не треба да биде подолг од 6 месеци.Економските зони нема да останат празни доколку се бесплатни со средена инфраструктура,верувај во тоа.Нема будала кој би изградил сопствена хала со свои пари,за да му стои празна па секој би гледал што побргу да ја активира и да заработува во неа.
Од школи и факултети нема фајде доколку не им обезбедиш работа на потенцијалните завршени кадри од тие факултети.Тоа се фрлени пари бе,младите “експерти“ од тие школи бегаат надвор зошто нема фабрика каде би се вработиле.Затоа најпрвин да им обезбедиме перспектива,а потоа да ги наобразуваме младите кадри,ова би требало да е приоритет број 1,а потоа се друго.:toe:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Ovaa vlada treba da si odi .Toa e najdobriot izbor koj moze da go napravi za Makedonskiot narod.Sekoja druga solucija ne vredi da se diskutira.:jaj:
Кој го тоа вика? :pos2:
Ти, СДСх, љуБчо, Љубе, Тачи, кој?

Народот сигурно не, затоа што на изборите оваа влада доби 63 пратеници + 15-тина од ДУИ и мандат од 4 години.
Тоа што ти ќе извадиш мисла од малиот мозок (дел задолжен за гладна-кокошка просо сонила) не значи ништо.
Во 2012 (или порано) ќе каже народот дали оваа влада треба да си оди.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ovaa vlada treba da si odi .Toa e najdobriot izbor koj moze da go napravi za Makedonskiot narod.Sekoja druga solucija ne vredi da se diskutira.:jaj:
Мислиш ли дека другата би била подобра,исти курац се сите бе,доколку не започнат со вистински проекти слични на овој што го предлагам.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
АБЦ....а со државен декрет (како и што беше отстранет) да го вратиме афионот на нашите полиња?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонската Влада не треба ништо да прави, бидејќи така помалце штета ќе имаме.

:tv:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
со стабилен енергетски сектор ке бидеме предност пред соседите поради поволната геогравска положба.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ABC големиот сонувач..:) ни оваа влада ни оние пред неа....имаа намера да направат нешто добро за Македонија и Македонскиот народ...нивната задача , беше, е,а и на неколкуте наредни влади ќе биде : ДА ЈА ДЕМОНТИРААТ ДРЖАВАТА МАКЕДОНСКА.....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
АБЦ....а со државен декрет (како и што беше отстранет) да го вратиме афионот на нашите полиња?
Поефтино е да склучиме договори со Авганистан за директна трговија со афионски “катран“,кај ќе ги натераш денес младинава да стане во 3 часот наутро па да реже афион бе,шишките ќе им изгледаат како лампиони од вечерната журка во некоја дискотека.:smir:
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
344
Поени од реакции
11
Кој го тоа вика? :pos2:
Ти, СДСх, љуБчо, Љубе, Тачи, кој?

Народот сигурно не, затоа што на изборите оваа влада доби 63 пратеници + 15-тина од ДУИ и мандат од 4 години.
Тоа што ти ќе извадиш мисла од малиот мозок (дел задолжен за гладна-кокошка просо сонила) не значи ништо.
Во 2012 (или порано) ќе каже народот дали оваа влада треба да си оди.
definitivno narodot kazuva,i jas sum za toa.Sto poskoro kaze ovoj narod tolku podobro za nego.:toe:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Се додека одиме со старите догми за недавање земја никогаш и никому бесплатно,се дотогаш ќе нема инвеститори во Македонското стопанство.
Ти викам - со устав е забрането да се оттуѓуваат делови од земјава. Затоа е измислен механизмот „концесија“. 20 години е сосема солиден период. Ова не е стара догма туку актуелна и присутна во сите земји штопостојан на светов.


... затоа што таму каде требало да никне некоја фабрика за чипс,чевли или калено стакло,сме насадиле 100тина борови или смреки,сме посеале пченица со приноси колку за нафтата при обработка и ни било привремено топло окулу срцето што некој потенцијален инвеститор не го добил посоченото земјиште бесплатно.
Многу симплистички ги поставуваш работите. Ако ти е целта да ги критикуваш акциите за садење на дрва - одма да ти кажам дека ептееен грешиш. Во Македонија има површина и за садење дрва и 130 х 10 = 1300 хектари за економските зони.


За времето што го споменуваш мислам дека е предолго,затоа што асфалтни патеки,струја и вода се обезбедуваат за само 6 месеци од денес во скоро сите општини низ републикава,посебно каде земјиштето е државно и не треба разни експропријации или денацинализации.А тендерите нека ги изведува победникот кој ќе понуди најдобра цена и квалитет за сработеното се разбира со обврска за пропишаниот рок,кој како што реков не треба да биде подолг од 6 месеци.
Повторно симплизам. За едни пишливи набавки на пенкала, нотеси, и друг канцелариски материјал треба да распишуваш тендери ако надминуваат сумите одредена граница, а не пак за инвестиции од 100-200 милиони Еура.

Од школи и факултети нема фајде доколку не им обезбедиш работа на потенцијалните завршени кадри од тие факултети.Тоа се фрлени пари бе,младите “експерти“ од тие школи бегаат надвор зошто нема фабрика каде би се вработиле.Затоа најпрвин да им обезбедиме перспектива,а потоа да ги наобразуваме младите кадри,ова би требало да е приоритет број 1,а потоа се друго.:toe:
Незнам дали овој поглед на работите го влечеш од некои одамнешни времиња, ама ептееен е застарен.
Не е владата таа која им обезбедува работа на потенцијалните завршени кадри. Во социјализмот владата им обезбедуваше работа на завршените кадри.
Во модерниот свет - образованите кадри многу полесно или наоѓаат работа, или отвораат самите бизнис или како што викаш - одат во странство.
Ама дури и тој негативен феномен на одлив во странство е на кадри кои со своето образование наоѓаат работа таму. Се помалку се кадри без образование. Такви кадри не им требаат ни на странските земји (ги има со илјадници од африка, балканот и од муслиманските земји на средниот и далечниот исток).
Ај проанализирај како тоа Македонија 19 години откако се осамостои, секоја година има дефицит од 1/2, па 1, па 2, па ... милијарди долари?
Од каде парина Македонија секоја година да има тоолку дефицит?
Од парите кои на овој или оној начин доаѓаат во Македонија токму од оние кои отишле во странство.
Така да - иако не го поддржувам феноменот на иселување - имај предвид дека од иселениците Македонија и тоа како добива пари.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонската Влада не треба ништо да прави, бидејќи така помалце штета ќе имаме.

:tv:
Доколку стварно ништо не направи на овој план,навистина си бил во право како многупати досега.:toe:

со стабилен енергетски сектор ке бидеме предност пред соседите поради поволната геогравска положба.
Што стабилен енергетски сектор бе,кога ми побараа 5 000 евра мито во Прилеп,за да доведам официјално странска екипа експерти кој трбаше да ги испитаат потенцијалите на Мариово за изградба на Нуклеарка или барем за користење на ураниумовата руда од напуштените рудници.Морам да ги влечкам потајно на мој трошок како да се криминалци ебаго,а не доктори на науки.Па кој ги ебе бе и власти и локални самоуправи,нека си градат фонтани и споменици а повеќе идеи од оваа,нема никогаш од мене да добијат,кога не соработуваат ни минимално.

ABC големиот сонувач..:) ни оваа влада ни оние пред неа....имаа намера да направат нешто добро за Македонија и Македонскиот народ...нивната задача , беше, е,а и на неколкуте наредни влади ќе биде : ДА ЈА ДЕМОНТИРААТ ДРЖАВАТА МАКЕДОНСКА.....
И очигледно добро им оди во тоа,барем досега.:toe:
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Треба да ги рашамара уставните судии од СДС(БЈР)М за да не прават опструкции и блокади кон секоја позитивна реформа со која се инвестира во државните и национални интереси и приоритети во оваа земја. Нека постават компетентен независен кадар на нивно место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom