- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Грците го избраа Александар Македонски за најгрк
Александар Македонски собрал 127.000 гласови. Втор во класификацијата бил Јоргос Папаниколау. Во конкуренција биле и Аристотел, Перикле, Платон, Елефтериос Венизелос, Константинос Караманлис
Грците го избраа Македонецот Александар Велики за најголем Грк на сите времиња. Изборот вчера го објави грчкото радио "Скај", кое ги објави резултатите од понеделничкото гласање во Грција на финалето на кампањата "Големите Грци". Во конкуренција на Аристотел, Перикле, Платон, Елефтериос Венизелос, Константинос Караманлис, Грците избраа Македонец за најголем Грк. Александар Македонски собрал 127.000 гласови. Втор во класификацијата бил Јоргос Папаниколау. Во изминатите месеци се претставуваше секој од десетте големи Грци на челните позиции во класификацијата, која е правена по формат на БиБиСи.
Во МНР вчера не сакаа да ја коментираат непотребната провокација од страна на јужниот сосед, кој веќе 18 години го оспорува нашето уставно име.
И Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов не ги коментираат грчките провокации. Според информациите на ВЕЧЕР политиката на Кабинетот е да не одговара на дневно политичките провокации од страна на Грција. Тие сметаат дека културата е можност за соработка меѓу две земји и поради тоа било какви коментари од таа област треба да се насочат во тој правец.
Дека провокациите на тема Александар Македонски се непотребни и можат само да ја влошат ситуацијата, посочи и словенечкиот претседател Данило Тирк. Тој на шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов пред два дена му пренел дека Македонија треба да внимава како се користат имињата на историски личности, осбено на Александар Велики. Само без провокации, смета Тирк, може да се најде разумен компромис за името со Грција.
- Сакам да ги предупредам и претставниците од Република Грција, а особено нашите пријатели од Република Македонија, дека во овој чувствителен период, кога се бара разумен компромис, важно е да се внимава во каков контекст се користат некои имиња. Името на Александар Велики да не се користи на начин што само ќе го отежни процесот на барање решение во спорот за името - нагласи словенечкиот претседател.
Македонија во неколку наврати имаше проблеми со користењето на името и ликот на Александар Македонски. Тие негодуваа по преименувањето на скопскиот Аеродром во Александар Македонски, по што Македонија попушти именувајќи го Аеродромот во Александар Велики. Негодувања има и околу поставувањето на склулптура со Александра Македонски на плоштадот Македонија во Скопје.
Вечер...
Е сега ме интересира ставот на опозицијата...???
Инаку насловот е контрадикторен сам по себе Александар МАКЕДОНСКИ најголем ГРК...
Ова не е провокација, нели???