Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Единственото што сите го гледаме дека немаш одговор, а повторно го поставуваш прашањево подоле иако веќе ти е одговорено во мојата реплика преку конкретни факти.Ок, ок, гледам што се случува, со оглед дека ја пренасочи темата, очигледно е дека последно се отвараат се повеќе теми за да се демонизира левата идеологија и да инсталира десно ориентираната опција во Македонија.
Доколку се вратиш и навистина верно ме цитираш ќе прочиташ:Зошто не ми одоговори за ова, како бевме поробени, и што му успеа на социјализмот за педесетина години, што на Турците на пример не му успеа?
Минатиот режим и неговите карактеристики исто така функционираше како окупаторски јарем бидејки во себе не само што не инкорпорираше слобода и индивидуализам туку се темелеше врз принуда и колективизам.
Како секој окупаторски режим и минатиот режим се служеше со системот за совладување наречен раздели па владеј.
Бидејки беше левичарско уредување како систем ја казнуваше секоја појава на десната мисла.
Според ова може да се заклучи дека и социјалистичкиот период во кој живеел македонецот бил окупаторски.
Затоа не евоопшто чудно што за време на нашето осамостојување појавата на антикомунистите природно се поврза со борбата за вековниот сон на македонецот.
Тие што се бореа против социјализмот (левичарството) се бореа и за нашиот вековен идеал, самостојна македонска држава.
Не бевме видливо поробени, но не бевме ни слободни, ни самостојни.
Поинаку кажано, не бевме поробени, во класична смисла, ние бевме неслободни.
Значи повторно се обидуваш преку “кружен тек“ да ја заглавиш дискусијата.
Карактеристиките на ком.-соц. режимот ти се набројани во мојата претходна реплика.
И за време на Турско никој не ни бранел да бидеме Македонци, меѓутоа потребата да се биде слободен и да се создава, ги инспирираше и водеше Македонците во борба против Турците и цели 500 години не беа доволни за да го изморат Македонецот и да го натераат да се откаже од себе.
Социјализмот, преку прогонот на патриотите, националистите и сите оние кои одбија да се покорат на партијата, првин ги ИСЕЛИ истите нив, другиот дел го затвори, а третиот го следеше и прогонуваше преку полициски режим.
Социјализмот го скрши духот на Македонецот, го направи паразит, неспособен да одлучува за себе и секогаш во подредена улога.
Социјализмот ја потисна гордоста на Македонецот и вложуваше во нејзино занемарување, заменувајќи ја со општа Југословенска, со која бил и приморан да се идентинфикува народот.
Денеска сме поголеми навивачи за Српската и Хрватската репрезентација отколку Македонската, бидејќи неможеме (не сме навикнати) да се гордееме со нашата и полесно ни е да се идентификуваме со туѓото.
Истиот Социјализам ги покори во духот, Македонците, спремни да се откажат од сопственото име за неизвесна иднина, за празни ветувања.
Значи ако под Турско сме се бореле за слободна Македонија, сега од слободна Македонија (нашиов дел) се бориме за обезличување на истата, откажувајќи се покорно од идеалите на оние чија парола беше:
Македонија, за неа ние се бориме, за неа ние умираме.
Тоа е состојбата во која не доведе “левата“ мисла. И тоа за само 50 години.