Што треба да направи Македонската влада?

  • Креатор на темата ABC
  • Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонската влада доколку навистина мисли за доброто на Македонија и Македонскиот народ,под итно треба да ги прекине сите инвестиции во безвезни и неприоритетни проекти и веднаш да издвои 100 милиони евра за да создаде нови индустријски зони во секоја општина низ Македонија.
Значи мојата идеа е:
-Ако треба да се задолжиме и кај ММФ или Светска Банка со кредити,но веднаш,или практично уште денес,да се интервенира во секоја Македонска општина и кај сите градоначалници со еден вид одредба или наречете го и наредба доколку милувате,да најдат секој по минимум 10 хектари земјиште во кое владата ќе инвестира да направи инфраструктура со пристапни асфалтни патеки,вода и одвод,струја и гас(доколку е во можност),и сето тоа да го даде во трајна сопственост,бесплатно на секој заинтересиран инвеститор со обврска за максимум 2 години да изгради сопствен индустријски капацитет по негова желба и замисла.
Мислам дека само на тој начин оваа држава ќе започне да излегува од калта во која заглибавме до грло изминативе години,водејќи дискусии и кавги окулу споменици,цркви,антиквизации,имиња,презимиња и слични работи.Што мислите вие за овој мој предлог?
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47

Се е тоа фино, ама кој ќе инвестира потоа во тие индустриски зони? Владата не може (и не смее) да ти отвара фабрики, луѓето со пари во Македонија не сакаат да ги инвестираат ако не им се врати тоа стократно и ги чуваат по банки или купуваат обврзници (и скапи куќи и коли)... Странски инвестиции - гледаш никој од 1992 не сака да отвори фабрика (не зборуваме за купување на големите фирми ко Телеком, ЕСМ, ОКТА, Цементара). Запад очигледно не сака да инвестира кај нас, а не сакаме да ги играме Русите и Кинезите...
И да се задолжиме кај ММФ (да склучиме аранжман) тие само ќе ни дадат пари кои одат во девизни резерви (кои според нашиот гувернер сега се доволни).

Алтернатива? Земјоделство можеби...
 
Абе има кој да вложи верувај.10 па и 100 хектари им се даваат на поединци како земјоделско земјиште под долгогодишен закуп и никакво фајде од тоа.Што ќе ги чини властите доколку инвестираат во инфраструктурата на вакви зони,не губат ништо,а земјоделството мислам дека е промашена инвестиција за земја како Македонија која не може да им парира на своите конкуренти ни со квалитет,ни со квантитет,било во соседството,било малку подалеку во Турција на пример.Предноста ќе биде вработување на огромната армија работоспособни но невработени луѓе во Македонија која 60 години се дефинира како аграрна земја,ама ништо од тоа не е вистина.
 
Не, не, за инфраструктурата се согласувам и тоа баш сега во кризава - градежните фирми ќе се кренат малку, плус ќе добиеме инфрастуктура. Пругите до западниот и источниот комшија...
Ако не земјоделие што? High-tech не можеме да продаваме? Да отвориме уште некоја металургија? Две-три топилници и валавници?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не, не, за инфраструктурата се согласувам и тоа баш сега во кризава - градежните фирми ќе се кренат малку, плус ќе добиеме инфрастуктура. Пругите до западниот и источниот комшија...
Ако не земјоделие што? High-tech не можеме да продаваме? Да отвориме уште некоја металургија? Две-три топилници и валавници?
Абе остави топилници и валавници,ние сме мала земја која може единствено да развива лесна индустрија со фирми кој ќе бројат најмногу до 500 вработени,се друго е занесување како јајце на кривина.Во Прилеп на пример,наместо малите фирмулчиња да работат по гаражи и подруми адаптирани за изработка на мебел,најмалку 20 од нив би изградиле сопствени капацитети од по 200-500 квадрати каде ќе вработат најмалку 1000 луѓе кој ќе гледаат своја егзистенција со чесна работа.Имаат и можности и пари за тоа,особено би инвестирале доколку понудата за трајна сопственост на објектите биде јасно зацртана во договорот со владата.Слично е и со повеќе 10тици фирми за изработка на ПВЦ-дограма,огради,олуци,стакларски-производи и прехрана.Македонија само така може да парира на глобализацијата која се повеќе владее со светот.Да ги оставиме настрана идеите за големи индустријски комплекси на големите земји,слично како и земјоделието кое се гуши во распарченост на парцелите,малите приноси за светски рамки и високите цени на нашиот производ како резултат на сето тоа.Па во Шпанија само плантажите за мандарини и портокали се поголеми одколку целата обработива земјоделска површина во државава.:toe:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Што мислите вие за овој мој предлог?
Ајде бе човек, доста се занесуваш со тоа, што би правел кога би ме ставил некој да бидам Гвујо место Гвујо.

Ако те стават на негово место, и ти ќе правиш исто што и тој. Ќе трчаш од од еден Хазар до друг за да прашуваш што ти е дозволено, што не, и каков разумен компромис да измајмунисаш.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Cisto se somnevam deka ima tolku mnogu investitori so stavki "investicii" vo svoite budzeti za slednive godini koi odma ke se stepaat po nasite zoni.
Ene ja ednana neka ja napunat pa ke napraime nova. Isto be ko Cim City, stom se popolni zonata samo ti javuva.
Neka dojdat oni vo Bunardzik, ama nesto ne idat. Iskra stopirase, Francuzite stopiraa ....tolku e.
Eden hotel ne mozat da fatat 4 godini se matkaat da ubedat nekogo.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не се грижете за инвестиции. Кога толку трговски центри испоградија и уште толку се во план, има пари за инвестиции. Убаво рече АБЦ. Мали фабрики се најдобро за кај нас. Лесна индустрија во мали фабрики низ цела Македонија.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
атомска централа која трајно ке обезбеди енергија а и да го реформира судството.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Идејата е прекрасна ама ...
Прво, Владата ке објавува тендер (Министерство за транспорт и врски) за продажба на државно земјиште низ цела Македонија. Земјиштето им е по ново извор на приходи (се издишаа со државните запис), така да бенефит за евентуални инвеститори од типот: ти давам на користење земјиште или ти го давам поволно - ТЕШКО!

Никогаш не ми било јасно зошто не се интензивира соработка со нпр. јапонски фирми; огромен пазар им е Европа а транспортот ги убива.
Со мали фабрики и евтина работна сила многу елегантно би го решиле проблемот; не знам што се запнале за текстил, види електроника, нешто...

АБЦ, многу е важно што укажуваш на потреба од децентрализирање на производствени капацитети. Кај нас се тотално нерационално запоставени сите градови (освен Скопје). Алибито е дека локалната власт е задолжена за управување и унапредување на стопанството што нема врска и тоа е еден од поголемите проблеми во нашата економија.

Во секој случај, за почит се ваквите размислувања (секогаш велам: можеби некој ќе прочита, можеби ќе допре до некого)...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво што треба владава да направи е под хитно реорганизација во владата.Ова да оди со светлосна брзина,зошто веќе не се издржува.Веднаш да се промени министерот за финансии и советниците.Веднаш.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тие постоечките што можат да работат ги држат затворени благодарение на долгите судски процеси, па за нови ќе се размислувало :nesvest::nesvest:.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Зошто странци бре луѓе? Дајте им услови на наши, кои што живеат на страна и спечалиле таму, да ги инвестираат нивните пари тука. Мислам дека и тоа е поентата на АБЦ.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Не мора да правиме дистинкција помеѓу наши и странци...

„Тие што се кадри да инвестираат“; странците се наведени како пример..:smir:
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Поздрав до АБЦ.

Ми се бендисува тоа што предлагаш нешто конструктивно. Но имам големи забелешки за идејата :helou:.

Ми се бендисува делот со кој владата би се нафатила да изгради пристапна инфраструктура (вода, струја, асфалт) на површини од околу 10-тина хектари во секоја општина.

Тој дел за да се реализира како некој погоре што напиша - ќе треба најмалку 2 години. Тендери за земјиштето, тендери за урбанистички планови, тендери за градежни фирми кои тоа ќе го градат. Ама ај да речеме дека тоа ќе се забрза и ќе се заврши за 1 година (мнооогу нереално, ама ај ...).

Што праиме после?
Знаеме ли со сигурност дека ќе се јават домашни или странски инвеститори кои таму ќе инвестираат или тоа ќе биде само пропадната инвестиција? Еве во Бунарџик има и асфалт, и вода и струја (па дури и гас), па нема странски инвеститори.
Значи имаме пример каде ја има потребната инфраструктура - ама сепак нема нови инвеститори.

Потребата да се инвестира во инфраструктура на сопствената држава е евидентна - ама незнам колку е разумно да се инвестира во празни економски зони кои најверојатно ќе си останат празни.
Според мене подобро би било да се инвестира во патишта, пруги, водни акумулации, енергетски извори и основни и средни училишта. Тие инвестиции реализирани преку организирање на јавни работи може на рок од 5 - 10 години да ангажираат и до 10,000 работници. (хе хе да не испадне после дека од 300,000 невработени неможе ни 10,000 да се најдат кои би се нафатиле да работат на тие јавни иработи).

Кој е делот кој ЕПТЕЕЕН не ми се свиѓа?
БЕГААААЈ од ММФ како од чума.

Кога тие лихвари ќе ги заријат канџите во некоја земја жртва последиците се катастрофални - Распад на Југославија, Распад на СССР, Аргентина во хаос, ...
За Аргентина сигурно знаете - Аргентинците рекоа дека прво сакаат малку од малку да си ја средат економската состојба, после им ги отплатија сите долгови, и на крај на клоци ги набркаа никогаш поише да не помислат да се вратат во Аргентина.
Словенија уште од првиот ден на нивното осамостојување им рече НЕ на тие лихвари.

Друг што не ми се свиѓа во предлогот - НИКОГАШ не давај земја на подарок ЗА СЕКОГАШ на никого!
Може концесија на 20-тина години - ама засекогаш мислам дека ни со закон ни во устав е тоа дозволено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom