Зошто левицата никогаш не може да биде патриотска?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ок, ок, гледам што се случува, со оглед дека ја пренасочи темата, очигледно е дека последно се отвараат се повеќе теми за да се демонизира левата идеологија и да инсталира десно ориентираната опција во Македонија.
Единственото што сите го гледаме дека немаш одговор, а повторно го поставуваш прашањево подоле иако веќе ти е одговорено во мојата реплика преку конкретни факти.

Зошто не ми одоговори за ова, како бевме поробени, и што му успеа на социјализмот за педесетина години, што на Турците на пример не му успеа?
Доколку се вратиш и навистина верно ме цитираш ќе прочиташ:

Минатиот режим и неговите карактеристики исто така функционираше како окупаторски јарем бидејки во себе не само што не инкорпорираше слобода и индивидуализам туку се темелеше врз принуда и колективизам.

Како секој окупаторски режим и минатиот режим се служеше со системот за совладување наречен раздели па владеј.

Бидејки беше левичарско уредување како систем ја казнуваше секоја појава на десната мисла.
Според ова може да се заклучи дека и социјалистичкиот период во кој живеел македонецот бил окупаторски.

Затоа не евоопшто чудно што за време на нашето осамостојување појавата на антикомунистите природно се поврза со борбата за вековниот сон на македонецот.
Тие што се бореа против социјализмот (левичарството) се бореа и за нашиот вековен идеал, самостојна македонска држава.

Не бевме видливо поробени, но не бевме ни слободни, ни самостојни.
Поинаку кажано, не бевме поробени, во класична смисла, ние бевме неслободни.

Значи повторно се обидуваш преку “кружен тек“ да ја заглавиш дискусијата.

Карактеристиките на ком.-соц. режимот ти се набројани во мојата претходна реплика.

И за време на Турско никој не ни бранел да бидеме Македонци, меѓутоа потребата да се биде слободен и да се создава, ги инспирираше и водеше Македонците во борба против Турците и цели 500 години не беа доволни за да го изморат Македонецот и да го натераат да се откаже од себе.

Социјализмот, преку прогонот на патриотите, националистите и сите оние кои одбија да се покорат на партијата, првин ги ИСЕЛИ истите нив, другиот дел го затвори, а третиот го следеше и прогонуваше преку полициски режим.

Социјализмот го скрши духот на Македонецот, го направи паразит, неспособен да одлучува за себе и секогаш во подредена улога.

Социјализмот ја потисна гордоста на Македонецот и вложуваше во нејзино занемарување, заменувајќи ја со општа Југословенска, со која бил и приморан да се идентинфикува народот.

Денеска сме поголеми навивачи за Српската и Хрватската репрезентација отколку Македонската, бидејќи неможеме (не сме навикнати) да се гордееме со нашата и полесно ни е да се идентификуваме со туѓото.

Истиот Социјализам ги покори во духот, Македонците, спремни да се откажат од сопственото име за неизвесна иднина, за празни ветувања.

Значи ако под Турско сме се бореле за слободна Македонија, сега од слободна Македонија (нашиов дел) се бориме за обезличување на истата, откажувајќи се покорно од идеалите на оние чија парола беше:

Македонија, за неа ние се бориме, за неа ние умираме.

Тоа е состојбата во која не доведе “левата“ мисла. И тоа за само 50 години.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
make them believe that they are free, so they will not fight for freedom :toe:

za pomalku od 50 godini kvazi-komunizam ili nerealen-socijalizam vo Makedonija skoro se unisti nacionalnata svest na Makedonskiot Narod.

od alapaci na belgrad i razni geroidi se promovirase "makedonceto"

a inace, bas bi sakala da ti vidam faca, vo situacija da si soocen so "ma kakvi makedonci bre, vi ste juzno-srbijanci" i "sto si juznije sve je tuznije"

i, mnogu bevme ramnopravni, cela kompozicija so patlidjani, piperki i drugi proizvodi pusti za slovenia, i dobi 2 frizideri i 1 televizor...

zs ne im tekna nekoja po-ozbilna industriska dejnost kaj nas? nemame kapacitet? ili namerno?

i za kraj, i jas sum srekjna so posle WWII povtorno imavme svoja, Makedonska drzava.

samo se prasvam, zs morase da se zrtvuvet Egejska i Pirinska?

zs Tito ne im prosti dolgovite na Taljanite kon Slovenia i Hrvatska? zs Bugarskite dolgovi kon Makedonija?

il si neuk, il si naiven, il si ne-nas...

uba bese SRM, ama ke bese pouba aku bese pomalku molzena i pomalku ugnetena.

p.s.

insinuacii od tipot "damoniziranje levo da se instalira desno" na deca, ziti se!

nie NEMAME desna opcija!
Добро, гледам дека горе долу не се разликуваме во ставовите, во поглед на нашата претходна држава.

Како што гледам и ти ја сфаќаш тежината на тоа што бевме Македонци. И ставено на вага, нашето етаблирање како држава на Македонскиот народ е далеку побитно, спрема нашето запоставување во тој сојуз.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
250
Поени од реакции
19
eden Makedonec napisal:

Ако братство и единство, и ние Македонците бевме браќа со останатите народи во ФНРЈ - СФРЈ, зошто тогаш нашите „браќа“ не ги слушаа нашите дедовци и вујковци што НАВИСТИНА зборуваат?
Од каде равенство дека обраќање внимание на злосторствата сторени врз Македонците во Егејска Македонија се Анти-Југословенски?
Зошто не се обрати внимание на тоа дека Македонците зборуваат за свои браќа и сестри и деца и секаква друга родбина, како жртви на тие злосторства, и за свои ниви, а не за нов поход во Азија?
Од каде равенство дека зборување на Македонски за свои ниви и своја фамилија = бугарофилство?
Логиката вели секогаш побарај кој има корист од одредена сплетка и настан, кој користи. Кој тоа има корист ако Македонецот мутира во македонче.
Една апсолутистичка власт сигурно дека не сака бунтовна и паметна маса, затоа во бивша Југославија беше систематски спроведуван процесот на убивање на духот на луѓето преку најразлични начини.
Разноразни демагогии беа ширени на најразлични начини, преку мрежа на „свои луѓе“ на кои им се даваа некои патетични текстови да ги читаат и шират меѓу народот, разни јавни собири каде што „друг из партије“ 2 сати ќе „јаде гомна“ и никој нема појма што зборува, како прво затоа што и така не разбират голем дел од нив српски, и затоа што искусните психолози на „комунистичката“ (владеачката е подобар термин) машинерија ги спремаа своите прогласи и соопштенија по сите норми на науките и областите кои се занимаваат со манипулирање на јавното мислење и формирање на „карактерот“ на народот.
А за да биде тој процес многу поедноставен, се случи да ни ги испразнат селата, затоа што тешко ќе можеше некој на нашите планинци да оди и да им држи „предавања“ и говори...
spored moeto mislenje, samo vrv od bregot narecen obezlicuvanje i odroduvanje na Makedoncite

@ Bratot:

1991
1945 (koga pocna anti-makedonskata borba VO Makedonija)
-----
0046 godini, ne bea ni 50 :back:

@ teneke:

prethodna drzava e diskutabilno prasanje, Socijalisticka Republika Makedonija (pred toa NRM) bese suverena drzava vo Federacija na suvereni drzavi.
Republika Makedonija e samo novoto ime, poradi promenata na sistemot.

Drzavata e ista ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Единственото што сите го гледаме дека немаш одговор, а повторно го поставуваш прашањево подоле иако веќе ти е одговорено во мојата реплика преку конкретни факти.

Значи повторно се обидуваш преку “кружен тек“ да ја заглавиш дискусијата.

Карактеристиките на ком.-соц. режимот ти се набројани во мојата претходна реплика.

ОК, значи не ми одговори на првото прашање, туку пробуваш да ми ја наметниш идеологијата, и значи доаѓаме до второто мое прашање.

Значи ми одоговараш дека СЛОБОДАТА како таква е многу битна за секој десно-ориентиран.
Значи:
- Слободен пазар
- Верски слободи
- Слобода на говор
- Слобода на политичко здружување
- Слобода на печат

се сето она за што се залага еден десно-ориентирана личност.

Зошто тогаш не се залагаат десно ориентираниве и за СЛОБОДА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА? Зошто е потребно тоа лицемерие?

Значи ова е второ прашање, се надевам нема да правиш повторно copy/paste...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога ќе престанеш да ми ги кратиш постовите во своите реплики “можеби“ и ќе го приметеше мојот одговор.

Меѓутоа те дефинирав претходно како се справуваш со аргументите и тоа го правиш и сега.

Првата тактика им е да ја игнорираат, да не расправаат околу
неа или едноставно се прават дека не постои.
Тоа го направи погоре, а со второво “прашање“ ја употребуваш втората тактика во недостиг на одговор:

Втората тактика им е ако не може да се игнорира тогаш намерно погрешно ја дефинираат позицијата на десната ориентираност, па потоа напаѓаат секој кој не се сложува со нивната левичарска практика.
Индивидуализмот е основа на десната ориентираност.

Левичарот, како тебе во случајов, кога зборувате за слобода вие фактички мислите на дозвола.
Бидејки според вашето видување за начинот на кој треба да се уреди едно општество се основа на принуда.

Слобода не значи наброени, додадени, слободи како слобода на говор, слобода на вероисповед, сексуална слобода, ослободеност од глад, ослободеност од страв и друго.
Ова се дозволи.

А кога ти се потребни дозволи за да живееш слободно, тоа не е слобода.

Постои само еден, многу битен услов за да постои слобода, а тоа е дека практикувањето на сопственото слободно живеење не смее да ја нарушува слободата на останатите.

И престани да играш улога на судски истражител и да поставуваш прашања, без обврска да одговараш некому.

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
ОК. Ајде да го заокружам мојов разговор.

Одиме со 3 то и финално прашање во врска со темава.

Значи прашањето е:

Ако спрема твојата теза дека лево ориентираните не се способни да бидат патриоти, тогаш што е Гоце Делчев, кој бил лево ориентиран, социјалиста, а некои велат и анархиста.

Со оглед дека повеќето наши десно ориентирани револуционири, му ги држеле мадината на Бугарскиот цар, Гоце Делчев е единствениот што не цапнал таму.

Зошто Гоце Делчев неможе да биде патриот?!?
 
Гоце Делчев несамо што е патриот туку и македонски националист, а Социјализмот и левата идеолошка поставеност неможат да бидат патриотски.

Доколку Гоце доживееше полна старост, најверојатно ќе беше затворен во Идризово од Комунистите, заедно со Ченто.

Затоа без замена на тези и персонификација на левата идеологија преку ликот на Гоце Делчев.

Социјализмот се дефинира како политичко влијание во Македонија од два центри:
Белград и Софија.

Две држави кои 100+ години порано од нас ја добиле независноста.

И двете држави беа под силно влијание на комунистичко-социјалистичката интернационала и трендовите во нивната политика вршеле влијание врз македонската емиграција.
Во тоа и се јавуваше проблемот кај нашата емиграција, дел од нив работат кон присоединување на Македонија со Србија/Бугарија.

Во времето на Гоце немало политички плурализам, а во Македонија не ни било возможно оформување на политички групации.

Гоце учел во бугарска гимназија и бил питомец на бугарската воена академија, меѓутоа тоа не го прави Бугарин, нели?

Одиме конкретно, делата и мислите на Гоце Делчев немаат ништо допирно со членството во некој социјален кружок или левата идеологија на Социјализмот.

Ама баш ..ништо.

Дали:

- терористички напади,
- атентати,
- заклетвата на Библија со кама и нож

или можеби слоганите:
“Слобода или Смрт за Македонија“,
“ За неа ние умираме“,
“Подобро ужасен крај отколку ужас без крај“

И најдоброто за крај.. лично од Гоце:
“Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух....

..се левичарски?
:helou:

Делчев својот национализам го дефинирал како идеја која ги тера оние кои ја сакаат својата земја и народ да создаваат и да креираат, како единствениот начин да „победат“ во културниот натпревар меѓу народите.

Напишано од Bacillus gagous

Од друга страна пак десно ориентираните повторно поради горенаведенитее причини како за патриотизмот и за национализмот завземаат повеќе протекционистички став и се обидуваат со национализмот односно нивните национални одлики да се издигнат погоре од другите нации. Ова го има истакнато и самиот Гоце Делчев на малку метафоричен начин, имено : „јас го разбирам светот како поле за натпревар помеѓу народите.“

Нормално тука доаѓа и заштитничкиот однос на десно ориентираните кон националниот идентитет кој аналогно со тоа што сакаат да го издигнат над другите нации истовремено и стравуваат и од другите национални идентитети кои ја имаат истата цел.

Со други зборови постои стравот кај десно ориентираните да не биде нивниот национален идентитет уништен од страна на другите ради нивната цел за издигнување на нивниот национален идентитет над другите. И тука пак морам да кажам дека живееме во едно пошироко општество во кое сепак има натпревар помеѓу националните идентитети и има потреба до некаде почитување и умерено држење до ставовите на десноореинтираните со цел да преживее нашиот национален идентитет.
Гаго погоре многу умешно ти ја има објаснето суштината.

:toe:
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Левица =/= Национализам

Десница = Национализам

Во самата политичка теорија така стојат и така ќе биде.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Гоце Делчев несамо што е патриот туку и македонски националист, а Социјализмот и левата идеолошка поставеност неможат да бидат патриотски.

Доколку Гоце доживееше полна старост, најверојатно ќе беше затворен во Идризово од Комунистите, заедно со Ченто.

Затоа без замена на тези и персонификација на левата идеологија преку ликот на Гоце Делчев.

Социјализмот се дефинира како политичко влијание во Македонија од два центри:
Белград и Софија.

Две држави кои 100+ години порано од нас ја добиле независноста.

И двете држави беа под силно влијание на комунистичко-социјалистичката интернационала и трендовите во нивната политика вршеле влијание врз македонската емиграција.
Во тоа и се јавуваше проблемот кај нашата емиграција, дел од нив работат кон присоединување на Македонија со Србија/Бугарија.

Во времето на Гоце немало политички плурализам, а во Македонија не ни било возможно оформување на политички групации.

Гоце учел во бугарска гимназија и бил питомец на бугарската воена академија, меѓутоа тоа не го прави Бугарин, нели?

Одиме конкретно, делата и мислите на Гоце Делчев немаат ништо допирно со членството во некој социјален кружок или левата идеологија на Социјализмот.

Ама баш ..ништо.

:toe:
Повторно твои претпоставки.

Дали мене ми се чини или стварно ги мешаш поимите националист и патриот.

Претпоставката дека ако Гоце преживеал, ќе лежел во затвор ти е грешна, повторно поставуваш теза и на таа основа после извлекуваш заклучоци.

Јас тврдам дека ако Гоце останел жив, немало да се случи Илинденско востание во 1903 и најверојатно ќе се случело покасно кога нардот ќе бил спремен и најкасно до првата светска војна ќе сме имале Македонска држава во целосни граници.

Социјализмот се дефинира како политичко влијание во Македонија од два центри:
Белград и Софија.
Повоторно твоја теза. Рално десно ориентираните револуционири биле под влијание на Софија.

А за делата и мислите на одреден човек, ти кажав во мојот прв пост, со муабетот од свештеникот.

Не секој што се кажува за верник е верник, а и не секој атеист е атеист.

Мило мие што најпосле заклучи преку примерот на Гоце Делчев, дека сепак делата на човекот се битни, а не тврдењето на некој, дека ете тој десно ориентиран е патриот.

Левица =/= Национализам

Десница = Национализам

Во самата политичка теорија така стојат и така ќе биде.

Така е, само што не сите националисти се патриоти и работат за доброто на државата.

Патриот =/= Националист
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Повторно твои претпоставки.

Дали мене ми се чини или стварно ги мешаш поимите националист и патриот.

Претпоставката дека ако Гоце преживеал, ќе лежел во затвор ти е грешна, повторно поставуваш теза и на таа основа после извлекуваш заклучоци.

Јас тврдам дека ако Гоце останел жив, немало да се случи Илинденско востание во 1903 и најверојатно ќе се случело покасно кога нардот ќе бил спремен и најкасно до првата светска војна ќе сме имале Македонска држава во целосни граници.
Дали ќе се случело или не, едно е сигурно, ќе се борел против Србите, Бугарите и Грците, како што се борел и против Турците.

Повоторно твоја теза.

А за делата и мислите на одреден човек, ти кажав во мојот прв пост, со муабетот од свештеникот.

Не секој што се кажува за верник е верник, а и не секој атеист е атеист.

Мило мие што најпосле заклучи преку примерот на Гоце Делчев, дека сепак делата на човекот се битни, а не тврдењето на некој, дека ете тој десно ориентиран е патриот.

Нема што да ти биде мило, твојата теза ја постави исто онака “лево“ како и целата дискусија со мене.

Гоце бил дел од бугарските социјалистичките кружоци, кои во тоа време се залагале за социјални слободи на народот и тоа бил единствениот мотив.

Никаква допирна точка нема да најдеш меѓу неговото дејствување за Македонија и идеолошките принципи на левицата.

Рално десно ориентираните револуционири биле под влијание на Софија.

Ова ти е само очајно ловење во матно.

Поделбата на леви и десни во ВМРО, нема апсолутно никаква врска со соодветната поделба на лева и десна политичка идеологија.

Како ги категоризираше “десно ориентираните“ кои му служеле на Бугарскиот двор?

:pos2:

Ова беше врвот на твојата теза. Ваква плитка тенденциознот ретко се среќава.

Така е, само што не сите националисти се патриоти и работат за доброто на државата.

Патриот =/= Националист
:pos2:

За бидеш националист, неопходно е да бидеш патриот.

Патриот -> Националист
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
344
Поени од реакции
11
Vo drzava kade nekoj saka da upravuva so metodi na ednoumie,fasizam ,nacionalsocijalizam mesto za ideologija nema.
Kaj nas veke nema ni desnica ni levica.
Zarem vo Germanija 1945 imase drugi partii osven nacionalsocijalistickata.
Zarem nemame vo momentov slicna situacija i n vo Makedonija.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Дали ќе се случело или не, едно е сигурно, ќе се борел против Србите, Бугарите и Грците, како што се борел и против Турците.

Нема што да ти биде мило, твојата теза ја постави исто онака “лево“ како и целата дискусија со мене.

Гоце бил дел од бугарските социјалистичките кружоци, кои во тоа време се залагале за социјални слободи на народот и тоа бил единствениот мотив.

Никаква допирна точка нема да најдеш меѓу неговото дејствување за Македонија и идеолошките принципи на левицата.

Ова ти е само очајно ловење во матно.

Поделбата на леви и десни во ВМРО, нема апсолутно никаква врска со соодветната поделба на лева и десна политичка идеологија.

Како ги категоризираше “десно ориентираните“ кои му служеле на Бугарскиот двор?

:pos2:

Ова беше врвот на твојата теза. Ваква плитка тенденциознот ретко се среќава.

:pos2:

За бидеш националист, неопходно е да бидеш патриот.
Штета, толку од сериозна дискусија, зеде да се клештиш на крајот, како децава на форумов.

Патриот -> Националист
А за овај дел би сакал да ми посочиш извор од кај го најде, се разбира само да не бидат твои тврдења.

Реално пробав преку практични примери да објаснам што нечини со твојата теза, но нормално е вака да заврши муебетот, кога немаш доволно аргументи, и правиш copy/paste од муабети кои некој ти ги дава.

И оваа тема влегува во севкупните дневно порачани дискусии за односите на ВМРО-СДСМ, кои гледам максимално да ги избегнувам.

Немам партиска определба и не секам да му помагам на никого, но ме испровоцира мудрувањето на Анти-пропаганда, кој со своите лицемерни постови пробува да шитка нешто што реално никој во Македонија не сака да го купи.

Јас инаку целосно живеам во согласност на слободата и индивидуализмот во моментов, затоа што лебот го вадам на слободен пазар во Македонија, па и во светот, каде постои огромна конкуренција.
Само од моите квалитети зависи колку пари ќе донесам дома.
Жена ми не е на работа, и најверојатно нема ни да биде во овој 'десно-ориентиран' систем на вредности во кој се вработуваат луѓе чие најголемо достигнување е членството во партијата.

И на крај моите лево ориентирани погледи се сведуват на тоа дека образованието и здравството мораат да бидат бесплатни и да се финансираат од буџетот и даноците. Само такво општество може да има подобра иднина.

Целосно ја поддржувам Демократијата, Слободниот пазар, Слободата на изразување и Секуларизмот на државата.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не ми оставаш друга опција освен да ти се посмеам, за неаргументираното дискутирање и плиткото етикетирање кое го правиш.

Уште ми бараш извор, а се обидуваш да дискутираш на тема национализам и патриотизам, со сомневање дека сум измислувал.
Нема потреба да измислувам нешто што е напишано, дефинирано како такво, само треба да си најдеш литература и да си почиташ.

Националниот идентитет/свест се манифестира преку патриотизмот и национализмот.

Разликата е што патритизмот е чувство, а национализмот е повеќе идеологија.

Се надевам правиш разлика помеѓу здрав национализам и деструктивен национализам и не дискутираме за екстремите туку за нивната појава во чиста форма.

П.С. За сериозните глупости подобро е да се насмеам, отколку да те сожалувам.:toe:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
levica i desnica se zabluda
sekoj e centar na svetot za sebe.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom